Купопродажба на недвижности во Скопје

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Пред 10 години трендот беше да се оди во Скопје, а сега трендот е да се оди надвор од Македонија,
сега за сега се држи цената поради тоа што градежниците се преполни со пари (дупла маржа) и градат насекаде, кога ќе им снема пари ќе видеш како ќе има пад на градењето станови,
оној што го купи саемот ќе правел згради во вредност од 300 милиони, кој ли ќе ги купи незнам,
како тргнало со правењето премногу станови Скопје ќе стане како Охрид за 20-30 години, освен ако не се смени нешто.
Со оглед дека не се рушат згради и куќи во МК...просечниот Македонец со 90% сопственост на недвижност ќе си го крка. Просечниот Македонец не е под кирија. А си го јаде и тоа со години. Јас сум со сите екстра пари на МСЕ и Девизи. Денар и недвижности несакам како инвестиција. Авериџ Џо пак си го крка...Пак на цени, ниски камати :)
 
Последно уредено:
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.141
Поени од реакции
5.492
Со невработеност од 20% и просечна плата 24000 или 24000*1.8 =окулу 40.000 или 1м2 месечно. Во 2008ма невработеност 35% а плата 20000*1.3 = окулу 26000 или со цена од 2008ма 0.5 м2 месечно...100% се подостапни недвижностите од пред 10 години. А долгорочен тренд во земји е да не опаѓа туку да е стабилен. Ако се земе во предвид и пониски камати...може и над 120-150% е.
na strana sto brojkite ne ti se bas realni: ako ja koristis taja matematika za germanski grad so visok standard togas doagas do brojka od 2 m2 mesecno, znaci i so tvojata matematika se doaga do zaklucok deka cenite vo skopje se prenapumpani i treba da se prepolovat za da bidat na levelot vo germanija. baska sto kamatata za krediti vo germanija e daleku poniska, toa ne e ni vmetnato vo toj racun.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Не најдов каде да прашам мислење за купување на имот во Гевгелија.

Дали некој има информации за тоа како би се движеле цените во иднина и колку кошта од прилика сега да се купи плац кој ги има сите потребни документи за изградба на куќа?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Не најдов каде да прашам мислење за купување на имот во Гевгелија.

Дали некој има информации за тоа како би се движеле цените во иднина и колку кошта од прилика сега да се купи плац кој ги има сите потребни документи за изградба на куќа?
Ќе отидеш во општината и ќе си прашаш колку се комуналиите и колку се нивните проценки за вредноста на земјиштето, имаат зона 1, 2, 3... со нивна пресметка за донокот, обично е помала од пазарната ама не е којзнае колку многу
потоа си наоѓаш продавач се распрашуваш дали имало продавања во таа област и колку отприлика се продавале и се ценкаш со газдата.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Ќе отидеш во општината и ќе си прашаш колку се комуналиите и колку се нивните проценки за вредноста на земјиштето, имаат зона 1, 2, 3... со нивна пресметка за донокот, обично е помала од пазарната ама не е којзнае колку многу
потоа си наоѓаш продавач се распрашуваш дали имало продавања во таа област и колку отприлика се продавале и се ценкаш со газдата.
Ти благодарам за одговорот Тома, не знаев дека може до толку да помогнат во општината :)
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
515
Поени од реакции
745
Не се нормални со становите што се градат во Скопје.
Бев вчера да разгледувам, па тоа собите се минијатурни, 52м2 со две спални, тоа спалните беа буквално 2х2 метра, немаш каде кревет да ставиш камо ли па плакар.
цена ми вика 1150 евра квадрат а станот сеуште се гради.
катастрофална понуда и во однос на квалитет и во однос на цени
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253

kupisi plac vo sonje i napraj si kujka nebidi glup
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Становите зјаат празни, цената не се намалува
15 јуни 2018 / 15:06
Над 3.500 новоизградени станови зјаат празни, но не престанува трендот на нивна градба. Податоците на статистиката покажуваат дека лани биле изградени 2.822 нови станови. Најмногу во Скопје. Градежниците велат дека и покрај ваквите податоци, се уште има простор за изградба на нови. Сепак, категорични се дека и покрај големата понуда нема простор за намалување на цената на квадратот. Одлуката на Владата да го задржи ДДВ – то на становите на 5 отсто, според нив значи само стабилизиција на пазарот на недвижности.

„Не постои можност за намалување на цената на становите. На краток рок не постои ни за зголемување на цената на становите. Со самата стапка од 5 отсто ние се изборивме да ја стабилизираме цената на пазарот на недвижности“, изјави Ивица Јакимовски, претседател на Градежна комора при ССК.

Градежниците велат дека на пазарот има се уште простор за градење на нови станови. Велат дека има урбанистички планови, а треба да се направат и нови, но тоа да биде направено плански. Апелираат градежните компании да градат квалитетно.

„Она што е квалитетно ќе се продаде, а она што е неквалитетно останува на инвеститорот да размисли како ќе гради понатаму“, вели Јакимовски.

Според статистиката лани се изградени 179 илјади квадрати станбен простор. Просечната големина на становите е 63 квадратни метри. Најевтини се становите во преиферијата на Скопје односно во општините Ѓорче Петров и Хиподром каде што цената се движи од 650 до 900 евра, додека најскап е квадратот во Центар, Карпош и во Аеродром, каде што цената се движи од 1.000 до 1.300 евра. Според податоците на статистика, само во април биле издадени градежни дозволи за изградба на уште 965 нови станови на територијата на целата држава.

Александра Спасевска
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не знам каде ги наоѓаат податоциве дека зјаат празни. Ние пред 2 години, цела година следевме огласи. Оваа година од февруари наваму, значи 5 месеци, секој ден прегледувам огласи со станови. Освен на неадекватно место или по некоја виенска цена, однапред голем број уште во темели е продадено. Нека наведат барем во кои населби, кои згради. Дали празни купени или празни се нудат за продавање...
За цената не ми се ни збори. Во Чаир се градат за под 700 е/м2, кај Имес или Мичурин за 1100-1300 е/м2. ??????
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Во Чаир се градат за под 700 е/м2, кај Имес или Мичурин за 1100-1300 е/м2. ??????
македонците се многу лакоми почнувајќи од сопствениците на плацот преку општините и крајно инвеститорите на сите им зинал газот за брзо богатење, а купувачите не се ни свесни за моќта што ја имаат
 
Член од
7 октомври 2015
Мислења
46
Поени од реакции
40
Не знам каде ги наоѓаат податоциве дека зјаат празни. Ние пред 2 години, цела година следевме огласи. Оваа година од февруари наваму, значи 5 месеци, секој ден прегледувам огласи со станови. Освен на неадекватно место или по некоја виенска цена, однапред голем број уште во темели е продадено. Нека наведат барем во кои населби, кои згради. Дали празни купени или празни се нудат за продавање...
За цената не ми се ни збори. Во Чаир се градат за под 700 е/м2, кај Имес или Мичурин за 1100-1300 е/м2. ??????
и јас исто така следам огласи и најчесто нема или има само скромна понуда на станови во огласите
ама ако пробаш да отидеш на лице место има да се фатиш за глава- колку од становите во нови згради кај што кажуваат дека 99% се продадени ниту живее некој ниту има намера некој да се всели- зјаат празни..
пример: идам во нова зграда во центар да гледам стан и ми викаат све е продадено освен ова,а се гледа дека никој не живее во зградата, али си помислив нова зграда таман треба да се вселат...
по две години одам во истата зграда да гледам друг стан- пак истиот муабет све е продадено освен ова,а се забележува дека зградата е скоро празна,
и овој пример важи 3-4 години
според мене тоа е некој маркетиншки трик. демек све е продадено, баш за тебе чуваме стан по 1200е/м2
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Ок, затоа велам зависи каде и какви станови. Некои инвеститори нудат исклучиво поголеми станови кои потешко се продаваат. Проблемот е да се разграничи дали не живее никој во моментот или не се продадени. Во нашата зграда неколку се спорни (затоа се празни), другите сите се купени, а 3-4 од купените никој не живее-ама се продадени. Затоа велам, новинарите треба да разграничат празен од непродаден стан.
Пред 3 години накај Пржино во нова зграда, додека се мислевме, за 2 недели станот го дадоа. Сега веќе цела зграда.
Во Александрија добар дел не се вселени заради калта и пристапот веројатно. Иако најголемиот дел од помалите се купени, дури и од 2те згради кои сеуште се во цигла/карабина.
Во 2 згради Влае кај игралиштата, едната е изградена и главно купена, другата во плоча веќе има интерес за помалите. Во Хром помал стан (35, 40, 45 м2) скоро и да не се наоѓа. Во Ѓорче, иако пониска цена, проблем е местото (стадионот, Санте...). Што значи, на пристојни локации (превоз, инфраструктура), помала добро испланирана површина и средена документација, најголем дел одат прилично брзо. Ако имаш проблем со компензација, подизведувачи, цесии, документи, локација...нормално дека ќе се празни.
Затоа и ставив инфо за цените во една или друга населба. Ако цената се одредува преку понуда/побарувачка, цените во т.н. атрактивни населби (???) би требало да се намалат и да се изедначат со оние другите инаку зашто разликите од Ченто, Хиподром или Север би биле толкави во однос на Мичурин, Тафталиџе, Имес или Ривервју. Скоро сите тие зависат од кредити. Нема резон, и во вториве населби градат албанци, и во првите (ако мислите дека едните се алчни за пари, другите не). Слично стои и за кириите.

Впрочем, од каде им на новинарите колку станови имаат сопственици, не знам.
Тој поим "зјаат празни" е недефиниран и веројатно се препишува или злоупотребува.

Патем, мислам дека годинава се одобрени добра сума станбени кредити така да цените, ако оди ова темпо доселба и градење, тешко дека ќе се намалат.
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

Кредитите се во застој бар последните 2 години и кај најагресивните банки што кредитираа стагнираат. За становите во Влае дека се продадедни мислам дека е обратно ако збориш за Лутарико тамо пријатели прашуваа не само што има станови туку има и попуст онака роденденски како го викаат по 950е мк2 без ценкање и напор од прва. А за тоа од каде се информациите дека има непродадени станови верувај дека се доста точни. Пазарот на недвижности тоне во буквална смисла иде судбина на Џеваир.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Кредитите се во застој бар последните 2 години и кај најагресивните банки што кредитираа стагнираат..
Конкретно последно соопштение во мај 2018 од НБРМ, за околу 15%.
http://emagazin.mk/vesti/vest/49339?title=porast-na-stanbenite-i-na-potroshuvachkite-krediti
и предвидувањето од Бишев од 2015
http://emagazin.mk/vesti/vest/14553?title=bishev-doprva-nje-ima-porast-kaj-stanbenite-krediti-
За становите во Влае дека се продадедни мислам дека е обратно ако збориш за Лутарико
не зборам за тие згради. Овие 2 згради се помеѓу Кленоец и Пресека. Едната е целосно изградена, другата не е ниту карабина. Хром зад црвените згради изградија 2 нови, веднаш цели се продадоа. Нормално, на фина локација, со сите документи.
А за тоа од каде се информациите дека има непродадени станови верувај дека се доста точни.
не знам од каде им се информациите, можеби катастарот. Инаку, ако тргнеме од податоци, а не од лично искуство, секоја година пишува се градат 4-6000 станови прилично непроменлива бројка. Од Пописот 2002 стои дека во Скопје имало 163500 станови (просечно 69м2 стан) во кои живееле 145000 домаќинства ...
Не сум сигурен дека новинарите правеле до толку длабински анализи. Пред се во текстот нигде не стои непродадени туку празни. Истите новинари нигде не ги споменуваат големите разлики во цени на пример од Санте, Сопиште, Илинден, Драчево (и таму е најавен комплекс) Ѓорче или Хром до Мичурин, Имес и Настел. Како на станови така и на куќи и кирии. На квалитетот не ми се верува.

Ова би било поинтересно неголи информација дека 1-2% од становите биле празни.
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Stopanaska zabavi i kreditira isto soglasno posledniot izvestaj za kmb da ne zboram slicno e i so tutunska kaj nea mal rast od toa najgolem del na potrosuvacki. ovie banki pravat poveke od 70% od vkupniot bankarski sektor eve i ohridska stagnira i nea da ja dodeme. Neznam emagazin koi podatoci i nrbm gi citira za 12% rast.Da gi otvorime bilansite na bankite i tamo nema lazenje. Od druga strana na sekoe kjose zgrada onie kaj citymol grdosija od stanovi zjaat prazni kako sto se gradi sega so 200-300m vlogovi treba bankite po 35% da mavaat krediti.

Ima druga strana dobra parite sto se ispokradoa poslednite 20 godini abdalite gi potrosija vo zgradi tamo se i najgolem del od istragite vo gradeznistvo toj mozok za kapital znae samo gradeznistvo, sega ocekuvam tie da stana kreditori mesto bankite i da molat da ti prodadat stan i da te cekaat 15godini da go isplatis toa ne e nisto novo.

A za kupeni stanovi sto se izdavaat za kirija toa e druga kataklizma .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom