- Член од
- 23 мај 2019
- Мислења
- 4.577
- Поени од реакции
- 5.300
Глеам дека следиш што се случува во тнр банкарско-финансиски сектор, ме интересира имаш ли инфо околу:Колку и нам да ни одговара ваков пристап, ова се само ветувања кои ниту можат ниту некои смеат (заради слободниот пазар) да се исполнат. Али народ трза на вакви ветувања, ова и ми беше муабетот кога зборев за т.н. економски мерки кои не се баш економски.
Втората точка-треба да објасни како замислува да намали вишок на ликвидност, екстра профити и делење бонуси на банкарите. Има методологија за распределба на макс износ од резултати на работење и други акти. Треба да ги проучат.
Третата, провизии-можно е, но потребен е Закон. За пресметка на провизии потребни се анализи (човечки, ресурси, техника, инфраструктура...) пред да се озаконат. Како пример, околу 1/3 од приходи и добивки на банките според НБРМ се од провизии и надоместоци.
„Нето каматниот приход, како носечка компонента на вкупните приходи на банките, во 2018 година забележа намалување на годишна основа и за првпат по 2010 година имаше негативен придонес кон годишниот пораст на добивката на банкарскиот сектор“ укажуваат од Народната банка во извештајот за ризиците во банкарскиот сектор.
Оттаму објаснуваат дека нето-приходите од провизии се важна приходна ставка поврзана со редовните банкарски активности, којашто во последните пет години зафаќа околу 19 отсто, во просек, од вкупните редовни приходи.
"Анализата на структурата на нето-приходите од провизии покажува дека банките остваруваат најмногу приходи врз основа на провизии и надоместоци од вршење на платен промет во земјата, коишто објаснуваат 37,1 отсто од вкупните нето приходи од провизии и имаат најголем придонес за нивниот раст во 2018 година (од 37,2 отсто). Следни по значење се провизиите од картичното работење и од вршење платен промет со странство коишто придонесуваат со 24,2 отсто и 13 отсто, соодветно, за годишниот раст на вкупните нето-приходи од провизии. Приходите од пософистицирани, инвестициски активности, како што е управувањето со средства, имаат маргинално значење за приходите на домашните банки“, информираат од Народната банка.
Другите т.н. мерки се веројатно напишани во слободно време без да се консултираат НБРМ, МФ, Влада, банкарски сектор и други фактори (како со просечната плата од 500 евра). Можда може да се намалат/укинат (што нормално и мене ми одговара, и јас плаќам), но треба да се излезе со конкретни факти и бројки, пресметки за тие институции.
За макс каматни стапки казнени камати и слично, треба да ги проучат тон правилници, методологии и закони од НБРМ. Или ќе го сруши цел банкарски систем и НБРМ во целост и да почне со нова банкарска политикаГолем залак за мала партија.
-сопственичката структура кај банките кои оперираат во северџистан, ако да каква е????
-колку од добивката која ја остваруваат ја пласираат на домашниот пазар а кој процент го изнесуваат во своите матични земји???
-каква е сопственичката структура на народната банка и колку е таа сервис на ММФ и СБ односно дали собранието на северџистан или владата имаат удел во креирањето на монетарната политика на таа и таква народна бамка?????
Има многу шпекулации кои се пласираат од “експерти“ и “експерти“ па ако може твое мислење!
Дали ти е познато дека едно од учењата на Исламот е да не се дава заем со камата, а дека истото учење го има и во Библијата, само малку изменето дека само меѓусебе нема да има камата, а за сите други е обврзувачка за да се користи како инструмент на управување,... како инаку и кому би биле газди ако секој има право да стане газда!?