Лига на Шампиони 2016/17

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
536
Поени од реакции
325
Neiskustvoto im presudi na meskov, ke gi dobieja za malku, seriozen tim stanuva meskov

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
На 3 минути пред крај,Остроушко му ги "искрши колената" на Гландорф,го прати по пченки и имаше мат позиција ама успеа да промаши т.е Андерсон му одбрани.После тоа потоп.Имаа 26-25 во тој момент.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
4.988
Какви ШАЛАБАЈЗЕРИ се Киелце сезонава чудо нешто :D
После РНЛ биле непредвидливи :D Рајн Некар барем ќе чукнеја некој од фаворитите, па ќе изгубеја од некој си...
Овие лани шампиони, оваа сезона се ЧИСТ ПРОСЕК, како прв пат да играат на терен тие седум души :pos: Во групата примат 40 гола од Вардар, губат од Целје, губат од Кристијанштад :pos:
Денес на полувреме водат со 4 разлика, во второ и со 5 имаат активен резултат кој го носи во 1/4 финале и ги снајде потоп, ги убија на контри :D
 

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
536
Поени од реакции
325
Koj ja gledase kielce utakmicata i kako, probav preku ehftv mi barase da se registriram

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Многу ми е мило што го изедоа од Монпеље.

Страшно одбивен тим ги направи Талант, играат убедливо најпрљаво, плачат ко пички кога губат.

Продолжува традицијата ланскиот шампион да отпадне во пораната нокаут фаза. :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.453
Добро е шо испаднаа Киелце,пак ако се извадеа со никаква игра како лани на Ф4 ќе беше премногу,реално немаа шо да понудат,Монпеље не е шогоде тим,си ја чекаа својата шанса,сепак 6 разлика да изгубат беше премногу.
Останатите мечеви очекувано,освен Мешков кој изненади,да играа вака дома ќе победеа сигурно и тогаш Фленсбург ќе мораше да брка резултат,а не да си го ладат.
Како и да е,добар фајт даде Мешков,прераснуваат во солидна екипа,со сериозни вложувања,еве за наредна сезона на местото на Џамали доаѓа Петар Џорџиќ од ленсбург,доста добар лев бек,таман со ОстроУШКО ќе бидат добар тандем,Кулак прерасна во топ плеј,ќе соберат уште некој во меѓувреме.ќе бидат опасни.
На крај сума сумарум овие 1/4 финалните мечеви како по некоја шема.
Барса-Кил како по некоја шема.
Е овде нема да има никаков попуст за Зебрите,нема шанси да поминат,со кој сака се кладам.
И да тепаат дома(а како ќе тепаат не знам)во Блау Грана има да јадат таква попара шо ќе заборават каде е излезот:icon_mrgr:
Доста им е на Кил,реално многу е од нив,редно време е да нема некој Германец во Келн,аман од нив:kuracc:
Едно знам,КИЛ НЕЧЕ ИГРАЧИ У КЕЛНУ:kuracc:
А за Фленсбург,видеЌемо.

Овде се е отворено,страшен потенцијал има на лагер Љубо Врањеш,според мене најкомплетната екипа,со најголема ротација.
Единствена мана е шо калкулираат со составот,претежно се насочени кон бундеслига,па ги штедат играчите,ако ги пупти сите играчи шо ги има на лагер во полна борбена опрема тогаш се тим за секој респект,покриени максимално на речиси сите позиции,освен на лев бек каде покриваат сите:pos:,иако Лауге Шмит си ја брка работата максимално,по потреба тука се и Готфридсон кој од анонимус стана играЧИШТЕ,за Мае да не прајме муабет,исто и за Томас Могесен,Гландорф добро позната хаубица,сеа се врати и Јохан Јакобсон на десен па ќе е повеќе одморен Гландорф,плус Џорџич на лев (ако затреба,топ има во раката овај)едноставно фул артилерија:pistoldz:
Ќе видиме,по традиција Вардар добро поминува со Швабите,или оди натаму или во тесни завршници испаѓа,како шо беше случајот со Магдебург пред 4 години,и со Фленсбург пред 3 години.
Ако начекаат некоја си ФЕРИЈА(вакум период кога Фленсбург со своите мисли ќе е насочен на некој важен меч во Бундеслига)ќе е гратис плус,Фленсбург со сите сили сезонава оди на Бундеслига,ако не се лажам никогаш немаат освоено,или одамна:icon_mrgr:,ако има некое дерби во тој период од 19-31 април тогаш повеќе од сигурно е дека Љубо ќе штеди некој од главните играчи.
Но ова не мора ништо да значи,ова се професионалци,плус освен неколку постари играчи како Гландорф,Хрчакот,Карлсон,па и Ласе Сван Фленсбург нема некој проблем со свежината,сите се млади и немаат гајле со кондицијата:icon_mrgr:
Како и да е,Вардар ќе мора да ја подигни својата игра на едно повисоко ниво,опасна задача ги чека,ако има нешто позитивно во тоа шо го добија Фленсбург за противник е тоа шо и Фленсбург сака трчање,отворен ракомет,не се некоја касапска екипа како Веспрем,Загреб па да те принудат на нивниот стил на игра.
Треба да е добар двомеч,мала предност за Вардар,најмногу заради тоа шо реваншот се игра во Јане.
Сепак Фленсбург е топ екипа и секое набивање на фаворитска улога би имало контра ефект.
Со Шваби и да сакаш не си фаворит,едноставно не си на чисто со нив никогаш.
Монпеље-Веспрем
Монпеље и во минатото даваше добри игри со касапите од Веспрем,би требало да е така и сега.
Солидна екипа,сеа со Порте на десен заедно со Доленец доста добија на техника на десната страна,тука се и Симоне и Гребиј кои се вратија од повреди,Фабрегас полека прераснува во опасен пикер,имаат доста добра екипа и можат да направат беља,посебно ако изиграат паметно на домашен терен,па по ист рецепт како со лузерите Киелце да играат на резултат во реваншот.
За Веспрем нема шо се дискутира,сезонава на мускули успеаа да се докопаат пак до целта.
Реално фаворити се за Ф4,и тоа големи,ама со игрите шо ги пружија тешко дека ќе го повторат ланскиот успех(или неуспех во нивниот случај):pos:
Сезонава се влечат некако,на стара слава,без доволна ротација,веќе прочитани се,а имаат преку 30 играчи на лагер,не знам зошто не играат Копљар и Анчин?
Сигурно не се до толку повредени за двајцата да се аут толку време,па сеа со Гулијаш да покриваат:pos:
За Слишковиќ да не прајме муабет,којзнае шо се случи со другарчето?Сигурно нешто сериозно е штом цела сезона е аут.
Смрди нешто таму,затоа така менуваат драстично,но имаат пара неброена и допрва со Врањеш ќе одат нагоре,страшен бекап имаат од цела држава.
Треба да поминат некако,на мускули.
И другиот МАЏАРСКИ тим Сегед тешка пара фрла,ама немаат воопшто среќа,налетаа на најјакиот можен противник моментално.
Реално против овај состав на ПЕ СЕ ЖЕ нема шо да бараат иако ќе изиграат добра партија,со Пастор нема лабаво,имаат добра момчад,само фалат некои нијанси,посебно во ротацијата на бековска линија,премалку ги користи Бодо,Бунтиќ,а доста корисни играчи можат да бидат,цел товар е на Скубе,Горбок(ГЛАВЕН Е)и ЖОЛТ БАЛОГ:icon_mrgr:
И ПСЖ има слабости,посебно со екипи кои трчаат доста,шо диктираат темпо,па не се семоќни,ама сепак во двомеч нема шанси да испаднат.
Заклучок:Барса,ПЕ СЕ ЖЕ,Веспрем и Вардар/Фленсбург во Келн,видечемо.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Уствари Вардав највеќе треба да стравува од стариот вампир на голот на Фленс,се надевам дека ќе има слаб двомеч, инаку биче свашта
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.453
КОЈ ЌЕ СЕ ЧЕКИРА ВО КЕЛН?:icon_mrgr:
Да не се повторувам.
Барса ИН.
ПЕ СЕ ЖЕ ИН
Веспрем ако е сериозен оди секако,иако Монпеље не се за фрлање,знаат да направат беља,сепак Веспрем е сеуште пресериозен тим за да не искористи предност што ревашнот го игра дома,ќе има фајт ама треба да одат понатаму.
Битката ќе се бие на северот на Њемачка:duel:.
ПРОВИНЦИЈАЛЦИТЕ ОД ФЛЕНСБУРГ или како шо кај нас е модерно КЛУБОТ ОД ВНАТРЕШНОСТА:kuracc: версус КЛУБОТ ОД МЕТРОПЛАТА НА :oeoeoe::kruna:
Не е во форма Фленсбург о послендо време,ова треба да го искористат дечките од метрополата.
Го изгубија катастрофално финалето на купот на Германија,од рековалесцнтниот состав на Кил,и тоа како го сркнаа.
Наредната седмица уште еден студен туш,во нивната најважна битка сезонава,Бундеслига,примија 34 комада од Фуше Берлин и сеа некако не е толку сигурна титулата како шо беше пред некоја недела.
Падна формата баш во моментите кога треба да се пробие фронтот.
Ова му оди во корист на Вардар,грогиран противник со мисли на два фронта,за разлика од Вардар кој доби шамар(ЧЕ) од Металург во лига па неочекувано потоа лесно си ја освои СЕХА,и сеа одморен го чека расплетот во ЛШ.
Реално екипите се тука некаде,50-50 % се шансите,за Фленсбург не треба да се трошат зборови,сите знаат кој игра таму,и како игра.
Малку Љубо калкулира со ростерот,не ги користи сите тие главни играчи,можеби и намерно ги чува за завршницата.
Фленсбург навидум е НАЈЛЕСЕН ПРОТИВНИК од сите тие големи имиња ама се најопасни,зошто имаат над 16 ЛУДАЦИ во екипа кои во секој момент можат да изиграат меч на кариера.
Непредидливи се многу,и самите резултати сезонава говорат за ова,победа од 10 разлика среде Шпаркасе Арена,победа во Манхајм против РНЛ,10 разлика во купот такоџе со РНЛ,а знаеа дома да изгубат непланирани бодови.
Страшен ростер имаат,на секоја позиција се покриени максимално,не знаеш кој ќе расплаи,нападот им е појјак дел од тимот,нормално е кога имаш играчи како Лауге,Могесен,Готфридсон,Мае,Јакобсон,и секако првата ХАУБИЦА Гландорф на бек,итн,итн,да не ги редам сите тие Германско-Скандинавски лудаци од ракометари,се зависи од одбраната,ако успеат да го вклучат во мечот стариот вештер Матијас Андерсон ќе бидат опасни,ако не се разбрани вештерот тоа е полна капа за Вардар.
Видечемо,по традиција Вардар и Фленсбург играат тврди мечеви,рововски,со многу тактика и надмудрување,горе долу Фленсбург има сличен состав од оној пред 3 сезони кога успеа да се извади од бездната во Скопје,Вардар од друга страна со речиси повеќе од половина изменет ростер ќе си ја проба среќата.
Реално се зависи од првиот меч,доколку Вардар извади добар резултат мислам дека нема да ја прокоцка шансата во Скопје,без разлика шо Сам почна да паничи предвреме за некои си местенки,судиски кражби и слично,барем Самс не е имун на вакви работи:pipi:
Нормално се зависи и од Фленсбург,со каков гард ќе влезат тие во двомечот,ќе се види уште денес.
Фленсбург игра далеку подобро сезонава на тие мечеви каде не примаше над 27,28 гола,на сите тие мечеви на кои дозволуваше многу голови лошо поминаа,а ако влезат во таква игра со Вардар нема шо да бараат.
Стритно за денешната текма, мислам дека Фленс ќе добие со некој минималец од 1-3 разлика.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
8.332
Како побогу Борко брани во Барселона?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
D

dagau

Гостин
Los vlez vo natprevarot imaa Barselona, no evidentno e deka se pokvalitetni na sekoja pozicija osven golmanskata i mnogu polesno stignuvaat do gol. Ne gledam kako ovoj Kil bi se izvlekol pod 5,6 razlika vo revansot.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.059
Поени од реакции
5.564
Како побогу Борко брани во Барселона?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ај што фати само три топки, ама имаше еден момент кај што се намести да му одбрани на Екберг и мислам дека едно добри 90% од голот остави отворен. Буквално како да брани од вчера.
 
Последно уредено:

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
@Tomasino дај бре човек кажи нешто после победава вчера, дај пиши еден долг пост, со мерак да те прочитаме...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.453
Не ја гледав текмата,само на почеток,после влегоа Тврдокорните кај шо влегоа :boksix:и се префрлив со вниманието:гик:
Како и да е,исто како да сум ја гледал,резултатот говори се,сосема заслужено,нема шо да с образлага дополнително.
Браво за Вардар,стандардно добри си ја изиграа сезоната(so far),3 победи од 4 дуели со најдобрите Германски екипи,и тоа две на гости е голема работа.
Заслужено се во Келн,срамота ќе беше да не се пласираат,посебно по она шо го прикажаа на првиот дуел,требаше светско чудо да се случи за да испаднат
Реално немаше сила Фленсбург за да парира на овај Вардар,пишав и претходно по темите,да не се повторувам,во страшна криза се,нема да ме чуди и титулата да ја изгубат во Бундеслига
Но тоа е нивни проблем,реално со таква игра и да беше се во ред тешко дека ќе го поминеа Вардар кој ги чекаше одморен,све,два месеци се спремаа само за овој дуел,со исклучок на две појјаки утакмици во СЕХА и тој пораз од Металург во лигата каде реално ептен потфрлија и ќе треба доста дома да потврдат дека тоа било само лош ден.
Сега да се види како ќе изгледа тој ф4.
ПСЖ е сигурен таму,нема дилеми.
Барса разочара со Кил,очај беа,Борко муви бркаше цела текма,едноставно нема понестабилен голман од него,во цела ЛШ.
Ќе треба доста напор да вложи Барса за да оди понатаму,но мислам дека ќе се средат денес и на свое буниште ќе ги рашлапаат Швабите.
И редно е веќе,конечно еден Ф4 да помини без тие скапани Германци,аман више од нив:kuracc:
И на крај,можеби најОТВОРЕН ДУЕЛ е оној во Монпеље.
Веспрем не блеска,за разлика од лани кога беа далеку поканстатни,тешко ќе оди.
Единствено имаат предност шо имаат преголемо искуство акумулирано во ростерот па да ги фатат на нервоза Французите,Монпеље е млада екипа,која нема такви играчи како Маџарите:icon_mrgr:,кои знаат да ја НАГАЗАТ ТОПКАТА,да спуштат ритам,пак треба да е некоја досадна текма,со малку голови,не им одговара на Маџарите побрза утакмица,со многу трчање,имаат многу измени одбрана-напад :sakasuste:ШУЧ-ТЕРЗИЌ:sakasuste::boksix:
Ќе има овде фајт,треба да има доста тензија и добар ракомет,јаки екипи,добри голмани.
Би требало Веспрем да има некоја мала предност и да се провлечи до Келн,па да видиме дали ја научиле ланската лекција.:kuracc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom