Дијагностички центар: Кушнер
"Вие сте болен. Вие сте луд, немојте да зборувате такви глупости. Што е тоа 'жолта куќа' и зошто е баш жолта? Господине, вие треба да одите на лекарска контрола," гласел одговорот на францускиот министер за надворешни работи на прашањето за став околу наводната трговија со органи на киднапирани Срби од Косово.
Откако новинарот на Гласот на Америка, Будимир Ниќиќ, во Грачаница го запрашал Бернард Кушнер за мислење околу тврдењата за трговија со органи на Срби во Северна Албанија, овој избувнал и почнал со навредите кон новинарот.
"Дали ви личам на некој што би тргувал со органи? Луд сте, верувате во секакви глупости. Доста е. Немало 'жолта куќа', немало трговија со органи. Луѓето кои го тврдат тоа се убијци," продолжил Кушнер.
Новинарот Будимир Ниќиќ изјавил дека се чувствува навредено и оти тој не сакал да провоцира, туку само професионално си ја вршел новинарската работа.
"Поаѓајќи од констатацијата дека многу
семејства на киднапирани Срби го обвинуваат Кушнер за учество во трговијата со органи, прашав каков е неговиот став околу таканаречената жолта куќа. Тој ме праша дали сум болен и луд," додава Ниќиќ.
По неодамнешните информации дека во областа Буреј во Северна Албанија постоело место каде што се ваделе органите на кинднапирани Срби за подоцна да се продаваат, ОБСЕ му го додели овој случај за истрага на Швајцарецот Дик Марти. Албанските и косовските власти ги демантираа овие информации.
Видеото - тука
http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=501AA801D566854E84EB1189313FA5F2
Видете го видеото и паузирајте го на моментот пред да се изнасмее, погледнете му ја фацата, изразот на лицето, очите,
и споредете ја промената на расположението, т.е. "смеењето" , колку му е извештачено.
Не треба да си некој професионален психолог за да приметиш дека лаже и крие нешто.
Друга работа е што Кушнер беше некојси меѓународен олеснувач, пратеник, за независноста на Косово, така да треба да бидеш ретко глупа личност за да му поверуваш дека кутриот стварно не знае што е тоа
Жолта Куќа.
Можеби темава е за подфорумот психологија, но стварно ме интересира како ви изгледа овој човек, неговото ментално здравје, неговата реакција?