Левица, како и сите други пајтон партии, се збирштина од неколкумина нереализирани и отфрлени од големите партии или се инсталации на големите партии и во даден момент треба да одиграат одередена улога. Оние кои се отфрлени од големите партии не добиваат ниту секунда на телевизиите додека партиските сателити се секојдневно на телевизија. Зошто инаку Димче би бил секојдневно на телевизија, или оној попот, или реформаторите? Па на секој нормален уредник на телевизија му е јасно дека се тоа маргиналци без никакво самостојно влијание во политиката.
Левица е сателит на сдсм и има за задача да биде опција за незадоволните од сдсм, да не гласаат за дпмне, да ги амортизираат тие 10-15 000 гласови за кои може да се случи да ги решат изборите. Затоа левица нема да оди во коалиција со дпмне, нема да освои ниту еден пратеник и баш им е гајле. Ако ги слушаме Димче и Мицко, нивните ставови се поклопуваат 100% и логично би било да одат во коалиција против сдсм, тие 10-15 000 гласови да се валоризираат во 2-3 пратеници. Но тоа не е задачата на Димче, неговата задача е да плука по сдсм а сдсм да плука по него....