Која е цената на тие 6 графички? 100 долари на одбиени трошоци за струја?
Значи почетната инвестиција му е некаде околу 2700 евра досега. Сите делови му се купени преку Амазон Германија и донесени овде без трошоци за царина.
Матична плоча: Biostar TB250-BTC PRO = 160 евра
Процесор: Intel G4400 = 55 евра
РАМ Меморија: Silicon Power 4GB = 42 евра
SSD: Team 5 120GB = 60 евра
Напојување: 2 x EVGA 750W G2 Modular 80+Gold = 260 евра
Графички карти: 1 х Gigabyte RX 580 Gaming 8GB = 330 евра
5 х PowerColor RX 580 Red Devil Gaming 8GB = 1800 евра
Вкупно: 2707 евра инвестиција
За ова време откако му е пуштена машината да копа досега има околу 100 долари ископано вкупно, без одбиени трошоци за струја.
Проблемот е што графичките му копаат со 24-25 MH/s затоа што никако неможам да им најдам стабилен downclock а да ја покачам меморија со што хашрејтот би му се качил од прилика на 29-30 MH/s и би имал поголема заработка на месечно ниво.
Читам по форуми дека овие графички можат без проблем да достигнат хешрејт од 30 MH/s а истовремено да се намали потрошувачката на струја одприлика на околу 100-110 вати за една графичка, со што би имал далеку помала потрошувачка а поголем профит. Вака моментално сите 6 графички му трошат од 800 до 1000 вати струја, а доколку успеам да им ја намалам потрошувачката тогаш сите 6 заедно би трошеле од прилика 600-700 вати струја, колку еден обичен гејмерски компјутер да речеме.
Нека помине еден месец, да стигне првата сметка за струја па после ќе седнаме и ќе ги направиме сметките колку и дали е воопшто исплатливо. Јас мислам дека доколку Етериумот добие на цена тогаш за брзо време ќе си ја врати почетната инвестиција и после ќе има солидна заработка секој месец.
Патем, доколку некој знае како може да се среди ова со намалувањето на потрошувачката на струја на графичките а истовремено да се качи хашрејтот ако не ви е тешко објаснете. Јас пробував со разни програми (MSI Afterburner, Trixx и други ) ама никако не успеав да го одржам на подолг период. После некое време Claymore вади грешки и престануваат графичките да копаат.