Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Му се заблагодари овој на пресот. Не изгледаше баш среќен за тоа дека требаше да се заблагодарува, ама не изгледаше и како некој шо има избор.
Не е негова работа да биде среќен, туку да биде гневен, има сметки за раскусурување. А Димитар ако му пречи, негов проблем.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.739

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Ако ми веруете не знам шо попрво да пишам у темава.

САМО ЛЕВИЦА ЌЕ ГО ПОНИШТИ ИМЕТО СЕВЕРНА !!!

Сите што ќе гласате следен пат освен за Левица сте СЕВЕРЏАНИ ПРЕДАВНИЦИ!
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Во право си, нема избор.
1. Северна
2. Преспански
3. Една изборна
Da zeme Levica 20 pratenika, i te kako ke se ispolnat ovie raboti, sekoja partija bez razlika dali e Sds ili Vmro ke mora da mu pusi na Apasiev za da bide koalicija..
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Некако викаме да ги кутниме двеве без избори, на улица ферски.
Левица дојде до некаква власт, на локално ниво, со гол популизам. Го сервира она кое граѓаните сакаат да го слушнат. Што доста смело и паметно.

Пасивноста на Дпмне ја искористи за да го продава патриотскиот амбиент. Од Сдссм искористи дел од идеолошкиот наратив.

Дополнително целата состојба е зачинета со редовни провокации на социјалните мрежи од Апасиев, кои поради вниманието кое им го посветуваат овие партии, стануваат дел од дневните политички рубрики, а со тоа му носат и популарност.

Не треба да биде проблем соработката Дпмне-АА/А-Левица. Тука ќе се види политичката зрелост за сороботка на овие три партии, кои реално и можат да формираат Влада на наредните парламентарни избори. Ова ќе биде тест и за Левица, не само поради тоа што е во коалиција со партија која долго ја критикуваа, партија идеолошки многу далечна, туку и затоа што сега имаат одредена власт каде се очекува реализација на ветувањата, која лесно може да тргне и удолу низ брдото.

Треба поголема децентрализација со самата партија. Им треба кадровска политика, им требаат програми и им требаат финансии ако сакаат да бидат голем и моќен политички ентитет во државава. Само брза и кратка историска белешка: и Лдп беше силна партија, а денес со Дом имаат заедно 22К гласови и се привезок партија.

Големите риби ги јадат малите риби. Така е во бизнис секторот, така е и во политиката. :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524

Ако Левица остане да делува сама без никаква коалиција ќе имаат многу поголем успех. Тоа е и причината зашто луѓето почнаа да гласаат за нив, затоа што им е доста од сдс и дпне.
Баш како што викаш, лдп била силна партија ама почнала една коалиција, втора и членството што порано било лдп подоцна поминало во сдс или дпне. Ваљда ова ќе им биде поука на Левица и Апасиев.
 
Левица, сама, никогаш нема да состои влада. Тоа го имаше Сдссм (мислам дека тогаш опозицијата ги бојкотираше изборите) и Дпмне во еден наврат со Никола.

Клучно е да се види нивниот капацитет, желба и волја за соработка и за менување на работите кон подобро кога имаат грам политичка моќ во своите раце. Можат да бидат контрола во/на самата (локална) власт. Дури и соработката не мора да биде формализирана како политичка коалиција, може да се гласаат проекти со општ консензус. :)

Опозициската зима не е решение.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176

Има разлика од пред и после изборна коалиција. Партиите што коалицираат пред избори стануваат приврзоци, а после избори е нормално да коалицираат и си остануваат самостојни.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Има разлика од пред и после изборна коалиција. Партиите што коалицираат пред избори стануваат приврзоци, а после избори е нормално да коалицираат и си остануваат самостојни.
Знам, но јас лично ги поддржувам политиките на Левица и пост изборно коалицирање не би сакал да видам во ниту еден случај. Без разлика за која партија станува збор. Бар не уште два-три избори.

Левица, сама, никогаш нема да состои влада. Тоа го имаше Сдссм (мислам дека тогаш опозицијата ги бојкотираше изборите) и Дпмне во еден наврат со Никола.

Клучно е да се види нивниот капацитет, желба и волја за соработка и за менување на работите кон подобро кога имаат грам политичка моќ во своите раце. Можат да бидат контрола во/на самата (локална) власт. Дури и соработката не мора да биде формализирана како политичка коалиција, може да се гласаат проекти со општ консензус. :)

Опозициската зима не е решение.
Не ни очекувам да состават сами Влада во брзо време туку да пркосат на системот и да бидам критичари на погубните политики од двете најголеми партии. Искрено очекував вмро малку повеќе да се занимаваат со враќање на името, па макар било и лажна надеж, а тие само два дена после изборна победа сегде објавија дека тоа е завршена работа.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.666
Поени од реакции
7.577
Треба поголема децентрализација со самата партија. Им треба кадровска политика, им требаат програми и им требаат финансии ако сакаат да бидат голем и моќен политички ентитет во државава. Само брза и кратка историска белешка: и Лдп беше силна партија, а денес со Дом имаат заедно 22К гласови и се привезок партија.
Сакам да знам што тоа треба да се децентрализира во самата партија?
И појасни што подразбираш под кадровска политика, програми и финансии дека биле потребни.
 
J

joli1

Гостин

"Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство."
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.927
Поени од реакции
10.554
Знам, но јас лично ги поддржувам политиките на Левица и пост изборно коалицирање не би сакал да видам во ниту еден случај. Без разлика за која партија станува збор. Бар не уште два-три избори.

Не ни очекувам да состават сами Влада во брзо време туку да пркосат на системот и да бидам критичари на погубните политики од двете најголеми партии. Искрено очекував вмро малку повеќе да се занимаваат со враќање на името, па макар било и лажна надеж, а тие само два дена после изборна победа сегде објавија дека тоа е завршена работа.
Зашто да не коалицираат ако добијат поголем дел од условите што ке ги понудат, неможе само лаење без акција

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Зашто да не коалицираат ако добијат поголем дел од условите што ке ги понудат, неможе само лаење без акција

Sent from my iPhone using Tapatalk
Па намерно пишав уште два-три избори. А и воопшто не ми се допаѓа Мицковски како коалиционен лидер.
Вака за уште еве да речеме 4-5 години Левица може да има значително поголемо членство да они бидат на ниво со останатите коалициони партнери.
Моментално со два пратеника во случај каде како што кажа Апасиев дека се со тенденции за 64, нема да бидат голем фактор. Во смисла ќе може и без нив.
Следни избори сигурен сум ќе имаат повеќе од 5 пратеници.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.628
Поени од реакции
14.403
На предвремените избори,. ВМРО и Левица ќе имаат минимум 57 пратеника заедно.

Рачунајте дека и двете партии ќе извадат повеќе гласови од локалниве, посебно ВМРО.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom