Јас би предложил одење на своја рака.Без агенции и фиксни аранжмани!
За оној кој не би одел со свое возило супер варијанта за одење Турција е со авион до Истанбул или Измир(евтини летови слушнав ќе ги има - Pegasus air) а потоа со автобус до каде ти душа сака низ Турција.Од Истанбулскиот Buyuk otogar,огромната автобуска станица има нон-стоп автобуси за цела Турција.Автобускиот превоз во Турција е многу застапен и е малку поинаков од оној на кој сме навикнале кај нас.Автобусите се супер,со комотни седишта,добро климатизирани,служат напитоци и...лета мајсторот!
http://www.otogaristanbul.com/index.php ова е сајтот на автобуската станица,на Турски е но малку ако се прочепка се наоѓаат сајтовите на агенциите кои возат,до каде и за колку.
Друга работа,гледајте го апартманското сместување во Турција,доста е поволно!За тој кој е малку авантурист и сака да не врви на едно место најевтина а квалитетна варијанта е гореспомнатата.Со автобус низ Турција и барање апартмански смештај преку нет-от.Јас така ангажирав во Фетије,Калис, апартмани за 8 луѓе макс.,на 2 спрата со базен,3 спални и 3 купатила за 370еур неделно!Сопствениците на вакви супер наместени апартмани се претежно англичани,кои купуваат/купиле недвижности во ТР и ги рентаат преку годината.Сајтовите се na пр. hollidaylettings.com.uk,уствари напиши vacation rentals Turkey и шпартај,има долж цел брег(најмногу за Бодрум и околината и Фетије/Хисарону/Олудениз,потоа Финике,Каш,Далјан,Мармарис,Анталискиот регион,т.е.на најубавите места!).Има и за Кушадаси и Дидим.
Памуккале се доста поевтини хотелчињата,мое мислење,во споредба на пр.со Кападокија(Учхисар,Гореме...)и се скоро сите со базенчиња.Јас резервирав на booking.com во Памуккале за 50еур ноќевање за 6лица со доручек и базен.Кападокија е поскапа нешто околу сместувањето мада има доста хостели за бекпекери со shared bathroom(јас тоа не го барав).
Анталискиот регион-поевтини беа сместувањата во самата Анталија и на море во Сиде-таму букирав исто има доста поволни хотелчиња.
За крај би напоменал дека Турција не е `страшно евтина` како што напиша некој,тоа време помина одамна.Е нешто поевтина од Грција но типот ресторани,кафичи,клубови па и лежалки на плажа...не е многу различно.Едно е чартер со хотелски аранжман со all inclusive варијанта и аниматори да ти скокаат,друго е поевтина варијанта во хотел со 2 ѕвезди и хранење надвор,трето е сам свој мајстор аранжман и тој е сепак,поповолен,но не е за секој.