- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 201
- Поени од реакции
- 1
Misirkov напиша:Eve go odgovorot na temata, a doagja od eden redok chovek i intelektualec, Prof. Strefan Vlahov Micov.
"...пред неколку дена во Книгоиздателството „Матица македонска” во Скопје се појави неговата уникална книга „Филозофскиот клуч на македонскиот идентитет” со објавени и необјавени текстови создавани во периодот 2004-2006 година, обединети врз темата за историската судбина на Македонија, етнопсихологијата на Македонците и виталниот дух на еден народ што дури и во извојуваната сопствена независна држава се' уште е исправен пред нелесни сопствени дилеми и претенциозни проблеми од своите соседи.
Д-р Стефан Влахов-Мицов не е оптоварен со балканските големодржавни национални опсесии. Самиот вели дека е од „мешано потекло”, не се акламира ни само како Бугарин ни само како Македонец. Зашто, пишува, „моите дедовци по мајка се преселници од Македонија (едната поодамнешната гранка на родот - од Вардарскиот, а другата - од Егејскиот дел), а мојот татков род е измешан од бугарска и куманска крв... Уште пред да го сознаам тоа, моите македонски корени ме стимулирале кон слободољубие и духовна толеранција, ми ги поддржувале поривите кон природност - без лицемерство и балкански сметки”.
Почитувајќи го и едното и другото потекло на својата крв, Стефан и во своето презиме самиот ги обединува двете гранки: Влахов-Мицов. Затоа и неговиот „творечки пат практично е летопис на стремежот кон еманципација и осмисленост на сопствениот идентитет”. Иако нема роднини во Република Македонија, таа го влечела „како можност да ја разберам вистината и за неа и за историските процеси на Балканот”. По многу мечтаења и обиди, дури во 1998 година успева да дојде во Македонија. Тие интереси придонесуваат да биде двапати отпуштан од Софискиот универзитет (па дури и до денеска судското дело за последното отпуштање не е завршено).
Како студент, под влијание на бугарската историска наука и политика, за дипломска работа на Катедрата за балканска историја ја работел темата „Српското културно влијание во Македонија по Кримската војна до 1878 година”, а во 1981 год., како докторант по социологија на политиката, ја зел темата „Врските и претставувањата на Бугарите во светот (до Преродбата)”. Проширените сознанија го доведуваат во судир со политиката на средината. Тој одбива „да свири по туѓи ноти” и откажува да држи предавања „по меѓународното комунистичко и работничко движење во Латинска Америка”, па одбраната на докторатот му задоцнува цели три години... Има критички однос кон решението на Коминтерната за македонската нација, зашто се споредувала со „тракиската”, „шопската” и „добруџанската”.
Стефан согледува политичка манипулација во врска со македонската нација, па го парафразира Н. Вапцаров (од рефератот во Кружокот, 1938) дека „македонската интелигенција треба да ги испреварува партиските решенија, а не да оди по нив”. Тој осознава дека „уште во 19 век има дејци со избистрено македонско сознание, кое ги принудува бугарските историчари да се повлечат на подалечна одбранбена линија со смешната теза дека Србија решила да ги направи ’Бугарите во Македонија‘ Македонци уште во тоа време. Само што Македонци има и многу пред тоа, како што сведочат странските патописци од 16 и 17 век. Со други зборови, во времето кога Бугарите уште не знаеле дека се такви”.
Во врска со таквото преживување на една „криза на идентитетот”, авторот ги посочува „тврдењата на пропагандата против македонскиот идентитет” со флоскулата дека „во сите географски правци Бугарија граничела со самата себеси”, со што „всушност го кријат стравот за самиот бугарски идентитет”. Затоа, признава авторот, „по 1989 година главната цел ми стана да ја напишам вистинската бугарска етнопсихологија, која ќе ја оцртува драмата на бугарската политичка нација не само со Македонците туку и со самата себеси”. Во таа смисла ги објавува книгите „Кој го уби Христо Ботев” и „Парадокси на социјално-политичкиот живот кај Бугарите”, коишто ги интерпретирал и како предавања на Софискиот универзитет. Така стигнал до убедувањето за „филозофскиот клуч за македонскиот идентитет” и ги сфатил „причините за комплексите на македонските негатори - Бугари, Грци и Срби”.
Во тој дух ја објавува и книгата „Илузиите на човечкиот род” и храбро ги поднесува повеќепатните полициски тортури на македонско-бугарската граница. Така, Македонија му го возвраќа „самочувството и делумно изгубениот идентитет”, па со неговото „мешано потекло” тоа го прави „негативно чувствителен кон секоја големодржавна идеја на штета на малцинствата во Бугарија и на Полуостровот... Животот во Бугарија ми беше со децении живот на внатрешен емигрант, чии допирни точки со тукашната реалност се' повеќе се истенчуваа... Во таа смисла, и покрај животните непогоди, јас се чувствувам среќен. Бидејќи успеав да го остварам и во духовна и во реална смисла своето враќање во Македонија. Со што го затворив долгиот животен емигрантски циклус на моите предци”.
Така, и низ спектарот на Македонија во неговата лична биографија и судбина проф. д-р Стефан Влахов-Мицов го гради пристапот кон духот и деструктивната енергија на Балканот, со илузиите за „богоизбраните народи”, со сите „идеолошки и уметнички измислици за историјата”, со „филозофијата како алтернатива на глобализацијата”, па низ еден „современ филозофски пристап кон историските процеси” ги гледа „проблемите на балканската историографија и политиката спрема Македонија”. Преку динамиката и проблемите во утврдувањето на македонската национална свест, врз широк историски ракурс, тој го согледува „филозофскиот клуч за македонскиот идентитет”. Преку ликовите и настаните од античкиот и средновековниот период, со посебен акцент на преродбенските процеси и фонот на македонскиот етнокултурен супстрат, ги осветлува меѓничките личности (Ѓ. Пулевски, Г. Прличев, Д. Молеров, К. Рацин, Н. Вапцаров, К. Мисирков и други) како нагледна историска илустрација на македонскиот современ идентитет. Притоа треба да се подвлече дека книгата на д-р Стефан Влахов-Мицов не е антибугарски памфлет, ниту некаква иссилена промакедонска апологија, туку израз на слободата на мислата и непристрасноста на совеста на еден автор што трасирал уникален пат во барањето филозофски клуч за македонскиот идентитет како универзален модел не само за балканската историографија и политика."
http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=56E11A90F9EEAF4D8E61E125CD004372
Мисирков, до вчера господина Влахов-Мицов беше р'ководител на Македонскија културен цент'р в Софија на заплата к'м вашето правителство и сега ни го даваш за пример.
Всеки некад'рник пише глупости и се опитва да б'де забелјазан.