Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
M

Macedon1um

Гостин

Феноменот наречен Левица продолжува да напредува, рејтингот на партијата расте во континуитет, секој изборен резултат е подобар од претходниот, иако речиси сите останати политички партии во земјава испорачуваат константна антикамапња кон оваа политичка опција.

Левица си стои на зборот

Политичкиот аналитичар Синиша Пекевски вели дека Левица постојано им служи на останатите политички партии како оправдување за лошите и непопуларни постапки, кои често се и неморални и незаконски.

– Претставниците на Левица не го погазиле својот збор и опстојуваат на своите ставови. Тие велат дека не го признаваат Преспанскиот договор и не го менуваат ставот потоа, додека гледаме како некои други партии омекнуваат по тоа прашање. Тие делуваат надвор од ставовите кои се сметаат за политички пристојни, но не прават ништо незаконски, што не е случај со другите партии. Затоа и нивниот рејтинг постојано расте, иако се под постојан притисок на антикампања што се води против нив – вели Пекевски за Плусинфо.

Пекевски смета дека рејтингот на Левица најмногу ќе порасне во периодот што следува, особено по минатонеделните случувања во Собранието и обидите да се изгласа недоверба на Владата.

– Убавината на демократијата се состои во тоа да се слушнат различни мислења. Левица досега не била на власт, па граѓаните не можат да бидат разочарани од нив, како што во минатото повеќе пати се разочарале од другите партии. Сè сомневам дека тие ќе можат да ги исполнат ветувањата кога би биле власт во Македонија, но во моментов се јавуваат како опција за голем број на разочарани гласачи. Од Левица всушност профитираат од антикампањата што се води против нив – додава Пекевски.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Беден популизам. Од работнички и граѓански права се затрчаа во меѓународна политика. Од примерите на другите држави се гледа дека ако овие, вакви како што се, дојдат до власт, дури тогаш ќе се бега од Македонија без вртење назад.

Sent from my ...
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Левица е базирана на научен Социјализам (има википедија објаснето)
Левица се стреми да воведе нов Социјализам во Македонија каде што таа би била единствената партија. Во неа би членувале луѓе од сите националности кои што живеат на нашето тло.
Левица воопшто нема да се меша во приватниот бизнис на луѓето, напротив малите и средни претпријатија ќе добиваат директна финансиска помош за да се поттикне малиот бизнис.
Левица ќе се меша во јавните добра и сите нив ќе ги национализира. Тука спаѓаат природните ресурси, здравството, образованието... Со тоа ќе ја спречиме експлоатацијата на нашите природни богатства, шуми, реки, езера, руда...
Левица ќе воведе данок на богатство преку кој богатите ќе плаќаат поголем данок отколку сиромашните.

Доколку сакаш подетално да прочиташ еве на следниов линк ПЛАТФОРМА - Левица (levica.mk)
Прво да се зајачаат со повеќе цигани во првите редови, после има мед и млеко да тече, научно социјалистички, се разбира.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Беден популизам. Од работнички и граѓански права се затрчаа во меѓународна политика. Од примерите на другите држави се гледа дека ако овие, вакви како што се, дојдат до власт, дури тогаш ќе се бега од Македонија без вртење назад.

Sent from my ...
Чичин,така ли ти кажаа од есдес да збориш?
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Имаат и ботови, секако неписмени, но ќе си ја заработат дневницата.

Sent from my ...
 
Член од
18 ноември 2021
Мислења
45
Поени од реакции
53
Ocekuvav, a ne vidov denes reakcija od strana na Levica na predlozenite zlostavuvacki merki od kopitava... Se nadevam ke se aktiviraat vo slednite denovi, eve uste edna pricina za frlanje uste pogolem pritisok.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Da vidime kolku im znacat rabotnickite prava ..
Се сложувам, но каде се другите опозициски партии, да започнеме од најголемите, и од македонскиот и од албанскиот политички блок? Мицко имал некое гостување на Телма каде ја коментирал оваа мерка, искрено не стигнав да го изгледам (сега се прибрав дома), тоа ќе го оставам на страна.

Кога ги воведоа минатите рестрикции, Левица излезе со партиски став, даде образложение и поднесе иницијатива за уставноста и законитоста на тие мерки и рестрикции до Собранието! Дпмне го пушти Стоилковски на краток прес и тоа беше сѐ. Опозицијата дозволи сѐ. Отпорот беше само реторички.

Гласот треба да го кренат и здруженијата на работодавци. Им се кочи производниот процес, им се нарушува работниот дух, па дури им се закануваат и санкции! Не се засегнати само работниците.

Притисок треба да прави целата опозиција додека има моментум. Власта е на колена, нема парламентарно мнозинство, а притоа ова се мерки кои им носат само негативни поени. Нека организираат протести, нека организираат штрајкови.

Самите мерки се неуставни. Не може да се најде еден правен аргумент каде ќе се оправда исклучувањето на слободата на движење затоа што сите се потенцијални преносители на вирусот, и вакцинирани (со 1, 2 или 3 дози), и невакцинирани, и прележани и прележаните кои се вакцинирани. Сите.

Денес почна да циркулира една изјава која би било убаво да ја потпишат сите невакцинирани граѓани кои работат во јавниот сектор. Новите мерки се неуставни, а "доктор" Филипче кој сеуште зборува за лажната ефикасност и непостоечкиот колективен уминитет може да се носи по ѓаволите*. Директно се крши чл. 11 од Уставот. Моронот гледа што воведува Европа, па ајде и ние, да станеме вагон. Самиот даде изјава дека оваа вакцина не може да биде задолжителна!

* би го опцул сочно, ама не смеам. :icon_mrgr:
 
Член од
6 јануари 2018
Мислења
126
Поени од реакции
177

Гневот е голем, трпението е потребно во вакви моменти. За жал ние не сме Австралија или Франција за покажување отпор према тие што го спроведуваат ова. Работничката класа е потчинета до тој степен што ке прими попрво вакцина отколку да се побуни за нејзините права и слободи. Од друга страна двете најголеми политички партии го имаат дадено газот под кирија на Западот до тој степен што мораат да им ја тераат агендата и несмеат да им се спротистават ни под разно.. Почит за Левица која се спротистави првиот пат и се надевам дека и сега но и во иднина ке го направи истото. Само така ке докаже дека е народна партија која се бори достоинствено.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Член од
6 јануари 2018
Мислења
126
Поени од реакции
177
Прочитано во целост, го ценам длабоко тоа што го направија па макар и да не помине на седница. Со овој чекор ја оправдаа мојата подршка према нив и ја загарантираа за во индина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom