Информација од 2011, проблемите повеќе помалку се исти (без документи, недоизградени, без паркинзи, голем профит, високи цени...)
https://vecer.mk/makedonija/borba-za-stanovi-so-normalni-ceni
Како да се најде начин да се запре екстра профитот на градежната мафија
Борба за станови со нормални цени!
Околу 40 милиони евра (!) годишно заработуваат инвеститорите во станови низ Македонија, како екстра профит што не го заработиле, туку се офајдиле од намалените даноци за изградба и продажба на станови, кои наместо да донесат помала цена, ним дополнително, без работа, им ги полнат џебовите
Ако се земе дека градови со околу 500.000 жители во Европа, каде што просечна цена на градежен работник, механизација и употребени материјали е повисока за над 100% од она што се плаќа дома... имаат слична цена на нашата, во Скопје, прилично јасно се гледа дека
заработките на градежните инвеститори се многу поголеми од европските стандарди во слични ситуации.
Дополнително, на штета на купувачите кај нас оди податокот дека
квалитетот на вградени материјали и финална изведба тука, и надвор во Европа не се ни споредува.
Во Европа ни случајно не може да се гради станбена зграда без обезбедени сопствени паркинг-места, без противпожарни системи, без заеднички јавни простории, без уреден двор околу објектот... како што тоа се случува кај нас каде што се прават фиктивни договори за паркинг-места со трети лица, за уредување зеленило и слично околу зградата не може да стане ни збор, а начинот како се буткаат згради една преку друга во Охрид или Скопје видно покажува дека законот не се почитува ниту од општината, ниту пак од инвеститорот. Грешките од ова не можат да се исправат речиси никогаш.
Праксата да се почне зграда, а да не се доврши ни за десет години, и да стои како карабина без никому ништо да му фали притоа, ја потврдува јасно видливата теза за градежна мафија.
Оној кој гради и почнува со градба, собира аванси и прекинува со градење откако ќе собере доволно пари. Тужбите за направена штета или надомест со враќање пари не даваат резултат, затоа што се плаќало како заедничка градба со солидарен ризик или се давани пари во кеш, надвор од законот, што е казниво и за оној кој ги земал, но и за оној кој дал такви неевидентирани пари.
За споредба, од 2008 г. наваму
цените во државите на Европската унија паѓаат со стапка од најмалку 10% годишно.