Шо ти е кога имаш ГОЛМАН,и која е разликата кога го имаш Борко?
Ги уништи Перез де факинг Варгас,страшно нешто,ги уби во психа.10ина чисти зицери скина.
И покрај слабата игра на Барса во напад пак 5 тепаа
Очај Кил,освен Вујин другите како да не постоеа,без Кркмата не се ни пола екипа,треба еден солиден ремонт таму.
Немаше почист кец од Барса вчера,реков јас и кога се дозна ждрепката,нема шо да бара Кил овде,лани за лани,ги потцени Барса па искористија,ама сеа со ваков крпен состав немаше шанси во Блауграна,посебно не со онаа одбрана на Барса,не беше само Де Варгас,страшна одбрана изиграа Морос,Сораиндо,искинаа едноставно.
Заслужено Барса е во Келн,најстабилна екипа откако се игра ЛШ од понова ера, 27,28 години,9 титули,еден куп финалиња,едноставно поим за екипа.
Ете сеа се повреди Ласе Андерсен и одма најдоа замена,Антонио Расија Робледо од Колдинг како засилување за тој ростер,не оставаат ништо на случајноста.
Екипа институција,кој сака нека зборува против,ама едноставно се екипа за секој респект и поставија стандарди кои тешко можат да бидат достигнати,дури и Кил не е достоен да се носи со нив,иако и тие имаат долгодецениско педигре,но сепак олеснувачка околност за Кил е шо играат во 3пати потешка лига,и имаат доста повеќе работа да се докопаат до спонзори за разлика од Барса која СРКА ПАРИ ОД ФУДБАЛСКАТА СЕКЦИЈА и нема да има никогаш зима за нив,иако по статистика ако не се лажам не се ни во ТОП 3 екипи во Европа според буџет,ПСЖ,Кил се на врвот со +10 милиони еурича.
Навистина ќе беше штета да не оди Барса на Ф4.
Без нив не е тоа тоа,без разлика шо не се на она шампионско ниво од пред две сезони но сеуште се многу јака екипа.
Едноставно премногу ги погоди тогаш заминувањето на Карабатакот иначе ќе газеа се пред себе ако останеа во ист состав,пола екипа им беше Карабатакот,таман влегоа во ритам го шитнаа и ја изгубија цела таа сила и во напад и одбрана,едноставно незаменлив беше,заедно со Сораиндо,Морос во одбрана,во напад со Дани и Киро,партали праеја.
Сеа некако изгубија во таа сигурност во напад,имаат пуцачи ама немаат некој лидер кој ќе повлечи,Киро ако има ден со шутеви надвор од 9,ама ако го прочитаат голманите тогаш настануваат проблемите,Нгсеан полека се навикнува на тој ритам,далеку попродуктивен е од Жалуз ака ДАРТ МАУЛ
.
Жалуз има се,и скок,и добар шут,и физикус,ама џабе кога нема УМ,за разлика од него Нгесан далеку повеќе размислува и знае да ја чита играта на одбраната,има сенс за пас,вчера додавањето до Ривера во прво беше за учебниците,лекција КАКО ДА НАПРАВИШ ВИШОК ПРИ ИГРАЧ ПЛУС ВО НАПАД,перверзија.
Видечемо,зависи на кој ќе налета Барса во 1/2 финале,не им одговара Вардар,Раул предобро ги знае,ќе имаат мака со Вардар ако налетаат во тој прв ден од турнирот.
И ПСЖ не им одговара многу,но тие се лесно предвидливи,плус играат некој лесно прочитлив ракомет,Нока е тренер од стара школа,и не се замара многу со некои си тактика,се се сведува на чисто реплицирање од онаа тактика шо ја имаше во Кил пред 15ина години-Висландер пикер,надвор Ловгрен-Олсен,и тоа беше,ЧЕКАН.
И сеа е исто,само шо сега има далеку повеќе ЧЕКАНИ ВО ЕКИПАТА,играчи со милион злата,сребра,бронзи во џепот,страшно искусна екипа,најискусна екипа на турнирот и можеби ова ќе е пресудно.
Но се зависи од стариот,и лани беа фаворити со Киелце,водеа во прво,но во второ стариот се изгуби и испаднаа,го извади од игра Хансен и се случи тоа шо се случи.
Видечемо,вака од око прв фаворит за титула е ПСЖ,па потоа сите останати,но ова не мора ништо да значи.
Вардар има многу јака екипа,пред се гладна за успеси,затоа што досега освен Штербик,Кањелас,Дибиров и Шишкарев кога играа една сезона на Ф4 со Медведите ниту еден играч нема играно на толку важен турнир,едноставно ова е врвот.
Сепак тоа шо немаат искуство не мора ништо да значи,сепак ова е турнирски систем,не си стигнал ти дотука ако не те бива.
Се зависи од тоа како ќе се снајдат екипите,која екипа подобро ќе се прилагоди во тој краток период ќе има успех,исто како шо беше со Фленсбург и Киелце кои од нигде никаде освоија,а никој не ги есапеше
Да видиме денес дали Веспрем ќе се приклучи кон елитата или ќе си ги спакуваат куферчињата,искрено далеку повеќе заслужува Веспрем да оди во 1/2 финале отколку Монпеље,но со игрите кои ги прикажаа сезонава не е така,но според она шо имаат да го понудат како екипа реално тие треба да се во Келн иако ќе имаат голема мака со Монпеље,опасна екипа има Монпеље,страшен тренер,клуб со огромна традиција,институција во Франција,но сепак повеќе ќе одговара Веспрем да се провлечи,да видиме туча,без Шуч и Терзиќ нема да е интересно
.
Иако веќе станаа досадни,со таа касапска игра,но сепак местото им на Ф4,да го комплетираат тој круг од четири екипи кои реално и беа очекувани патници за завршницата.
Па да е судир на Истокот и Западот.
Моја прогноза за полуфиалните мечеви е Барса-Псж и Вардар-Веспрем.