Кушадаси

M

macgowan

Гостин
Тие што сте биле или што ќе одите кажете ми дали е потребно патничко осигурување за Турција? Претпоставувам дека е потребно ама во агенцијава преку која ќе одам викаат дека не мора, на што не им верувам, и тие ми дадоа само за Грција зошто ќе поминеме од таму . Затоа кажете ми преку која осигурителна агенција сте ваделе или ќе вадите и колку чини?
Земи осигурување обавезно!Дека не мора,да,но е евтино а ѓаолот ни ора ни копа ќе ги покриеш евентуалните трошоци!
Имам искуство на двапати со такви работи,и на Скијатос и Бодрум во ТР(многу позитивно искуство морам да потенцирам на двапати беше за детенцето и во ГР и во ТР имавме супер однос и од страна на лекарскиот персонал и од хотелскиот персонал во ТР а и од останатите луѓе кои се `најдоа` околу).
Не дал господ...ама ако нешто се случи па мора да се оди по доктори,болници,клиники може да ти побараат па да контактираат со осиг.компанија(една варијанта)а поверојатно е втората варијанта дека ќе треба да платиш па ќе ти ја дадат целокупната документација со која ќе го пријавиш штетниот настан во осиг.компанија.
Да не сугерирам компании,само ќе ти кажам дека повеќето нудат осигурување со учество во штета(франшиза) од 50 до 150еур па внимавај да биде без или со помала франшиза(не е разликата голема).Сметај евро на ден-10 дена 10 евра.
 
М

Мартин`

Бесплатно е лекување на Македонци во Турција кои се туристи..
Деновиве стапила во сила таа одлука во Турција, сега кажаа на вестите само не наслушнав скроз до крај.. иначе имаше и некој број каде треба да се јавиш ако ти треба медицинска помош.. ако знае некој број нека пише.

Иако јас не знаев за одлукава и денеска извадив ..
 
M

macgowan

Гостин
И јас ја слушнав сабајле таа вест за поздравување ,бројот во Турција за информации бил 112.
Но сепак и покрај тоа,пак би носел со мене осигурување оти хмммм...
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
И џабе од темата на крајот сите ќе си одите во Грција проверена ствар,

Далеку е патот реков летото јуни,јули и август е исто ко Скопјаништата коа се пикет за Викенди во Орид .

Нема лезет.

Иначе рака им симнувам Туците се фајтери ,сакаат да ви угодат ви даваат репете ,осигурување и услуга се е ОК,

ама македонче жртва на убавиот живот сака да види некој Холанѓанец ,Англичанец ,Ибица парти ,плавуши насекаде сака да плати 10 евра за бира,сака да оди ка што никој друг не отишол.

така да Грција на Остров права ствар.
 
M

macgowan

Гостин
Merhaba од Фетије!!!

Темата е за Кушадаси но бидејќи нема друга за Турција на форумов, планирам да напишам детално за сите места каде врвиме со цел запознавање од прва рака и информации за местата,патиштата и цените и се останато.

Пишувам од Фетије,ТР.Тука сме веќе 5 дена,за некој ден одиме за Памуккале,па Акчај и назад за дома.Досега 3000км,поминати-Истанбул,Анкара,Кападокија(Гореме,Зелве,Учхисар,Ургуп и подземниот град Деринкују),Султанхани(кервансарај),Конја(кај Мевлана),па преку планините и пределите кои максимално ме освежија-во Сиде,па преку Анталија еве сме Фетије.Тука дури сме ги поминавме,покрај стандардниот Олудениз-лагуната и преубавото крстарење низ 12те островчиња во заливот на Фетије и Гочек,фантастичната Патара(подетално ќе го опишам Ликијскиот регион) па Калкан,Капуташ плажата,Каш па назад преку кањонот Сакликент,Тлос.Денес бевме во Далјан(Изтузу),феноменално...

Накратко,Турција е фантастична,не мислам на државата или на народот,кои се посебно `дваесет`,за друга тема,зборувам за природното и археолошкото,историското наследство,за тоа со што располага и се наоѓа во/под/над неа!
Пишам повеќе за некој ден
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Dobro koja VALUTA E POVECE CENETA VO TURCIJA SLUSAM DEKA BILO DOLAR aj koj bil neka napise
 
Член од
5 август 2011
Мислења
100
Поени од реакции
2
Здраво дефинитивно одлучив оваа година за Кушадаси затоа што одморот ми е од 18 сеп. а има и доста интересни понуди, ајде несто повеќе за Кушадаси ( цени, гостопримливост,плажи... па и за хотелот Sunny Hill доколку некој бил таму). Фала :)
 
Член од
28 април 2009
Мислења
745
Поени од реакции
505
Ајде и јас да прашам. Првпат идам во Турција и сакам да идам во хотел Lal, па сакам да ве прашам дали некој бил во тој хотел, дали има барем мини бар (по агенцииве пишува дека има, но за сигурно некој од искуство да не знае). Како е со цените за јадење, цените за автобусите што носат до плажа (најдобри плажи кои се), и места кои е "пожелно" да се посетат.

Фала
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.591
Ако може некој љубезен да кажи пример подетално со што одел, каде престојувал, хотел, мотел, апартмани триста чуда, јадења, колку дена, се....колку пари го чинело?
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ајде и јас да прашам. Првпат идам во Турција и сакам да идам во хотел Lal, па сакам да ве прашам дали некој бил во тој хотел, дали има барем мини бар (по агенцииве пишува дека има, но за сигурно некој од искуство да не знае). Како е со цените за јадење, цените за автобусите што носат до плажа (најдобри плажи кои се), и места кои е "пожелно" да се посетат.

Фала
Во тој хотел не сум била бев во хотел со 3 ѕвезди и немаше мини бар, што е мн лошо затоа најдобро провери си на интернет каков е хотелот. Цените за јадење се пристапни, има еден поголем маркет лани се отвори кај лејдис бич и доста е ефтино, а и во рестораните не е скапо отприлика е како кај нас (секако има и скапи ресторани ама затоа обично менијата с еизложени па можеш да си ги видиш цените пред да влезеш), нивните јадења тешко да ти се допаднат ама затоа секаде по рестораните има пилешко, имаш и мекдоналдас и бургер кинг во центарот. Автобусите возат за 2 лири во еден правец по човек, т.е 50 денари. На лејдис бич водата е најчиста па затоа е и најубава плажа. Инаку и Лонг бич ти препорачувам да ја посетиш таа е многу долга само водата не е мн чиста ама сепак е убаво. Место што мора да се посети е дефинитивно Памуккале, турите се околу 23-25 евра, ама сам ако си организираш преку некоја од тамошните туристички агенции, зошто ако ги слушаш туристичките водичи од хотелот, што ти ги обезбедува агенцијата тогаш дупло ќе си платиш. Исто така ти препорачувам посета на аквапарк, таму има два, Адаленд е најголем а Аква фантази е еден од најубавите па нема да згрешиш за кој и да се одлучиш. Потоа, имаш еднодневни екскурзии до Ефес за 10 евра, крстарење со бродче за 10 евра . Отприлика тоа е, имаше уште една тура Џип сафари многу интересно звучи, но не сум била па незнам како е. И да, некој праша за гостопримливост. Mногу се гостопримливи, услугата им е на врвно нивознаат како да привлечат муштерии, многу се фини што не можеш да не им се вратиш. :)
 
M

macgowan

Гостин
Ако може некој љубезен да кажи пример подетално со што одел, каде престојувал, хотел, мотел, апартмани триста чуда, јадења, колку дена, се....колку пари го чинело?
Боби, имаш на тема Турција одговори на дел од прашањата.
 
Член од
28 април 2009
Мислења
745
Поени од реакции
505
Во тој хотел не сум била бев во хотел со 3 ѕвезди и немаше мини бар, што е мн лошо затоа најдобро провери си на интернет каков е хотелот. Цените за јадење се пристапни, има еден поголем маркет лани се отвори кај лејдис бич и доста е ефтино, а и во рестораните не е скапо отприлика е како кај нас (секако има и скапи ресторани ама затоа обично менијата с еизложени па можеш да си ги видиш цените пред да влезеш), нивните јадења тешко да ти се допаднат ама затоа секаде по рестораните има пилешко, имаш и мекдоналдас и бургер кинг во центарот. Автобусите возат за 2 лири во еден правец по човек, т.е 50 денари. На лејдис бич водата е најчиста па затоа е и најубава плажа. Инаку и Лонг бич ти препорачувам да ја посетиш таа е многу долга само водата не е мн чиста ама сепак е убаво. Место што мора да се посети е дефинитивно Памуккале, турите се околу 23-25 евра, ама сам ако си организираш преку некоја од тамошните туристички агенции, зошто ако ги слушаш туристичките водичи од хотелот, што ти ги обезбедува агенцијата тогаш дупло ќе си платиш. Исто така ти препорачувам посета на аквапарк, таму има два, Адаленд е најголем а Аква фантази е еден од најубавите па нема да згрешиш за кој и да се одлучиш. Потоа, имаш еднодневни екскурзии до Ефес за 10 евра, крстарење со бродче за 10 евра . Отприлика тоа е, имаше уште една тура Џип сафари многу интересно звучи, но не сум била па незнам како е. И да, некој праша за гостопримливост. Mногу се гостопримливи, услугата им е на врвно нивознаат како да привлечат муштерии, многу се фини што не можеш да не им се вратиш. :)
Фала ти за опширното и јасно објаснување. Горе доле се што ме интересираше си пишала. Инаку тој хотел отпадна, бидејќи најдов за иста цена друг кој има и кујна :)
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
70
Поени од реакции
44
Дали некој ќе може повеќе да каже за цените т.е влезници за дискотеки ( слушнав скапи биле), пијалоци во дискотеките, кафиќи ( слушнав пиво 5-6 евра, коњак 7-8 евра), пијалоци и кафиња на плажа, лежалки на плажа, јадење без разлика ресторан или некое помало место ама со разумна цена, за колку евра ќе може да јадеш убаво а да не те боли глава кога ке претвориш во денари :). Гледав аражман од 180 евра, хотел со две **, така да ме интересира колку уште би било доволно за да си поминеш убаво, да не се стискаш таму, да излезеш 7-8 пати да посетиш аква парк еднаш- два пати, па да видам дали мојот скромен буџет од 500 евра ми го дозволува Кушадаси :)
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
33
Поени од реакции
7
Па за цени по кафичи не верувам дека некој може да ти каже затоа што кога јас бев келнерот си ги наплаќаше пијалоците колку ќе му текне, дури и кусур не враќаше. Така да пази на тие работи а за кафичи ресторани мислам дека не е толку скапо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom