Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Па ја би порадо да ги нарече лешпери, што пак за нив е во домен на културен израз, оти се непресушна инспирација и за многу потешки квалификации. Би рекол дури и дека се воздржал, што пак кога ги гледаш, слушаш, навистина е во домен на сизифовска борба да се воздржи човек и да не им искомпонира една симфонија од пцовки, онака од дното на душата, полна со емоции.

Во суштина и што има тука дополнително да се говори, кога се баш тоа, банда лешпери. Ова има далеку поголем одек во вакво едно дефетистичко мртвило од општество отколку прес на дпмне по три пати на ден со едни исти излитени соопштенија.
Утре ќе ви излезе Нина, македонската Марија Антоанета, и со блага насмевка ќе ви рече оти се е океј, оти си имате ваучери, наплатата на даноците се зголемила, банкарскиот сектор е стабилен...уште две-три стандардни флоскули и чао, case closed! Лешперска работа.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Не бранам јас друже, напаѓам има разлика се бранат тие што згрешиле, а се обидуваат да те извалкаат, за да можат после и тие да имаат шанса за напад, а тоа отом потом ќе го видеме засега не може да се коментира нешто, времето ќе покаже, а од тоа ви е најмногу страв, оти времето тече и не оди во ваша полза сеуште...

И не знам шо си запнал со тоа интелектуалец, ова е форум достапен за сите, ако води некој пристојна дискусија без навреди веројатно плиткоумните ги вади од такт...жалам за тоа во секој случај. Помина времето кога сатанизиравте се и секој кој не мисли како вас, банда профитерска со поддршка на цела една медиумска камарила, платени медиокритети и ДПМНЕ Ваљево на чело.

Не, тој збор го искористив како компаратив на посакуван успех, скриен зад огромен неуспех, нешто како алогизам, ме разбираш нели? Ако не, прати им го ова во штаБот, ќе смислат подобро таму, бидејќи ти како иНтелектуалец, сеуште незнаеш дека не се пишува штаП туку штаБ и од тука доаѓа ШТАБСКИ...

Ако ти така правиш, и ако има успех можеби би пробал по твоја лична препорака, те гледам со големо искуство го испиша ова, за 250 евра плата само толку треба? Јас сум поамбициозен, ако може некако до 350-400 евра плата со средно, и мој сајт ќе си отворам, и фб страна хехехехе баце, ќе дрма со лајкчина...
Штапски се пишува со П а не со Б затоа шо имаш едначење по звучност во случајот, ама тоа не можеш да го знаеш затоа шо не си бил на тој час си бил во шпалирот за пречек на Груевски, а учителката токму заради тоа шо си добар партиски подлизурко ти пишала петка, и сега мислиш дека си лектор, а си полуписмен во суштина.

Сега собери си другарчињата од тоа кобајаги патриотски здруженија, рецидиви на Пастирот, истите тие шо беа на листа кај Бачев заедно со Саше Ивановски политико, и прашај ги каде беа кога Талат Џафери беше назначен за Министер за одбрана, тогаш Стојанче Ангелов протестираше против а му викаа предавник, сега еве обратно, така да такви ситни профитери со крстови и кандила кобајаги вмровци ептен се (не)пожелни во она шо се дефинира како левичарска партија, а од кои веројатно си ти еден.

Друго, човек кој сака како си пишал развиено здравство, образование, правосуден систем, економија итн не може да се сити на најдолни навреди, тоа може само член на орда, ако се огрешил некој треба пред закон да одговара, лично шо е до мене и да ја плукне Шеќеринска не ми менува ништо, само шо сметам дека во 2020г само плитокумници би се сителе на линчови и сметаат дека тој е патот за градење на здраво општество (првиот пат може беше печатна грешка лекторе, побарај низ други постови да увериш), цела мака е шо вие сакате пак да се врати номенклатурата на жмро и да ги добиете истите привилегии назад кои сте ги имале како партиски послушници.
Пишуваш за пристојност и нормалност а се палиш на линчување, тоа е она типично жмровско, од Црква право во комитет, па со швалерот/швалерката за на крај да продаваме семејни вредности после тоа.

Чисто мое мислење, ич qr не ме боли дали ти се допаѓа или не, цензура за тоа кој шо смее да пишува дома ќе правиш, само шо се додека такви како тебе реагираат негативно, значи сум на одличен пат.

Инаку работам на брод, така да тие суми шо си ги навел се безмалку смешни за мене во овој момент, и си ја сакам Македонија, е сеа тоа се повеќе пропроционално се намалува кога наидувам на такви како тебе, ама јбга.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Се зависи од тоа која му е целната група, ако оди кон партиски неопределените, тешко дека ќе стигне до нив вака, еве јас лично се повеќе сум разочаран од несериозниот пристап, затоа шо јас барам автентична политичка опција, структура која може да донесе позитивни опшествено политички промени, сем сеир друго не глеам засега од Апасиев и Левица. Гледам најмногу му аплаудира тврдата десница, со шо се повеќе губи од идеолошката автентичност, ако воопшто ја имаат сеуште откако во полна логистика им се ставија сите тие кобајаги патриотски здруженија.

Споредбите со Трамп се смешни, прво затоа шо поднебјето и опшествено политичката поставеност е сосема поинаква, згора на тоа против кој естаблишмент се бори Левица ако структури за кои ДПМНЕ беше премногу меко им даваат поддршка?
За мене лично назадуваат.

И пак да повторам, пцуење и колнење е знак на немоќ, мене не ми значи ништо ако опцул некој хохштаплер, со децении ги пцујат веќе истите ликови, па влакно не им фали. Треба сериозно да пристапат кон нивно рушење, како шо напишав со обзнанувње корупција, непотизам итн, да се стават во позиција на одбрана и да ретерираат цело време, ова кобајаги класна борба моментално е безначајна.

Еве нека организраат отпор против поскапувањето на струјата или нешто сл, со пцуење и сеирење qr ќе скршат.
Секоја чест за напишаното. Апасиев е пред се професор и деклариран интелектуалец. До сега единствено што прави е невкусна галама по социјалните мрежи со кои успева да придобие попалени младинци.
Ако нешто навистина сака да смени со навреди и псовки не стасува далеку. Во моментов е само галамџија во празно.
Се мачиме со неписмени пратеници, пратеници што не го знаат македонскиот јазик и само ни фалеше еден со манири на камионџија. (немам ништо против камионџии)
И доста од коментари со овие само така можеш да комуницираш. Нека се одлепи од социјалните мрежи и нека почне поконкретна и поконструктивна кампања.

* колку што гледав снимки не го видов ама нели убав гест ќе беше доколку самиот се појавеше во Карпалак да оддаде почит наспроти сите мизерни ликови од одбрана кои не беа?
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Еве ќе се обратам како лидерот на Левица, имам таква среќа не само што ич кур не ме боли за СДСМ и Нина Ангеловска, ич кур не ме боли ни за ВМРО и Левица и било која политичка партија.
Во ваква ситуација беше член од моето семејство и знам дека најмногу од ова ќе страдаат вработените и семејствата - депресии, разболувања, самоубиства.
Мое мислење (се разбира дека не мора да биде точно) е дека Апасиев не мораше тука да билда поени, да, народот се пали, но многу побитни прашањеа се: што ќе биде со вработените, зошто дошло до ваква ситуација и дали имало некои други решенија, отколку дали Нина Групер ги подигнала парите.
Апасиев пишал ТАТ = Еуростандард, тоа е нели драматично, народ се пали и сл, но кај некој што има основни познавања од ситуацијата пак тоа се негативни поени, затоа што нема никаква врска тоа што го пишал.
Се надевав само дечково дека е поинаков од другите, ама знае да ме демантира, на крај ќе испадне дека е уште еден обичен политичар, само добар оратор со безобразен јазик. И аман, помирете се дека не мора секој да мисли како десеткашот Апасиев и доста со лични осуди.
За вработените не бери гајле,ке се снајдат сите до една ;) Штом ја владеат таа струка,нема зима за нив
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
Тие зборуваат за неуспехот на социјализмот, но каде е успехот на капитализмот во Африка, Азија и Латинска Америка?

 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Секоја чест за напишаното. Апасиев е пред се професор и деклариран интелектуалец. До сега единствено што прави е невкусна галама по социјалните мрежи со кои успева да придобие попалени младинци.
Ако нешто навистина сака да смени со навреди и псовки не стасува далеку. Во моментов е само галамџија во празно.
Се мачиме со неписмени пратеници, пратеници што не го знаат македонскиот јазик и само ни фалеше еден со манири на камионџија. (немам ништо против камионџии)
И доста од коментари со овие само така можеш да комуницираш. Нека се одлепи од социјалните мрежи и нека почне поконкретна и поконструктивна кампања.

* колку што гледав снимки не го видов ама нели убав гест ќе беше доколку самиот се појавеше во Карпалак да оддаде почит наспроти сите мизерни ликови од одбрана кои не беа?
Проблемот е шо тие ликови кои стојат позади и само инкасираат на сметка на Левица и неколкумина околу Апасиев, веќе се пробаа преку Бачев и кој не и завршија попара на избори. Е сеа сменаа тактика, меѓутоа Левица и Апасиев се тие кои се експонираат и кон кои се насочува револтот од поддржувачите на оние кои така жестоко ги напаѓаат, ете вокабуларот нека е прифатлив. Откако ќе ги искористат ќе ги пуштат низ вода, или прва прилика кога ќе им се спротивстават ќе ги разорааат од внатре и ќе почнат и нив да им викаат комуњарчиња и кој знае шо уште не.

Шеќеринска алијас Лејди Зло ти е една од најголемите грчки инвестиции кај нас, типичен апаратчик, ниту ја интересира македонски интерес ниту ја тангира, си тера кариера и ќе оди како Амбасадор во САД кај сестра и, и таму на раат ќе си троши во тоа шо спечалила чесно со пот од тука...само шо добиваш ако на лик како неа кој неколку пати е декласиран на избори му се обраќаш со така погрдни зборови не ми е јасно, кој е впечатокот кој го оставаш итн. шо е најлошо око не им трепнува реално, само проблем им е како им влијае на рејтингот и како да се амортизира сето тоа во јавност.
Друго е кога имаш сериозен пристап и се тргнува со понуда на конструктивни законски решенија и промени, обелоденување корупција и сл. ако веќе се сметаш себеси за некој кој цели кон сериозни општествени промени а не како нечиј подопашник.

Сега е покомплицирано затоа шо на ДУИ им треба спаринг партнер во разгорување на националистички чувства, веќе им се кабает СДСМ со тоа шо им рчнаа во гласачкото тело и им го рушат учкарскиот концепт, па се обидуваат на секој начин да наштетат на истиот, кој е наметнат од надвор, не се СДСМ тој ков ниту сме како општество спремни за тоа.
ДПМНЕ во меѓувреме поради тоа шо им тече низ ногавици од тоа шо работеле 24/7/365 за народот дури беа на власт, не можат да играат иста игра како порано.
Еве од тие шо пишуваа дека Албанците се племе и што уште не се дочека да кажат дека би било сосема во ред да има Албанец за премиер ако ДПМНЕ состави Влада, значи се е ловење во матно, ако веќе ДПМНЕ не може да состави Влада тогаш што полош пазар направи СДСМ за да биде мандатар, иако сето тоа би било потенцијално штетно за македонските национални интереси ним им оди во прилог. Ако не нив тогаш на нивната клика во Левица, во меѓувреме најкомпромитираните кадри на чело со началникот се обидуваат да ги дистанцираат во јавноста со фингиран конфликт.

Инаку ќе беше одлично од Карпалак да дадеше изјава Апасиев. Сега е битно шо бараа шанса и ја добија, се друго останува на нив, или ако веќе подлегнале на тие околу нив.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.877
Поени од реакции
12.410
За вработените не бери гајле,ке се снајдат сите до една ;) Штом ја владеат таа струка,нема зима за нив
Тешко оди тоа. Пазарот е заситен, мора да имаат јаки кабли за да работат пак во друга банка, колку и да го знаат занаетот. Едино ако некој (Хари како што се збори) ја земе еуростандард на добош за беспари па да вработи дел од нив. И тоа дел. На страна фактот што има над 150 иљади штедачи кои не знаат дали и кога ќе ги добијат своите пари, деловни субјекти кои зависат од банката итн итн. И на страна фактот што ова беше една од ретките македонски банки.
Не е така едноставно како што некои се обидуваат да го релативизираат настанот, а други се потсмеваат со статуси иако у "душа" (у програма) се за работниците и народот. Ова само им штети и ги симиња надолу.

А тек да го послушаат, централизирано да диктираа макс каматна стапка ...очебијно со економијава, контрадикторни до јаја сами на себе :facepalm:
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.356
Поени од реакции
5.488
Гледам пишувате Левица немале способен економски кадар, ако не се лажам и самиот Апасиев во интервју збореше дека не значи дека мора да биде од Левица и дека ако они немаат ќе треба да побараат некој стручен во било која област , што значи да се постават вистинските луѓе на вистинското место без разлика на партијата.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Па еден кадар економски што имаат сдс, леле мајко. Цел економски концепт им се заосноваше на тој фамозен прогесивен данок кој што излезе тотално фијаско. За економија го рачунаат она поврат на ддв, што пак им е еквивалент на кликам реклами за 0,0001 долар. Спасот на економијата од ковид кризата им се генијалните ваучери на Нина, чиниш ова Групер е. Парите како наводна помош завршија секаде освен онаму каде што најмногу требаше.
Вмро имаше во времето на Грујо солиден економски кадар, ама пак тие ептен забегаа со јадењето чоколади при немање за леб. Така да економија со максимум раст од 3% годишно, и тој неврзан, неконзистентен со политички кризи и раб на рецесија во половина од нашето мизерно државничко "перзистирање" е рамно на дебакл.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.424
Поени од реакции
23.286
Па еден кадар економски што имаат сдс, леле мајко. Цел економски концепт им се заосноваше на тој фамозен прогесивен данок кој што излезе тотално фијаско. За економија го рачунаат она поврат на ддв, што пак им е еквивалент на кликам реклами за 0,0001 долар. Спасот на економијата од ковид кризата им се генијалните ваучери на Нина, чиниш ова Групер е. Парите како наводна помош завршија секаде освен онаму каде што најмногу требаше.
Вмро имаше во времето на Грујо солиден економски кадар, ама пак тие ептен забегаа со јадењето чоколади при немање за леб. Така да економија со максимум раст од 3% годишно, и тој неврзан, неконзистентен со политички кризи и раб на рецесија во половина од нашето мизерно државничко "перзистирање" е рамно на дебакл.
Уфф добив флешбек кога укинаа радиодифузија и еден шлакнат од СДС* велеше дека со тоа се кренал минималецот.

*Ништо чудно и Саше да беше.
 
  • Хаха
Reactions: A__

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Уфф добив флешбек кога укинаа радиодифузија и еден шлакнат од СДС* велеше дека со тоа се кренал минималецот.

*Ништо чудно и Саше да беше.
Мислам дека беше оној албино мајмунон Рашковски. Збореше за некаква спирала, дека со укинувањето на радиодифузната такса се покачила минималната плата. :pos:
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Уфф добив флешбек кога укинаа радиодифузија и еден шлакнат од СДС* велеше дека со тоа се кренал минималецот.

*Ништо чудно и Саше да беше.
Ах да, ја заборавив радиодифузијата, ваљда дека не битно.
И за минималецот. Им велев на едни баш тука оти покачување на минималец со политичка одлука пред избори е само популизам и не се заоснова врз фактичката економска ситуација на терен, па ме обвинија за поддржувач на олигархијата, непријател на работничката класа. Оттогаш цените на продуктите во континуитет растат, даноците се зголемуваат, цената на струјата рипна, со тоа ќе има и нов бран на поскапувања. Така да овие 14.500 сега можда вредат колку тие претходни 200 евра, ако не и помалку. Што би дошло дека растот се анулира, а нов раст на минималецот со оглед на моменталнава економска ситуација тешко дека ќе видиме за брзо време. Уште една предвидлива категорија. Да не почнувам сега и за 500те евра просечна плата, многу ќе дојде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom