Ако се работи за љангарине што се влечкаат по канти и пред касапници тогаш нема што да се размислува, успивање е метода која е прифатлива зошто е безболна. Тие љангари преставуваат опасност за околината и човекот и како такви треба да се отстранат од улиците и не ми паѓа на памет некој оданочени мои пари да ги троши на храна за овие кучиња. Нека се издвојат помалите кутриња, нека се исчистат и вакцинираат и нека се дадат на аукција ако има заинтересирани за да ги купаат (сепак мора да се извади некој динар за вакцината и храната), постарите кучиња и кутрината кој не сака никој да ги купи треба да елеминираат за да не бидат опасност по здравјето на човекот.
Кучето не е некоја сорта на која и се антиципира изумирање, можам да речам дека имаме и експанзија и елиминирање на дузина љангари нема да има никакво влијание.
За да се спречи ова откако ќе се елиминираат сите љангари и непотребни кучиња да се донесе закон со кој сопственикот на куче е должен да го пријавува своето куче во ветеринарна станица и состојбата. Ако некој сака да удоми или купи куче да потпише договор со кој ако го исфрли кучето на улица следи затворска казна од 3 години робија и парична од 5000 еура па тогаш не верувам дека ќе купуваат куче како предмет за занимација на деца.