Третите опции кај нас се за една, евентуално две употреби. Ги имаше и низ годиниве, сега или ги нема или се сателити, мушички околу светилка. Имаше неколку т.н. потенцијални трети опции кои останаа потенцијални се до распаѓањето

или до трансформацијата од партија во специјална паралелка при ОУ ВМРО/СДСМ.
Петар Гошев со Демократската партија, Тито Петковски со неговите, Тупурковски со ДА и можеби една или две партии кои имаа надежен старт, со пристоен број гласачи во извесен временски период. Покрај (не)квалитетот кај повеќето - обично нивните раководства беа рециклирани политичари, отфрлени незадоволници кои мислат дека зеле помалку отколку што им треба - им пресуди коалицирањето со една од двете големи партии, по што следува процес на постепено ситнење на гласачкото тело и негово прелевање во поголемата коалициона партија. Истиот процес го има и во самото раководство, при што пратеници, (заменици) министри, и други од втор/трет ешалон кои пристапуваат кон поголемата фирма.
Што ќе биде со Левица, ако воопшто нешто биде, останува да се види. Во теорија, ако добијат некое пратеничко место, па и функции во некаква Влада, Апасиев би имал можност да се пројави во мин. за правда, како јавен обвинител или нешто сл. па навистина да се види дали се работи за „пуковник ил покојник“.
Една од предностите да се биде опозиција кај нас е да бидеш постојано во право, да изгледаш попаметно, подобро и побезопасно.