TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Болест на Македонскиот духовен склоп, повеќе од 200 години. Денес зазема нова димензија на разни фронтови и нивоа, едно е непроменето-најголеми анти-Македонци се токму одродените Македонци.
Причините за одродувањето
Македонија под османлиско ропство била најтешко погодена земја од владеењето на османлиската власт. Процесите на развивање на духовниот, образовниот и воопшто целиот живот биле застанати и продолжени во друга насока. Македонија била под власт со која немала заедничка вера. И била насила наметната туѓа вера. Македонците одолевале. Последица на ваквата новонастаната ситуација било се пониското образовно ниво кај поробените Македонци. Повеќето биле неписмени. Борбата за гол живот била главна преокупација кај поробениот Македонец. Македонија од сите страни била опкружена со османлиско владеење. За разлика од нас, нашите соседи граничеле со христијанските земји и колку толку имале нивно влијание. Русите биле главната закана за исламска Турција и биле заштитник на сите Православни христијани во империјата. Но нивното влијание не допирало во Македонија. Грција отсекогаш имала привилегирано место кај султанот благодарение на Фанариотите кои заземале високи позиции во империјата уште од падот на Цариград и нивното доброволно предавање на Мехмед Освојувачот. Иронично, Грците ги сметале за предавници Фанариотите, а Фанариотите ја спасиле Грција од сите злосторства кои ги трпеле останатите Христијани. Благодарение на нив почнала и насилната хеленизација на сите христијани низ империјата. Кај нас најмногу во егејскиот дел на Македонија. Да потсетам, жртва на оваа пропаганда бил и Рајко Жинзифов (Ксенофон Ѕинѕис). Значи географската положба на Македонија како централнобалканска османлиска провинција и нејзиниот никаков контакт со останатиот свет е главната причина за ниското ниво на живот кое покасно ќе биде најбезобзирно искористено од Бугарија, Србија и Грција за регрутирање на новопечени Бугари, Срби и Грци, а со тоа и освојување на самата територија на Македонија.
Раѓањето на нациите
Европа кон крајот на 18 век ја зафаќа бран на самодефинирање на народите кои живеат и создавањето на нациите. Дефиницијата за нација подразбира група на луѓе кои говорат ист јазик, имаат слични обичаи, историја и сл. Овој бран ја зафатил цела Европа и допрел до нашите соседи кои почнале да се дефинираат себе си. Македонија останала далеку од овие процеси.
Балканските земји, во одреден дел од средниот век имале кралства кои доживеале подеми и падови. Токму на овие кралства почнале и да се повикуваат. Секое од овие кралства има владеено со сите земји околу него. Се повикале сите, освен Македонија. Таа била далеку од ова. Македонците најкасно од сите го доживеале преродувањето. За жал туѓите пропаганди имаат фатено корен во неукиот Македонски народ.
Пропагандите
Србија почнала да отвара училишта и да ги образува Македонските деца, деца на написмени родители, слабо осознаени и изградени како Македонци, како Срби. Бугарија преку формирањето на Егзархијата првично го почнала верското влијание. Укинувањето на Охридската архиепископија (1762), последниот чувар на Македонскиот идентитет ја фрла Македонската нација во тотален мрак. Значи Македонците кои стануваат жртва на пропагандите не биле ни родени за да го осетат влијанието на оваа духовна установа и да оддолеат на туѓите пропаганди. Грција отсекогаш била Македонски противник и таа е главниот виновник за укинувањето на Охридската архиепископија, за покасно да може токму преку својата црква да ги хеленизира Македонците.
Покрај овие пропаганди кои се најфатални, застапени се и пропаганди на други држави но немаат некое влијание. Пример за овие пропаганди е мисионерката Мис Стон, која ја шири протестанската вера помеѓу неуките Македонци. И ден денес во источните краеви на Македонија има протестанска и католичка заедница на Македонци.
Можам да речам дека нашите соседи не фатиле на кондиција и најбрутално ја искористиле својата позиција за да не поништат.
Поради одбивноста на Македонците кон непознатиот грчки јазик и агресивната црковна политика на Грците, Македонците најмногу потпаѓаат под бугарската пропаганда која е и најагресивна.
Македонците почуствувале потреба за заедница, раководство од еден центар и еден лидер. Турското влијание им било тотално туѓо, но верата е таа што ги поврзувала со соседите. Македонците немале лидери. Затоа и лесно потпаѓаат под овие влијанија. Едноставно и разбирливо е и како самите родители кои виделе шанса своите деца да бидат и образувани и писмени, да не се мачат како нив, туку да живеат пообар живот. Цената за ова е продадениот идентитет и образувањето на младите Македончиња како Бугари, Срби, Грци...
Нова генерација во просек иде на секои 20 години. Значи веќе имаме длабоко навлегување на туѓото влијание (болест) во Македонското ткиво. Значи има и внуци чии дедовци биле образувани по туѓи програми. За среќа ткивото никогаш не е разбиено.
Преродбата (почетоците)
Најпрво наивно почнува со луѓето како Марко Цепенков. Едноставно со собирање на народните дела. Самото образование кои Македонците го стекнуваат по туѓите школи, ги поттикнува на пошироки размислувања за општите состојби. Тука почнува и самоосознавањето и раѓањето на првите преродбеници, нови искри во Македонската темнина. Самите овие луѓе како образовани интелектуалци патуваат по Европа и ги носат новите трендови и во нивната татковина, заспаната Македонија. Не ми е ни малку чудно што и самите овие преродбеници доживувале криза на идентитетот, но имам целосно разбирање за нив. БИЛЕ ОБРАЗУВАНИ КАКО НЕМАКЕДОНЦИ И ОСОЗНАВАЛЕ НЕШТО ЗА СЕБО КОЕ НИКОЈ ОД НИВНИТЕ НАЈБЛИСКИ НЕ ИМ ГО КАЖАЛ! ОСОЗНАЛЕ ДЕКА СЕ МАКЕДОНЦИ!
На крај сепак и работеле, оставиле дека и семе за идните генерации-Македонци и умреле како патриоти и Македонци. Нивната големина е во тоа што биле првите пионери кои сами се извлекле од „свилениот конец околку нивниот МАКЕДОНСКИ врат“ поставен од нивните соседи, браќа по вера, соборци против заедничкиот непријател-султанот.
Се раѓа ТМОРО (Тајна Македонско-Одринска Револуционерна Организација), покасно ВМОРО па ВМРО! Јадрото на народот кој се осознава себе си. Туѓите пропаганди делуваат фатално во делувањето на оваа организација. Бугарската пропаганда најмногу и најфатално. Мешањето на бугарските пропагандисти кои регрутираат неуки Македонци како Бугари и ги употребуваат како најсурови непријатели на Македонското дело е причината за пропаста на самото Илинденско востание, предвремено кренато и покасно за расколот на самата ВМРО и нејзините револуционери кои најбрутално се убиваат меѓусебе. Потсетете се само на убиството на Јане Сандански, го убива младич кој како дете е спасен од Турците токму од четата на Сандански. Младичот не ни знаел во кого пукал, а пукал по наредба на пробугарите, со мисла дека убива некој кој е против Македонија. Покасно кога дознава кого убил, самиот си го одзема животот. ВМРО по убиството на Тодор Александров (човек кој и самоит имал дилема за својот идентитет но подоцна осознал кој е и што е), доаѓа и конечното докусурување на организацијата со ставањето на нејзино чело на Иван Ванчо Михајлов, одроден Македонец и тежок бугараш, крвник по природа кој почина во 1990 во Торино, Италија и до крајот на својот живот беше потрчко на бугарската антимакедонска пропаганда. Најсвирепите убиства се случиле токму во негово време и цела Европа останува згрозена од негоите терористи. Сепак светло дело, ако може да се каже е убиството на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, непријател на Македонците од страна на Владо Черноземски. Српската пропаганда е најсилна во Полог и Азот, крајно сиромашни региони. Грчката е најизразита во Егејскиот дел на Македонија, и кога не фаќа корен Грците прават размена на население со Бугарија и Турција, и во овој бран иселуваат над 700 000 Македонци (православни и муслимани) и така се справуваат со Македонскиот национализам. На нивно место населуваат хеленизирани православци од Турција. (Ова се случува во 1922 и паѓа на грб на Македонија и Македонците).
Најновите пропаганди
Во вторта светска војна, а поттикната од сонот за слобода и идеалите на ВМРО, новата Македонска генерација, здрава и самоосознаена, го поведува својот народ кон долгоочекуваната слобода. Но во 1945 па се до 1952 стапува во сила вториот српски пропагандистички бран но овој пат затскриен зад „југословенството и братството и единството“. Македонците остануваат без своите преродбеници од втората светска војна. Овие завршуваат по затворите како бугарофили и антијугословени. Класичен пример за оваа пропаганда е прогонот на Венко Марковски во Бугарија и покасното негово „скренување“ и себеопределување како Бугарин. Оттогаш во Македонија српските пропагандисти организираат лов на вештерки (Бугари). Сите тајни друштва на Македонци-следбеници на идејата за независна Македонија се жигосуваат како про-бугарски. Вистината е дека и самата Бугарија во тоа време освен на своја територија со заушувањето на националните чувства на тамошните Македонци, немала можност да делува надвор од своите граници. Последица од српската пропаганда од вториот период се денешните „комуњари“ сконцентрирани во сите структури на државата и во СИТЕ партии, најмногу во СДСМ. Сеуште одржуваат контакти со белградските нереформирани тајни служби, но и со грчките (најзабележително дело на овие структури е палењето на Америчката амбасада во 1999 поттикната токму од Белград. Имиња нема да наведам, ќе бидат откриени самите во наредните судски процеси против антимакедонци што чекам да започнат. Повеќето се знаат.). Свеж пример е Зоран Вранишковски. Одродувањето на Македонците од овој период е најизразен преку таканаречената југоносталгија и митот за Тито и братството и единството, па како тогаш се живеело подбро од сега и слично. Последиците се сеуште присутни но со време одумираат.
ФИНАЛЕ-СЕГА Е МОМЕНТОТ!
За жал, последица на овие делувања е и Македонско-Албанскиот конфликт, инспириран токму од српските тајни служби, поддржан од грчките и најново од бугарските тајни служби. Овие служби, го поттикнуваат неукиот Албанец преку чие делување очекуваат разградување на Македонија и нејзина ликвидација од политичката карта на светот. Албанците се 45 години угнетувани во социјалистичкиот систем и оттука доаѓа нивната огорченост. За жал Македонците се погрешната мета на нивните напади иако Македонци по род покрај останатите биле нивни угнетувачи. Но не и Македонци по душа. Значи делиме иста судбина и сме угнетувани од исти угнетувачи-„Комунисти и Југословени“. Најновите текови и доаѓањето на конзервативните и националистички партии на Македонците и Албанците (ВМРО-ДПМНЕ и ДПА), кои за среќа добро се разбираат, сметам дека ќе ги порази силите на овие пропаганди, Македонците и Албанците ќе продолжат да живеат заедно во унитарна Македонија како дел од Европската унија. Очекувам финален пораз на туѓите пропаганди и на нивни терен, значи во Атина, Софија и Белград токму од нивната прогресивна младина која се стреми кон подобар живот, а не кон неизживеан НАЦИОНАЛ-РОМАНТИЗАМ. Тука се МАКЕДОНСКИТЕ умови да помогнат. Значи на крајот се сведува пак тешка балканска иронија-СОСЕДИТЕ НАПАЃАЈЌИ НЕ НАС, БИВААТ ДА БИДАТ СПАСЕНИ ТОКМУ ОД НИВ САМИТЕ И ТОА СО ПОМОШ НА МАКЕДОНЦИТЕ. Без ова ќе завршат како современи варвари.
Првично, треба да зајакнеме самите на економски план. Засега одлично се браниме себе си и добро закрепнуваме после се. Само со ладна глава и бистар ум!
Последиците од пропагандите се сеуште присутни. Идентификувајте ги и отфрлете ги. Секоја мерка е ЛЕГИТИМНА кога е во прашање одбрана на верата и идентитетот на МАКЕДОНЦИТЕ. Препорачувам помалку зборување, повеќе дела.
А делата се: образование, па и самообразование, наука како главно оружје, негување и унапредување на Македонскиот дух и традиција, вера и издржливост, економско богатење! Со работа кон остварување на овие цели еднаш засекогаш ќе ја закопаме злата крв помеѓу нас и ќе зачекориме кон брз прогрес во елитата на човештвото зашто нашето место е таму, НА ВРВОТ!