Колку и нам да ни одговара ваков пристап, ова се само ветувања кои ниту можат ниту некои смеат (заради слободниот пазар) да се исполнат. Али народ трза на вакви ветувања, ова и ми беше муабетот кога зборев за т.н. економски мерки кои не се баш економски.
Втората точка-треба да објасни како замислува да намали вишок на ликвидност, екстра профити и делење бонуси на банкарите. Има методологија за распределба на макс износ од резултати на работење и други акти. Треба да ги проучат.
Третата, провизии-можно е, но потребен е Закон. За пресметка на провизии потребни се анализи (човечки, ресурси, техника, инфраструктура...) пред да се озаконат. Како пример, околу 1/3 од приходи и добивки на банките според НБРМ се од провизии и надоместоци.
„
Нето каматниот приход, како носечка компонента на вкупните приходи на банките, во 2018 година забележа намалување на годишна основа и за првпат по 2010 година имаше негативен придонес кон годишниот пораст на добивката на банкарскиот сектор“ укажуваат од Народната банка во извештајот за ризиците во банкарскиот сектор.
Оттаму објаснуваат дека нето-приходите од провизии се важна приходна ставка поврзана со редовните банкарски активности, којашто во последните пет години зафаќа околу 19 отсто, во просек, од вкупните редовни приходи.
"Анализата на структурата на нето-приходите од провизии покажува дека банките остваруваат најмногу приходи врз основа на провизии и надоместоци од вршење на платен промет во земјата, коишто објаснуваат 37,1 отсто од вкупните нето приходи од провизии и имаат најголем придонес за нивниот раст во 2018 година (од 37,2 отсто). Следни по значење се провизиите од картичното работење и од вршење платен промет со странство коишто придонесуваат со 24,2 отсто и 13 отсто, соодветно, за годишниот раст на вкупните нето-приходи од провизии.
Приходите од пософистицирани, инвестициски активности, како што е управувањето со средства, имаат маргинално значење за приходите на домашните банки“, информираат од Народната банка.
Другите т.н. мерки се веројатно напишани во слободно време без да се консултираат НБРМ, МФ, Влада, банкарски сектор и други фактори (како со просечната плата од 500 евра). Можда може да се намалат/укинат (што нормално и мене ми одговара, и јас плаќам), но треба да се излезе со конкретни факти и бројки, пресметки за тие институции.
За макс каматни стапки казнени камати и слично, треба да ги проучат тон правилници, методологии и закони од НБРМ. Или ќе го сруши цел банкарски систем и НБРМ во целост и да почне со нова банкарска политика

Голем залак за мала партија.