Лига на Шампиони 2016/17

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Дали ги гледаше последните 5 мин од Мешков-Загреб....чиста мештаљка.
Познато сценарио,по којзнае кој пат иста приказна.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.756
Познато сценарио,по којзнае кој пат иста приказна.
Хаха како левиот бек АПЛА одеше на пробивање.
Која среќа шо се откажав иначе ке се полакомев ке ги играв нив и Вардар ,гарант ке ставев многу .....две утакмици коеф 3,30
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Не издржа Мешков до крај, штета. „Нишалката“ во второ натежна на крај кај швабите.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Со овие новиве правила секој втор минимален контакт е пробивање. Да ти се одгледа ракомет. :tapp:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Викенд на ДАВИД ВЕРСУС ГОЛИЈАТ
Речиси сите утакмици се со префиксот ЗИЦЕРИ.
Веспрем-Висла
Овде секој резултат освен победа на Веспрем е изненадување,Висла има опасна екипа,посебно се заебани кога се ОТПИШАНИ,го виде тоа Кил најдобро,twice:sekcza:,исто и Веспрем во Плок од готово вереисија напрај.
Против таква екипа која во своите редови има такви опасни мултискил бекови како Дуарте,Тарабокиа,Житников,па и Шиме Ивиќ се изделка се напрај добар потенцијал,исто и Толедо,опасни копиљаци кои знаат со топка,дуел игра,влез,се имаат + Гебала браќата,Роча на линија,крила како Ѓонеа,Дашек, се,многу јака екипа,и сериозна,имаат потенцијал за наредна сезона.
Не би требало Веспрем пак да се изглупира,премногу киксови имаат дома,нетипично за нив,толку бодови дома како годинава не изгубиле во изминатите неколку сезони.
Треба да е прилично лесна победа за Веспрем.
Кил-Силкеборг
Овде не би требало да има некоја глупост,треба да е лаганица за Кил,иако како стојат работите Кил ќе е 5ти,со оглед дека Фленсбург има сигурни 2 бода од дуелот со Шафхаузен,а и да имаат исто бодови Фленсбург има подобра меѓусебна гол разлика од Кил,па така Кил ќе оди во 1/ 8 финале најверојатно или на Киелце или на РНЛ,шо за нив не е лоша опција,со оглед на се.
Ако се комплетираат овие недели,да се врати Вајнхолд,ете полека Дисинџер да фати ритам ќе бидат опасна екипа и се бива со нив,не смеат да се отпишат,посебно не во дуел со нивните стари другари од Бундеслигата,најголемата шалабајзерска банда некогаш составена РНЛ:pipi:,а посебно со оние циркузанти на Киелце,тие за грев се:pos:
Данците од друга страна со поразот во Плок речиси се отпишани од шансите за понатаму,се чека само потврда.
Вардар-Цеље
Се освен победа на Вардар ќе е сензација,иако оние лудаци на Бранко Тамше се најопасни кога ќе ги потценат.
Тие се како Данците,Норвежаните,играат иста игра со сите,ако помини арно,ако начекаат слаба одбрана знаат да бидат многу опасни,имаат солидни техничари,пред се Миха Глувчето,на овај пигмеец треба да се внимава,најтешки за чување се ваквите мали,брзи играчи кои имаат страшно брза промена на правец,брз прв чекор,посебно ако одат низ средина многу тешко за бранење е ако играчи по 2 метра кои се спори на нозе треба да чуваат 20см понизок играч,затоа Вардар имаше големо проблеми со Стас Хобитот Скубе во прво,преголем простор се оставаше за игра еден на еден и овај лесно или ги претрчуваше Абутовиќ ,Кањелас,Марсениќ,Кањелас ДЕДОТО или биеше во трк,потоа во второ се стегна таа средина,Хобитот немаше простор за игра и се беше полесно..
Ако успее Вардар да го затвори Глувчето треба да има полесна задача,со оглед дека Цеље нема некои јаки пикери како тие на Сегед,иако знаат и Потеко и Беќири да закуцаат,ама не се такво ниво како Бахниди и Габер,па полесно треба да се справи Вардар со пикерите,доста често ја бараат линијата,посебно кога се под пасивен напад,немаат идеја,се губат во тие моменти,со оглед дека немаат некои си бекови,Мачковшек и Млакар играат колку ќе им дозволиш,не се константни воопшто,знаат да закуцаат по 7, 8 комада,а ако не отворат добро ќе ги снема,па ќе ги ротира Тамше,Јанц на десен ќе оди,а на негово место на десно крило оди Маргуч Џуниор,бековите се најголем проблем,немаат голема ротација,се се базира на тие индидуални технички квалитети на Глувчето,Јанц.
Важна алка е и Лука Жвижеј,многу голем придонес има овај во целата таа игра,и во одбрана и во напад.
Не би требало да има проблеми за Вардар,и самите во клубот знаат дека овие 2 меча на домашен теренс е финале,нема да се избрукаат да изгубат бодови со најслабите екипи во групата,па потоа ако не кикснат некаде шалабазерите тој меч во Брест да е најважен за прво место,голем е влогот,прво место и избегнување во 1/4 финале на екипи како ПСЖ,Барса не е мала работа.
ППД Загреб-Кристианстад
Овде мислам дека е ЗИЦЕРОТ НА ДЕНОТ,се освен победа на плинарите (и тоа барем со 3,4 парчиња)ќе е огромно изненадување.
Секој меч до крај за Загреб е финале,со победа со Швеѓаните се изедначуваат со Цеље и ќе ги прескокнат Швеѓаните,па потоа во нареден меч со Цеље,пак дома да решаваат кој е кој.
Реално Цеље ако не се повампират со РНЛ тешко дека ќе освојат барем бод до крај,истото важи за Швеѓаните,се е во рацете на Загреб.
Освоија голем бод во Брест,полека екипа почнува да игра како треба,многу значеше тоа враќање на Павловиќ,сосема друга екипа се сега,да беше Шебе во екипа ќе беа каде каде подобри,вака само со Миклавчич како левак не оди,е не стабилен играч тој,не е шутер како Шебе,сепак ако е Мандалиниќ во елемент+тие средни бекови на нивоУ заедно со одбраната,крилата,пикерите нема да има проблем.
КЕЦ КАО КУЧА(екс Лаборал во кошарка):icon_mrgr:
ПСЖ-Кадетен
Ревијален меч за Парижаните,колку да се спреми екипата за понатаму,во средата имаа непријатен ден по поразот во купот од Монпеље,редовно си ги шлапа макар еднаш годишно Монпеље,дали во едниот или другиот куп,дали местат или немаат мотивација па не се замараат со тие куповите е интересна работа,но сепак доказ дека тој јаз меѓу ПСЖ и екипи како Нант,Монпеље не е толку голем,опасни екипи се овие,со буџети од над 7 милиони евра.
Недела
Две добри текми на програмата
Киелце-Сегед
Овде се е можно,со оглед на слабата форма на Киелце,сепак мала предност имаат,само заради домашен терен и некоја си евентуална помош од судиите.
Иначе отворен меч,Сегед растеретен е поопасен,посебно во гости подобри изданија имаа,и тие гледаат своја шанса за тоа трето место,со некојси бод(ови) од Полска и Манхајм и победа над Загреб дома да фатат барем трето место,ама тешко ќе оди,сите три меча им се многу тешки.
Киелце пак со победа речиси е сигурно трет во група,до крај одат имаат лесен распоред затоа што дома играат со Брест а во гости со Кристианстад,викам ЛЕСЕН,но како играат можат да изгубат и на вие утакмици,едноставно одбраната им е криминал.
Ако не успеат да најдат некое чаре лошо ќе поминат,премногу се килави во одбрана,иако не би требало да е така,имаат играчи за одбрана,Чкрапковски,Јурецки,ама тоа остуство на Кус и Јуркевиќ ги прави послаби,не дека и со нив беа нешто посебно,34 комада примија од РНЛ дома,40ка со кромид во Скопје:pos:
Ги измеша лонците Талант сезонава,изгледа и среќата му се потроши,како играат тешко дека ќе се докопаат до Ф4,иако и овие како и Кил не смеат да се отпишат,најопасни се ваквите екипи во тие нокаут мечеви,доказ ланскиот Ф4.
И можеби супер дербито на колото
Барса-Фленсбург
Овде треба да е некоја полесна победа за Барса,од причина шо Фленсбург имаше две тешки утакмици недела,играа со ПСЖ и изубија несреќно на крај,и имаат посериозен меч со јака екипа во лига во средата,прилично лесно тепаа на крај,но Хановер покажа заби и ги намачи малку децата на Љубо.
Од таа причина тешко дека ќе издржат цел меч без пад во Блау Грана,но со оглед дека претежно се млади повеќето не би требало да има некој таков ефект,но сепак,Барса на гости е многу тешко да се добие,посебно ако Борко има ден:pos:
Треба да е интересен меч,со повеќе голови,некоја победа на Барса од 2-5 гола на крај
ЛШ ДЕВОЈКЕ:цицки:
СУПЕР ДЕРБИ ВО СКОПЈЕ
Вардар версус Будучност
Како игра Будучност овде ќе има шлапање на велико,ќе наплати Вардар за сите тие порази,елиминации и се по список.
Очигледно е дека е пукната на големо тиквата во Будучност,само се чека да се доигра сезоната и да раскрстат со едно поглавје,и да започнат ново,со помлади ракометарки.
Овде треба да има солиден генг-бенг,и солена разлика за АЈМО ДЕВОЈКЕ.
Уште две многу важи утакмици има.
ФТЦ-Мец
Победникот овде е најверојатно втор,посебно важи за ФТЦ,како играат Маџарките изгледа ќе си тепаат дома,но Мец не смее да се потцени,многу јак тим,интересна текма за гледање е оваа.
Ларвик-ЦСМ
Дерби во другата група,победникот речиси сигурно оди во 1/4 финале,а зошто да не и второ место,како се израмнети со бодовите се е можно таму,од 2-4 позиција сите опции се отворени.
Треба да е и оваа многу добра утакмица,вистинско дерби на две јаки екипи.
 
C

Castiel

Гостин
Кил....:facepalm: Голманов на Силкеборг ги откажа комплетно. Каков натпревар има :cuc::cuc:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Никој не спомна дека вчера Цеље ги прегазија Рајн Некар.. Со ваков резултат, на Вардар му е потребна само 1 победа во преостанатите 2 утакмици за да биде загарантирано прво место во групата..
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Шу праат момчадите на Вардар бе пеер?:D
Ај некако за мажите очекувано беше дека тешко ќе оди,сепак Брест е жежок терен,Мешков пролетва игра многу добро,стабилно,европски.
Опасен тим,Кристопанс толчи два правци 60 минути:sakasuste:,лево еден од Џамали или ОстроУШКО(шо ќе го "земаа "во Зомимак):ROFLMAO::pos:редовно имаат ден,плус на плеј Кулак,вистинско откритие е детево,класа плеј,колкава леснотија има во играта,како да е најлесна работа на светот,многу интелегентен играч,плус и Пешиќ искина.
Вардар слаб,непрепознатлив,сепак не е страшно,и така ЛУДА Е ГРУПАТА,:icon_lol:ќе го демолираат сеа Кристианстад дома и мишн акомплишд.
Само за 1/4 финале во април ќе треба да се опаметат,зошто против Фленсбург,Веспрем слаба игра нема да се толерира,па и со Кил.
Видечемо,речиси 1и пол месец Вардар ќе е без јаки утакмици,како ќе се одрази сето ова на екипата е многу важно прашање.
За АЈМО ДЕВОЈКЕ не е потребен коментар,истото шо им се случи на Будучност сеа како бумеранг се префрли КОД ДЕВОЈКЕ.
Страшно нешто,не ја гледав текмата,ама резулататот се кажува,можам да замислам каков телетабиси ракомет понудиле Јока и колешките:pipi:.
Реков и кога играа со Мец,страшна екипа имаат Французинките,и ако имаат малку подобра концентрација на гости ќе беа доста подобри.
Сепак и покрај се и овие два порази не се страшни толку,од другаа група е важно единствено да се избегне Ѓер,а и Ларвик гази во последно време,изгледа полека се враќа Ларвик на голема врата,можеби и неочекувано за многумина,посебно по тие шокантни два порази од Крим во првата група,сеа играат најдобар ракомет во светот ЖЕНИ БЕ:pos:
ЦСМ е исто непосакувана ждрепка,најдобра опција би била Митјиланд,сепак Стине Јоргенсен не е Суперменка па 30 гола да дава по текма,видечемо има време.
Другите утакмици не ме изненадуваат,ниту поразот на РНЛ,знаев дека ќе заебат едно од тие две ДЕМЕК ЛЕСНИ ГОСТУВАЊА,а Киелце уште еднаш покажа дека е НАЈПАЦЕРСКИ ТИМ МЕЃУ ГИГАНТИТЕ,толку нестабилен тим нема,лудаци класични.
Другата недела е разврската во група Б,3 важни меча ,Вардар за прво место,Киелце-Сегед за 3то,и ОЛД ФИРМ ДЕРБИТО помеѓу Загреб и Цеље.:pistoldz:
Во другата група речиси се е решено,ако тепа Барса со лузерите Кил,а ваљда ќе тепа како стојат работите само рутина ќе е последното коло.
Единствено интересна е таа борба помеѓу Силкеборг и Висла,вака така Силкеборг од втор план ќе си оди во 1/8 финале,добиваат речиси сигурно со Кадетите,а Висла ќе сркни салам попара во Блауграна,така да :kuracc:,штета за Висла,ама сами си се криви,изгубија 9 разлика во Данска,изгубија во Швицарска,И СЕА ШО,КАКО ЧЕ ОДАТ ТИЕ ВО 1/8 ФИНАЛЕ?НИКАКО:kuracc:[DOUBLEPOST=1488781617][/DOUBLEPOST]Кил:pos:
КОЈА БАГРА ОД ЕКИПА,никаде ги нема со Висла,Силкеборг,едвај со Кадетен дома тепаа,а на крај најдобрите претстави ги имаа со најјаките екипи во групата,ја намачија Барса во Блауграна,го тепа ПЕ СЕЖЕ,еве и вчера ќе тепаа за малце.
Дали со другите немаа/т мотивација?Или премногу лежерно влегуваат во дуелите,нешто има.
Другите го користат ова и си ги работат ко бавча.
Иако и Барса вчера премногу дупки имаше во одбрана,посебно во второ кога дозволија премногу лесни голови,без Дувњак на среден Кил од -3 отиде на +2,за само 7,8 минути,го разиграа Вујин тикварот и за малку скапо ќе платеа,на крај ги извади таа 5-1 истурена зона шо ја пробаа,да го отсечат бековскиот дел од крилата и пикерот,иначе готова беше Барса,Кил апсолутно си го заслужи бодот,на кај можеби најреален е резултатот,и двете екипи имаа свои моменти..
Билик опасен копиљак,нема страв од ништо,треба да се изделка во добар пуцач,исто и Лукас Нилсон,каков преглед на игра има овај:drk:,страшно нешто,едно 10 ина топки на тацна вчера додели,опасен играч,многу интелегентен.
Сантос,кој циркузант,си мисли овај со Чешка игра:pos:,ја ПРЕКРШИ текмата,исто и со Силкеброг заедно со Винчек беа ГЛАВНИТЕ ЕБАЧИ НА РЕЗУЛТАТОТ:гик:,кој ги прелажа Кил да го земат овај не знам,АВСТРИСКИОТ НИГЕР:icon_mrgr:
Кркмата не беше на нивоУ,повеќе се замараше во одбрана да ишлапа некој отколку да шутира во напад,а како шо немаше ден Де Варгас можеше доста добра претсава да има.
Како и да е,Кил вака така можеби има и вин ситуација,со оглед дека од другата група ќе оди или на Киелце или на Сегед,екипи со кои и тоа како има шанса,па можеби ќе изненадат,посебно ако се вратат дотогаш Вајнхолд и Дисинџер да добива барем уште по 10ина минути во напад.
Барса ме разочара,освен на почеток кога навистина делуваа добро,после се некако беше насила,иако правеа ситуации за гол,посебно во прво,ама премногу пенали промашија(и судиите ептен ПЕДАНТИ,секакви работи шо во пракса не се судат ги судеа,за на крај да имаат неколку грешки кои можеби ги скршија резултатот,посебно тој претпоследен напад на Кил кога имаше фаул врз Брозовиќ,имаше на неколку пати чисти чекори од Вујин тикварот.)
Ако не беше Киро вчера печени беа да изгубат,тој беше детето за се,и топки делеше,и шутираше,топката беше најстабилна кај него,освен на почеток кога Жалуз имаше неколку добри акции,во второ се изгуби чоколадниот,па кога беа во иста постава со Мем и Раул:pos:,не е ни чудо шо минути гол не дадоа, ништо посебно не видовме од Барса,ниту Ласе се виде,Раул Ентрериос колку е паднат во форма,страшно нешто:shook:,од МВП на минатото ЕП до ова дереџе.
Очајно фали на оваа Барса еден јак плеј,како Дани Сармиенто,некој кој би ја разиграл како треба,да не мора Киро да се мачи за се,дали да бара шут,или да оди на пас до крило или пикер.
И кога сме кај Киро,јас не знам шо прават тие во ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ :icon_mrgr:во Барса,ејјј на Киро не му продолжуваат договор,јас сум сигурен дека на Киро прва опција му беше Барса,ама ете не се договорија,Доленец СТАКЛЕНИОТ ЌЕ ИГРАЛ,да,да нема грешка.:pos:,Киро во споредба со Доленец е величина,ако е постар речиси 1 години,ни патиките не е достоен да му ги носи Јуре:kuracc:
Киро со вакво темпо уште неколку години ќе гази низ терените,а сеа во Нант со оние соиграчи како Ниокас,Клер,Балагуер,Клајн сигурно ќе има со кого да игра.
Кога сум кај Нант,вчера рутински низ Шпанија,имаа проблеми на почеток,40 и кусур минути се мачеа,но на крај на кондиција ги одуваа Шпанците,страшна екипа има тренерот АНТ,ако продолжат вака ќе имаат шанси и за титула во Франција,зошто да не.
Во другиот бараж Монпеље потврди фаворитска улога,веќе е сигурно ќе има една Француска екипа во 1/4 финале.
Псж ќе игра со еден од Французите во 1/8 финале шо за нив е заебано,сепак премногу се познаваат меѓусебе,ќе видат мака.
Изгубија 7 разлика во Нант во лигата,изгубија 6 во купот пред една недела од Монпеље,значи ранливи се,заебано ќе е ако не ја подигнат формата.
А и шалабајзерите РНЛ со онаква криминална игра ќе видат мака во 1/8 финале,опасен квалитет имаат Французите,можеби за ТОП 10,сигурно не за лузерските групи.
Интересна борба ќе има од четврток до недела:duel:
 
Последно уредено:
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
најголемиот страм во историјата на ракометот..Загреб цела минута има последен напад..Белорусиве ебати судиите неписмени најголемо крадење го направија цела утакмица што е можно се дадоа за Загреб..секој напад им траеше по 1 минута никако да им земат топка или пасивен напад да дигнат..затоа ракометов ќе оди уште надоле од вакви смрденици што ги имаат
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Сега Вардар да изгуби и да ги заебе Загреб. :ROFLMAO:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Која беда се Кил сезонава, жал ме фаќа ова што им го прави ПСЖ. :sekc:
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.069
Поени од реакции
11.047
Ми изгледа на местенка за 2ка, ништо не играат.На 2 разлика се доближа Кристијанстад.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Абе еднаш и ние да подариме бодови. Нека се радуваат децата.[DOUBLEPOST=1489341738][/DOUBLEPOST]Требаше да им ја пуштат, греота луѓето поминаа толку пат и сега тажни ќе си одат.
Туку, сега ненормална среќа да имаат и да се падне Мешков ауу.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985


ПСЖ и Барселона ми изгледаат сигурни за на Ф4, Вардар ќе бара одмазда против Фленсбург најверојатно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom