Кушадаси

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
И све е супер има најефтини цени ама е многу далеку башка менталитет е балкански па Грција е подобра дестинација.

Инаку цените таму се поефтини можеби најефтини во СВЕТ.

Ама далеку е многу е далеку.

Можеби е подобро да се оди да речеме во Септември тогаш температурата е ОК.И ти доаѓа патување.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99

Тоа ме интересира колку часа се патува со автобус?????? Сите различно кажуваат :unsure:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Тоа ме интересира колку часа се патува со автобус?????? Сите различно кажуваат :unsure:
27 саати со кола. Од кој 6 на граница поминаа зошто во Јули огромни гужви има. Турците што работат во странство се враќаат во Турција и обично има колона од 3 до 6 километри и тоа 4 колони се. Ова ти кажувам од 4 годишно искуство така е секоја година. :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ама брзо работат, нема гњаважи како кај јужните соседи, во август јас секогаш имам одено во Турција и за максимум 20 минути сме проаѓале, нема застој, ниту малтретирање, покажуваш документи, скенира, гледа, free to go.
Башка стварно не знам што ви пречи факторот далеку, општо кога ќе им спомнам Турција на 70% ми викаат ааа не таму, далеку ми е, многу пат. Жити патот, еден ден со автобус А класа со клима, вода, ГПС, МПС... Или па ај околу регионов цело време ќе идеме, шо, не е битно што подалеку да се рашета.
 
M

macgowan

Гостин
Јас би предложил одење на своја рака.Без агенции и фиксни аранжмани!
За оној кој не би одел со свое возило супер варијанта за одење Турција е со авион до Истанбул или Измир(евтини летови слушнав ќе ги има - Pegasus air) а потоа со автобус до каде ти душа сака низ Турција.Од Истанбулскиот Buyuk otogar,огромната автобуска станица има нон-стоп автобуси за цела Турција.Автобускиот превоз во Турција е многу застапен и е малку поинаков од оној на кој сме навикнале кај нас.Автобусите се супер,со комотни седишта,добро климатизирани,служат напитоци и...лета мајсторот!http://www.otogaristanbul.com/index.php ова е сајтот на автобуската станица,на Турски е но малку ако се прочепка се наоѓаат сајтовите на агенциите кои возат,до каде и за колку.
Друга работа,гледајте го апартманското сместување во Турција,доста е поволно!За тој кој е малку авантурист и сака да не врви на едно место најевтина а квалитетна варијанта е гореспомнатата.Со автобус низ Турција и барање апартмански смештај преку нет-от.Јас така ангажирав во Фетије,Калис, апартмани за 8 луѓе макс.,на 2 спрата со базен,3 спални и 3 купатила за 370еур неделно!Сопствениците на вакви супер наместени апартмани се претежно англичани,кои купуваат/купиле недвижности во ТР и ги рентаат преку годината.Сајтовите се na пр. hollidaylettings.com.uk,уствари напиши vacation rentals Turkey и шпартај,има долж цел брег(најмногу за Бодрум и околината и Фетије/Хисарону/Олудениз,потоа Финике,Каш,Далјан,Мармарис,Анталискиот регион,т.е.на најубавите места!).Има и за Кушадаси и Дидим.
Памуккале се доста поевтини хотелчињата,мое мислење,во споредба на пр.со Кападокија(Учхисар,Гореме...)и се скоро сите со базенчиња.Јас резервирав на booking.com во Памуккале за 50еур ноќевање за 6лица со доручек и базен.Кападокија е поскапа нешто околу сместувањето мада има доста хостели за бекпекери со shared bathroom(јас тоа не го барав).
Анталискиот регион-поевтини беа сместувањата во самата Анталија и на море во Сиде-таму букирав исто има доста поволни хотелчиња.
За крај би напоменал дека Турција не е `страшно евтина` како што напиша некој,тоа време помина одамна.Е нешто поевтина од Грција но типот ресторани,кафичи,клубови па и лежалки на плажа...не е многу различно.Едно е чартер со хотелски аранжман со all inclusive варијанта и аниматори да ти скокаат,друго е поевтина варијанта во хотел со 2 ѕвезди и хранење надвор,трето е сам свој мајстор аранжман и тој е сепак,поповолен,но не е за секој.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Не оди во Кушадаси плажата е катастрофа! That being said, има добар ноќен живот таму.
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
138
Поени од реакции
22
Јас искрено бев еднаш пред 3 години и не сум многу одушевен од местото.После ми кажаа дека многу поубаво било во Бодрум ама тоа тој што бил нека каже.Може е вкус во прашање ама мене лично не ми се свиѓа да гледам на плажа жени во мантили да се бањаат, друга работа кога шетате по улиците со продавници немој да се изненадите ако продавачите ве влечат за рака за да купите од кај нив,или ако имате плава девојка да и се додворуваат бес срам.Сега пак кажувам мене ова ми смета може на некој му изгледа симпатично ама јас не би дал 600 евра за да одам во Кушадаси, плус температура над 40 секој ден неможе секој да издржи.
 
M

macgowan

Гостин
Мантили имаш и во Бодрум и во Анталија.Истото и за влечењето,гибањето и мај френд!пристапот.Само што вистина Кушадаси е за ниво подолу од наведените.Има и доста повеќе домашни туристи ,што е карактеристично за потегот баш од Кушадаси нагоре до Ајвалик.Чешме и Кушадаси пак се сепак пред сите други места од наведениот регион на егејот(Берам,Ајвалик,Акчај,Дикили,Фоча...).
Ако мислиш дека во Кушадаси има горештини...не оди во Анталискиот залив.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Јас би предложил одење на своја рака.Без агенции и фиксни аранжмани!
А може ли некој да ми каже зошто кога сакав сам да си резервирам соба преку booking.com во хотел (конкретно Минај) и кога го собрав и трошокот за автобус ми излегуваше поскапо отколку да отидам комплетно преку агенција во истиот хотел? Нели пологично би било да ако сам си резервираш да те фати поефтино, а вака испаѓа ко агенцииве да имаат некои попусти.
 
M

macgowan

Гостин
Одредени аранжмани се поевтини преку агенции,апсолутно!Откупуваат/резервираат соби во хотелите или апартмани(што е почест случај за Грција) и нормално е да добиваат попусти и излегува поефтино.
Booking секако не значи дека е поефтин.Барај ги преку Booking и слично па контактирај директно со нив ако имаат свој сајт или преку некој локален да им најдеш мејл-даваат попусти.Така направив лани за сместувањето на Крит и сега за хотелчето во Истанбул и во Сиде.Ми вели,ако платиш на рецепција во кеш имаш 10% попуст,нема проблем ефенди!Лани иста приказна,го контактирав директно сопственикот на неговиот сајт и ми даде доста попуст од цените објавени на Booking.Пред неколку години така направивме за Хрватска.Ако може директно е најдобро!

Јас за Кушадаси имам обратно искуство од твоето за хотел Imbat.Платив поефтино преку Кусадасихотелс.цом отколку преку наша агенција(за 4ица што е право,сега сум family guy).Платив 30% унапред остатокот дојде едно внуче на 5тиот ден од кај нив да му доплатам.Аферим!

Да не ти кажувам дека на почетокот на 90тите `кога одеше господ по земја` во Кушадаси(и ние одевме со автобус -само со платен превоз смештај баравме на лице место- по 30 сати со 3685 зае..нции по патот,па дупли места во автобусот на враќање и сл.борби,па стоење/спиење на подот на душек,па клима нема или демек не чини...)бевме сместени за 10 марки по човек во хотелче со клима и базен во центарот,се поливавме со Ефес 0,5л за 1 марка една улица под барстритот(на барстритот,во `Killarney`,`Јimmy`s` и `Kitty O`Shea` беше 5 марки истото флаширано анасана!)

Директно контактирај,барај ги!
Ти посакувам успех и убав помин во Турција!
 
Добри совети, фала ти и ти имај убав помин каде и да одиш! Сепак имам веќе уплатено ама баш ме интересира која би била понудата доколку го направам ова па ќе им пишам, а и за некогаш во иднина може ќе послужи.
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
33
Поени од реакции
7
Јас бев сместен 4 години во хотелот La Cigale Akdeniz сега се вика Atlantique.Хотелот е 7 километри надвор од градот. Со комбе те собираат и те носат патував негде саат и пол, али дефинитивно тој саат и пол беше кошмар. Ем патот не беше ко што треба, а сонце пукаше.
Јас бев во мај во Кушадаси и бев сместена во тој хотел. Не е лош хотелот ама сепак не сум задоволна така како што очекував. Не ми се допаѓаи тоа што продавачите на секој начин се обидуваат да те натераат да купиш од нив дури и со влечење за рака. Не е така ефтино како што имаат ми кажувано. На пример, една обична маичка фалсификат сакаат да ти ја наплатат дури и по 30 евра и не ги спуштаат цените многу. Можеби и ние не сме знаеле да се ценкаме :) Некои од продавачите дури не нарекуваат и кокошки :tapp: Менталитетот е ист како и нашиот. Повеќето од луѓето се љубезни посебно кога ќе слушнат дека сте од Македонија. Памуккале доаѓа по околу 3-4 часа во еден правец со автобус но вреди да се видис. Штета што како што ми кажуваа почнало да се суши. Убаво си поминав, но сепак очекував градот да биде малку поубаво среден со оглед на тоа дека е туристичко место.
 
M

macgowan

Гостин
macgowan posto si familijaren kako ce odis sega so avtobus ili avion
Me interesira na koj sajt da trazam za Antalija ili Kemer smestuvanje vo hotel se nekako skapo izleguva ajde pomos
a i ako imas malo dete so avion e preskapo pa kaj se poevtini ceni vo avio soobracajot se e izgor skapo
`Итс компликејтд`...Со сплав(туниран) преку Дримо ... до Цариград,таму ќе ме чекат бланшираните камили увезени од Салалах добро напоени за усвет да фатам!После имам одредено еден сабах да го чекам со натемаго (пошто тешко му е на правоверниот човек денес да избира)за да одлучам бидејќи има искушенија ихаха,но јас скромен ги следам зборовите на еден поранешен шахид за македонската кауза:`едноставно нели,ниедна алтернатива не е наодмет...`Љ.Ѓ. така да ...
со кола е политички најкоректно.

Извини Зоки стварно морав ова да го напишам оти буквално така ми иди да тргнам...

Скапо е оган,знам!Ако одиш со детенцето во ол инклузив плаќаш само авиокартата и аер.такса!Ама што е многу многу е.Ги гледав понудите,папапа...
И со колата е оган,каква и да е(гориво,зелен картон,патарини...и на крај крајева-гарамет!)ама е сепак сеуште поевтината варијанта!

Секое добро и само шпартај по агенциите за Анталија со авион!

Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Тие што сте биле или што ќе одите кажете ми дали е потребно патничко осигурување за Турција? Претпоставувам дека е потребно ама во агенцијава преку која ќе одам викаат дека не мора, на што не им верувам, и тие ми дадоа само за Грција зошто ќе поминеме од таму . Затоа кажете ми преку која осигурителна агенција сте ваделе или ќе вадите и колку чини?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom