Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Левица — политичка партија во Република Македонија со левичарска ориентација. Регистрирана е на 25 февруари 2016 година, а иницијативата за формирање на партијата била објавена на 14 ноември 2015 година. Основните заложби на Левица се борбата за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и против меѓуетничките бариери и национализмот. Иницијативата за формирање на Левица потекнала од членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, членови на левичарското движење „Солидарност“, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичари.

Политичка платформа на ЛЕВИЦА

На нивните први избори (Парламентарни 2016) освоија 12.120 гласови. Според изборни единици:
ИЕ1: 4.556; 2,09%
ИЕ2 2.402; 1,18%
ИЕ3 1.767; 0,87%
ИЕ4 1.394; 0,66%
ИЕ5 2001; 1,07%
ИЕ6 /

На последните локални избори излегоа со неколку градоначалници (без победник), и во неколку општини со советнички листи каде освоија доволно број на гласови за да влезат со свои представници. На Претседателските не зедоа учество. Оваа година ја пререгистрираа партијата со 1.000 потписи заверени на нотар и ќе земат учество во сите изборни единици освен во ИЕ7 (дијаспорната изборна единица).

Повеќе детали и информации на 1583522995713.png
Зачлени се во Левица и биди дел од промената!
Пристапница пополнете на:
https://levica.mk/prikluchi-se/

Мојот став веројатно сте го прочитале на темите за Трета опција, Случувања во Македонија или на темата која беше отворена по повод дуелот на Апасиев vs Богојоски. Нејсе... Нема да ги бранам и да кажувам дека се е совршено во партијата оти ќе ме шиканирате. Секој има право на избор и верување во одредена партија. Јас мислам дека е доста од СДС-ДПМНЕ и дека со Левица ќе се внеси некоја позитивна свежина. Не губиме ништо, може само да добиеме.

#ЛевицаВоПарламент

Изволте на дебата другари! :)
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
579
Поени од реакции
1.359
Јас имам порано напишано Апасиев (барем засега) не е баш некаков политичар, ама за главен јавен обвинител би бил многу добар. Посебно што изгледа идолите му се Стаљин и Робеспијер, пошто само стаљиниста може да расчисти ваква жабокречина, каде веќе кај политичарите и судството веќе не е прашање кој е крив , туку дали воопшто има некој невин за овие изгубени 30 години на крадење и лажење.
 
Ф

Флеш

Гостин
Јас имам порано напишано Апасиев (барем засега) не е баш некаков политичар, ама за главен јавен обвинител би бил многу добар
Големо ДА !!! Чоеков крајно јак правник и ум ...Ако отиде политика,ќе се истроши џабе .... Најдобро е за прв човек на правото
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.422
Поени од реакции
18.359
Јас имам порано напишано Апасиев (барем засега) не е баш некаков политичар, ама за главен јавен обвинител би бил многу добар. Посебно што изгледа идолите му се Стаљин и Робеспијер, пошто само стаљиниста може да расчисти ваква жабокречина, каде веќе кај политичарите и судството веќе не е прашање кој е крив , туку дали воопшто има некој невин за овие изгубени 30 години на крадење и лажење.
Не Сталин, јас би рекол Ленин.
 
Добро сега, политичар е широк поим и не ми текнува реално на многу примери за ПОЛИТИЧАР кои се во актуелниот парламентарен состав. Македонците се родени политичари. Можеби Апасиев не е политички експерт но би било добро да влезе во парламент со пратеничка група од 3-4 пратеници на Левица па како што кажав да донесат некаква свежина. Да им ги побијат гастербајтерските барања за закони, да им плескаат вистина во лице. Да предложат донесување на закони кои се во корист на граѓаните ,итн.

Иначе, Левица имаат подготвено многу убава програма која наскоро ќе ја промовираат. Не е како на куртовци и муртовци со невозможни ветувања од 100 илјади плата за доктори и 40 за професори...
 
M

Macedon1um

Ај и тоа чудо да го видиме, предходниве програми им беа катастрофа како да седнале за 2 саати пет-шест луѓе и да ја направиле програмата уз пиво
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.734
Поени од реакции
4.485

Во секој случај интересно ќе биде ако влезат во парламент.

П.С Кај нас не е толку проблем програмата туку изведувањето на истата.(читај треба да избркаш пола администрација и другата половина да ја истренираш да биде ефективна и ефикасна, а ова е процес и не се дешава преку ноќ т.е прашање е и четири години дали се доволно)
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Пре би се фрлил у Вухан и лапал со кинези од кај што извираше короната, отколку да го доживеам моментот како овие идиоти стануваат дел од некакво раководство у државава.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Ај и тоа чудо да го видиме, предходниве програми им беа катастрофа како да седнале за 2 саати пет-шест луѓе и да ја направиле програмата уз пиво
Тоа е резултат на неискуство. Сепак се мала/нова партија без скапо платен пиар и советници.

Пре би се фрлил у Вухан и лапал со кинези од кај што извираше короната, отколку да го доживеам моментот како овие идиоти стануваат дел од некакво раководство у државава.
Океј. Го ценам твоето мислење. Но еве кажи кој сакаш да биди дел од раководството на државава?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Пре би се фрлил у Вухан и лапал со кинези од кај што извираше короната, отколку да го доживеам моментот како овие идиоти стануваат дел од некакво раководство у државава.
mira-dizel-600x400.jpg
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.025
Поени од реакции
30.023
Пре би се фрлил у Вухан и лапал со кинези од кај што извираше короната, отколку да го доживеам моментот како овие идиоти стануваат дел од некакво раководство у државава.
Me ubedi, glasam za levica.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Мене ми се допаѓаат како трета опција, ама не верувам дека ќе направат некоја разлика во политиката ако влезат со еден, двајца или тројца пратеници на овие избори.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.354
Поени од реакции
8.972
Пре би се фрлил у Вухан и лапал со кинези од кај што извираше короната, отколку да го доживеам моментот како овие идиоти стануваат дел од некакво раководство у државава.
Ako si imal tolku prefinet vkus dosega trebase da se lapas so kinezi veke od po odamna.
Автоматски споено мислење:

Мене ми се допаѓаат како трета опција, ама не верувам дека ќе направат некоја разлика во политиката ако влезат со еден, двајца или тројца пратеници на овие избори.
Kaj nas 2-3 ca pratenici I te kako mozat da pravat razlika ama ako se kako sto treba a ne korumpirani kako drugite.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom