Купопродажба на недвижности во Скопје

Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Kirija 120-130e za namesten stan 50-60m2 lisice aerodrom. Istiot ti go prodavaat 50.000e. Koga ke zemes kredit da go otplakas npr na 20 god so kamata ke te fati najmalku 100.000 ako ne i poveke mesecnata rata ke bide najmalku 350-400e so e vo start da kazeme 3 pati poveke nego kirijata, toa e realnosta. I toa 20god sigurni prihodi za da moze tie 400e mesecno da gi plakas. Kade se trosocite za opremuvanje na stanot. Pri ovoj soodnos cena kirija samo budala kupuva stan. A i da imas kes za 50.000e kupues garsonjera ili ednosoben stan na zapad so ke ti nosi 400-500e sigurna kirija mesecno, so tie pari vo mk kirija ke platis, smetki i pola pari ke ti ostanat.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
ако е 1000 евра некако ми е висока цена за таа квадратура. Лука негде најавија под 1000 евра Мичурин. Аеродром им се 1000-1100.

За германците и кириите
https://denar.mk/157035/ekonomija/grafik-na-denot-kako-se-menuvale-kiriite-vo-germanija-vo-tekot-na-godinite
Доколку се случило да инвестирате во имот во Берлин, на пример, во 1990-тите, сега сте сопственик на „златен рудник“ ако го изнајмите, пишува „online.com“.
Просечните кирии продолжуваат да растат во водечките градови во Германија. Лидер во овој поглед е Минхен, покажуваат податоците на веб-страницата „immonet.de“.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Na zapad kiriite se realni sprema cenata rastat i cenata na stanovite raste i ke raste. Vo Mk kiriite se smesno niski sprema cenite i pagjaat, cenata na stanovite pagja i najgolemiot pad mislam deka doprva ke sledi. Pa sekoj so svojot pamet neka mu ja misli. Prijatel rabotese vo norveska i zema garsonjera na kredit vo predgradie na oslo za 100.000e. Neso plati kes drugoto na kredit, ja izdava pod kirija za 900e a plaka rata 500e mesecno. Znaci em si ja otplaka, em 400e mu ostanuva kusur, sega si e doma od kocani e covekot. Uste dve god pa ke ja otplati, i posle ke si svirka sekoj mesec so 900e od kirija vo gepot. I toa ima ogromna pobaruvacka, se tepaat za stanovi pod kirija. E sega praj sporedba so matematikata kaj nas.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Претходно од 2015, сега и за 2018
https://vecer.press/становите-во-скопје-уште-се-скапи-прос/
Според агенциите за недвижности и огласите за продажба, цените на становите се речиси зацементирани, па во Центар и Тафталиџе се продаваат за над 1.200 евра квадрат, во Аеродром над 1.000, во Кисела вода близу 1.000, додека во Сопиште и Илинден цената на квадратот се движи околу 650 евра

– Кој вели дека становите во Скопје поевтиниле? Замислете, стан во Карпош 4 се продава по 1.250 евра за квадрат. Која е таа логика? Тоа ли е поевтинување? Станови во Скопје се градат и се продаваат, па затоа не можат многу да поевтинат.

Според огласниците, голема е понудата на станови во Сопиште, каде квадратот на невселен стан се нуди за 649 евра, плус на купувачите им се дава и ваучер од 1.500 евра за да си купат бела техника. Поголема подуда на нови станови има и во населбата Ѓорче Петров, по цена од 639 до 884 евра за квадрат. Во оваа населба стан со три соби од 52 квадрата може да се купи за 46.000 евра, што е една од највисоките цени во оваа скопска населба. Голем број станбени згради последниве години се изградија во Илинден, а во нив становите се нудат за 640 евра квадрат. За разлика од Аеродром, каде што новоградбите се ценат на над 1.000 евра за квадрат, во соседно Ново Лисиче, практично преку улица, еден квадрат стан може да се купи и за помалку од 800 евра.
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

истиот весник само неколку дена подоцна. цената на становите има само еден правец низбрдо.

https://vecer.press/мораториумот-на-дуп-овите-и-слабата-пр/
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
истиот весник само неколку дена подоцна. цената на становите има само еден правец низбрдо.

https://vecer.press/мораториумот-на-дуп-овите-и-слабата-пр/
не гледам во текстот каде е спомената цена. Пишуваат за тренд на дозволи и градби. Башка претходниот напис е од агенции за недвижности и лица кои барале стан, што значи директно информации од терен. Сум ги гледал просечните цени дзс што ги дава, којзнае од каде земаат податоци.
Прашавме скоро за некои цени, бевме и во 2-3 згради. Продаваат до Вардар, далеку од инфраструктура, 840-850 евра пробрани на поктровје, со бадијала изгубен простор во ходници. Све друго е продадено уште во градба, без имотни. И скоро се од новоградбите се продава без имотни што влијае цените да не се качат уште толку.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
не гледам во текстот каде е спомената цена. Пишуваат за тренд на дозволи и градби. Башка претходниот напис е од агенции за недвижности и лица кои барале стан, што значи директно информации од терен. Сум ги гледал просечните цени дзс што ги дава, нереални се. Којзнае од каде земаат податоци за цени.
https://tradingeconomics.com/macedonia/building-permits
Има огромни флуктоации така да броевите се речиси без поента...нема никаков тренд. Проблемот е тоа што многу е мал бројот за да се направи јасна анализа. Целиот индикатор нема смисла во МК.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Во Македонија повеќе се купуваат ниви отколку станови

29 јули, 2018

Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+

Алармантен е податокот дека од продадените 11.363 станови дури 10.231 се стари, додека само 963 се новоградби, на прва продажба. На лицитација се продадени пет стана, а 164 се откупени од Република Македонија

Мртвило на пазарот на недвижнини во текот на минатата година, На ова упатуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини што се води во катастарот, според кој лани со сите недвижнини се евиднетирани 14.502 трансакции, што е за 10.650, односно за 42,3 проценти помалку отколку во годината пред тоа.
Во Годишниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности се наведува дека од вкупниот број трансакции 73 проценти се продажби, а 21 процент закупи на недвижнини.
Особено алармантен е податокот дека од продадените 11.363 станови дури 10.231 се стари, додека само 963 се новоградби, на прва продажба. На лицитација се продадени пет станови, а 164 се откупени од Република Македонија.
Статистиката што ја води катастарот покажува дека лани повеќе се продавале ниви отколку станови. Така, од вкупниот број продажби реализирани на пазарот на недвижнини, дури 52 проценти биле продажби на земјоделско земјиште. На продажба на станови отпаѓаат 17 проценти од трансакциите, на продажба на градежни парцели 6 пероценти, 10 проценти од продадените недвижнини се куќи, три отсто се деловни простории, а останатите два процента се други типови на недвижнини.
Најмногу купопродажби се регистрирани во октомври, дури 1.602, а најмалку, само 544 во јануари.
Македонскиот пазар на недвижнини лани бил “заспан” и кога е во прашање издавањето недвижнини. Во Регистарот се впишани вкупно 3.139 закупи на недвижнини, за дури 5.031 помалку отколку во 2016 година. За разлика од продажбите кај кои на прво место е земјоделското земјиште, кај давањето имот под кирија доминираат становите. Лани под закуп се дадени 994 стана , што е 32 процента од вкупниот број реализирани закупи. Изнајмени се и 937 деловни простории (30%), а имало и 860 трансакции со земјоделско земјиште (27%). Во вкупниот број закупи со пет проценти учествуваат куќите, со четири проценти градежното земјиште и со два процента останатите видови надевижнини. Најголем број закупи имало во октомври, а најмал во јули – само 49.
https://vecer.press/во-македонија-повеќе-се-купуваат-ниви/
 
T

Terroir

Гостин
Чисто за споредба Охрид со цените на становите по м2 во Скопје
Стан од 40 квадрати се продава 26.000 евра или 80м2 за 52.000 евра што е по 650е м2 иако верувам ако ги зимеш двата лесно ќе падне ценава и под/околу 600 евра

Во тек на сезона тие 3-4 месеци што се ударни комотно се вадат 20тина евра на ден по апартман што би било најмалце 4000 евра во сезона (за 100~ дена искористени) за двата стана. За 12-13 години само од главниот тек на сезоната ќе ја извадиш инвестицијата, а Охрид има туристи па и студенти како опција + во тек на цела година..
 
Незнам како е во МК со Airbnb од тоа може да се добие добар рентален принос. Инаку 5-6% принос годишно за 3-4 месец време маткање и трошоци во Охрид не е многу привлечно има подобри опции.
 
Последно уредено:

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.123
Чисто за споредба Охрид со цените на становите по м2 во Скопје
Стан од 40 квадрати се продава 26.000 евра или 80м2 за 52.000 евра што е по 650е м2 иако верувам ако ги зимеш двата лесно ќе падне ценава и под/околу 600 евра

Во тек на сезона тие 3-4 месеци што се ударни комотно се вадат 20тина евра на ден по апартман што би било најмалце 4000 евра во сезона (за 100~ дена искористени) за двата стана. За 12-13 години само од главниот тек на сезоната ќе ја извадиш инвестицијата, а Охрид има туристи па и студенти како опција + во тек на цела година..
Вo никoј случaј не е 3-4 месеци сезoнa вo Oхрид. Реaлнo некaде упoлa ќе ти се тие 4000 еврa.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Чисто за споредба Охрид со цените на становите по м2 во Скопје
Стан од 40 квадрати се продава 26.000 евра или 80м2 за 52.000 евра што е по 650е м2 иако верувам ако ги зимеш двата лесно ќе падне ценава и под/околу 600 евра

Во тек на сезона тие 3-4 месеци што се ударни комотно се вадат 20тина евра на ден по апартман што би било најмалце 4000 евра во сезона (за 100~ дена искористени) за двата стана. За 12-13 години само од главниот тек на сезоната ќе ја извадиш инвестицијата, а Охрид има туристи па и студенти како опција + во тек на цела година..
Оваа математика ти е правена ко Охрид да има туристи ко Грчка.
Охрид е полн од 20 јуни до 3-4 август, а тоа што скоро секој 3 охриџанец издава плус хотели, многу лесно може да биде 30-40 дена искористеност во сезона и да викаш ура на таа бројка.
40*20=800евра - трошоците за цела година ( околу 400е) и на крај ќе ти излезе 400е-500е од апартман.
Многу оптимистички математики правите за туристичко место со само 2 недели сезона
 
Н

невидливио

Гостин
Народот се иселува, цените на недвижности растат. Парадокс?
Додуша да сме попрецизни растеа недвижностите во Скопје, ама пак што е тоа што е толку магично во тој град. Злато да не врни?

Интересно е што најверојатно Скопјани такоџе се иселуваат како што се иселуваат и од другите градови. Она што е уште поинтересно е што да беа некретниниве со нормални цени можеби и помалку луѓе ќе се селеа надвор јер тоа е највисок трошок на едно семејство.

За цените е муабетот. Ќе паѓаат на поголемиот дел локации освен некои ептем атрактивни како центар и слично, таму ќе расте. Се друго мора да паѓа, но не преку ноќ. Пополека како што се отвара светот и како што со интернетов луѓево откриваат нови начини за инвестирање. Просечниот инвеститор со некако заштедени 25 000 евра кој досега немаше друг избор освен да купи еднособно станче сеа има илјада достапни начини да ги изгуби парите. Да не заборавиме дека генерациите се се помали, и сите наследуваат нешто, што значи помала реална потреба
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
се што кажуваш е точно и најверојатно така и треба и ќе биде еден ден, но запомнете едно нешто работите највеќе вредат тогаш кога ти се потребни а не по 5-10 или повеќе години,
како пр. би го земал купувањето стан (ова е од мое искуство), јас имав потреба да си купам стан за живеење пред повеќе год. и купив и не згрешив можеби ќе беа поефтини за 5-10 год. или за истите пари ќе купев поголем покасно но комодитетот што го имам денес ќе го немав уште толку време чекајќи да стане станот поефтин,
сега ако ставам и ќирија да сум плаќал за толку месеци по толку пари пак ми се намалува куповната цена и по одреден бр. години ќе дојдам на нула, за се потоа да биде гратис ако не за мене тогаш за идните генерации кои ќе ме наследат.
така да се е индивидуално да имаш 50к евра а да треба да се спогодуваш со твоите кога некој да ти дојде, кога ќе спиете, кога ќе станувате, дали да правиш ова или она според мене е непотребна жртва и нервози како за тебе така и за твоето семејство (жена, деца, родители).
за жал сето ова погоре напишано ги знаат и продавачите и си држат на цена и така ќе остане се додека има некој да купива а за после како ќе им даде господ, никогаш нема да знаеме што ќе се случи утре, затоа треба да проживееме денес колку што ни се можностите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Да не се овие зградиве без имотни (т.н. купување во градба, со предбелешка односно мачка во вреќа и добар дел заглавени) и да се става опрема како што стои во договор (најчесто стои прва класа) наместо најслаб квалитет, уште толку ќе расне, не дека ќе паѓа. Сеуште многу се доселуваат од други градови па побарувачката, слабиот квалитет и хаосот со документација си го прави своето.
Во секој случај никогаш нема да паднат како во периодот на осамостојувањето. Ниту па ќе има општествени за 3-5000 марки.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom