Криптовалути - Cryptocurrency Bitcoin Ethereum.....

Статус
Затворена за нови мислења.
I

Igor.sv

Гостин
Здраво на сите!

Отворив нова тема ако има иста или слична нека корегираат модераторите.

Како и да е сакам да го споделам моето искуство со криптовалути и да помогнам да расчистиме некои дилеми а и да ви дадам совет како да заработите. Веке подолго време живејам во Шведска така да начинот на купување и продавање криптовалути е многу полесен и поедноставен тука него во Македонија но тоа не значи дека и кај нас неможи да се тргува со криптовалути.
Кога ке се кажи криптовалута сите помислуваат на Bitcoin нормално најатрактивна валута и со најголема вредност.
Прво ке почнам со мојата најголема грешка што не вложив во Bitcoin кога прв пат слушнав и беше отприлика 10$ и се осеќам како идиот пошто ги имав сите информации на располагање а сепак поверував на шпекулациите од банките дека Bitcoin е премногу ризична влута и дека се користи за креминал залудно е да инвестирате во биткоинти и можи да изгубите многу пари итн... После тоа мој колега швеѓанец ме убедуваше да купам кога беше околу 100$ не послушав и сега пред некој ден стигна до максимално ниво преку 7700$.

Нема многу да се задржам на Bitcoin само сакам да објаснам некој работи. Пред се криптовалутата е иднината на човештвото тие што се повозрасни како мене ;) се сеќаваат кога се зборуваше дека кешот ке се укини и како платежно средство ке се користат кредитни и дебитни картички, интернет трансакции плаќање со мобилни телефон итн... Знам сето тоа звучеше како научна фантастика но тоа денес е реалност барем во поголем број земји низ светот. Како што кажав живејам во Шведска и многу ретко се користи кеш и за брзо време највероватно ке се укини кешот барем во поразвиените земји. Е сега истото е и со криптовалутите иако звучи како научна фантастика но тоа е иднината во наредните 50 или 100 години додека не се измисли нешто ново и највероватно криптовалутата ке биди замена за кеш.

Никој нека не ве лажи дека ке изгубите пари само треба паметно да се вложи и има шанса да станете милионери за неколку години нормално има шанса и да изгубите ако непромислено вложувате во све и сешто и ако не сте стрпливи и продавате во погрешно време.

Затоа сакам да отвориме нова тема и да го споделам со вас моето искуство и знаење нормално и јас можи да научам нешто од вас. Јас не сум експерт и ова што го кажувам не мора да значи дека е 100% точно само јас ке бидам искрен и ке ви кажам и докажам во што вложувам јас и моите пријатели кои се пшодолго време во ова и можам да кажам дека се експерти спрема нивните заработки а тие се со цифри од 100000$.......

Да не замарам со вовед и да преминам на главното. Значи како што кажав ако слушните криптовалута тоа не е само Bitcoin има многу други валути кои што се вредни за инвестирање.

За мене Bitcoin е завршена работа и е касно за инвестирање. Моментално имам околу 1000$ во биткоинти на мојот Bitcoint Wallet и околу 800$ Ethereum но тие ги користам како средство за купување на други валути и секој месец вложувам од 300$ до 500$ и не продавам само купувам.
Да појаснам зошто:
Bitcoint пред да излези во употреба беше 0.3$ одприлика сега е достигна максимално ниво преку 7700$ и можам да кажам дека до крајот на годината и почетокот на 2018 ке биди преку 10000$ арно ама можи и да падни или да се раздели на Bitcoint x2 како што во моментот може да се случи Bitcoint fork и кој прати може да види дека Bitcoint паѓа а Bitcoint Cash достигна цена од 1900 $ за во овие два три дена. Што ке биди ке видиме после 16 ноември и не би сакал да губам време во детали за Bitcoint.

Ethereum е доста стабилен и добар конкурент на Bitcoint и има можност да го замини во наредните неколку години пошто има постабилна мрежа (blockchain) и побрзи трансакции. Кога излезе во употреба се движеше од 0,5$ до 1$ и достигна максимум од околу 400$ а сега се движи на стабилно ниво од 300@ до 320$
Можам да гарантирам дека Ethereum ке достигни 1000$ за брзо време можда и почетокот на 2018 година.
Како што кажав касно е за Bitcoint па и за Ethereum освен за тие што имаат многу пари и сакат да вложат во стабилна валута како Ethereum.
Зошто? Сето ова ке го објаснам со лично искуство.
Почнав да купувам биткоинти кога цената беше 4000$ заработив нешто малку но за кратко се префрлив на трејдиг со биткоинт и заработувам дневно од 50$ до 200$ зошто биткоинтот е нестабилен како што крева така и паѓа (по некогаш и губам) али за трејдинг ву друга прилика сега не ми е поентата на тоа.

Да појаснам како се движи маркетот на криптовалути (Cryptocurrency Market Capitalizations)
Моментално:

Market Cap: $202,296,824,755 24h Vol: $14,624,942,973

Bitcoint Dominance: 52.4% $106,062,539,924 $6360

Ethereum Dominance: 15% $30,328,791,291 $317

Да видиме како се движеше годините уназад:

Total Market Capitalization

2013 Мај 1,200,000,000 $

2015 Мај 3,800,000,000 $

2017 Мај 40,000,000,000 $

2017 Септември 163,000,000,000 $

2017 Ноември 202,000,000,000 $

2018 повеке од 300,000,000,000 $

Ова се страшни цифри ако знаеме дека буџетот на Македонија на годишно ниво за 2016 е одприлика околу 217,000,000,000 ден или 4,000,000,000 $ а исто и толку имаме и расходи J (не ми замерувајте ако грешам во цифрите само сакам да ја доловам реалноста) http://www.mkbudget.org

Моментално популацијата во светот е 7,6 милијарди жители а во криптовалута имаат инвестирано само 0,5% од кои голем дел се фирми, брокери, бизнисмени кои располагаат со милијарди итн... а многу мал дел обични граѓани како што сме ние.

Заборавете на сите шпекулации и дезинформации кои доаѓаат од банките (нормално нив му жежи под нозе и губат многу пари и немаат контрола на капиталот) арно ама реалноста кажува нешто друго.

Да напрабиме проста математика:

Моментално Market Cap: $202,296,824,755 со 0.5% популација кои имаат инвестирано (да не заборавиме многу мал дел обични граѓани) како што реков иднината е во криптовалутата и нема бегање од тоа барем во наредните 50 години.

Што ке биди кога 30% од популацијата ке користат криптовалути а тогаш ке бидат многу повеќе од 7,6 милијарди зители на планетата

Најмалку 12,000,000,000,000 $ до 100,000,000,000,000 $ не знам како се изговараат овие цифри J али ако биткоинот ја задржи атрактивноста како сега тоа е реално да достигни еден биткоин 500,000 $ !!!!!!!!

Годините уназад до 2017 биткоинтот држеше 80% сега е 52,4% и е во тренд на паѓање иако цената му се зголемува пошто сепак капацитетот на маркетот расти а биткоинтон е застапен со 52,4% моментално.

Како што наведов погоре ако гледате на интернет ке слушните дека биткоинтот ке достигни до 500,000 $ да тоа е можно ама и можда не е. Пошто засега Bitcoint и Ethereum држат монопол и ако сакате да купите други криптовалути морате да ги купите со нив. Занчи ако се остани како што е тоа ке биди реалност Bitcoint да достигни 500,000 $ а Ethereum да биди приближно или да го замини.

А што ако некоја друга криптовалута го замини! Моментално има 1276 криптовалути и секој ден излегва нова со подобра перспектива и атрактивност (нормално со мал капацитет ама немојте да заборавите дека биткоинот беше 0,3 $)

Затоа заборавете на Bitcoint и Ethereum тие се атрактивни и можи да заработите само со многу пари а со многу пари сте изложени на ризик да изгубите.

Немој некој да ми замери знам дека кај нас во Македонија не е све сјајно но ке земам пример со некој како мене што живее во ЕУ со повисок стандард, само сакам да појаснам како стојат работите.

Ако вложам во биткоинти за 10,000 $ по моментална цена која е на пазарот еве ке земиме пример отприлика 6300$ како што е сега. Значи ке имам 1,58 BTC (Bitcoint) Ако биткоинтот во иднина пример 2019 година стигни цена од 20,000$ јас ке имам 31,600$ или заработка од 25,300 $. Во ред и за Шведска не се малку 25,000$ али треба да волжам и ризикувам многу пари а не сум сигурен дека тоа ке биди така и можам да изгубам голем дел од парите што сум ги вложил.

Да се вратиме назад во 2003 година кога биткоинот уште не беше излезен на пазар а можеше да се купи за цена од 0,3$

Пример да купев биткоинти за 100$ по цена од 0,3$ тоа се 333 BTC и да ги продадев пред некој ден кога биткоинтот достигна максимална цена одприлика 7700$

333 BTC х 7700$ = 2,564,100$ и животот среден (y)

Затоа заборавете на Bitcoint и Ethereum има многу други крипто валути со голем потенцијал на кои можете да заработите милиони и тоа со мали инвестиции кој можи секој да си ги дозволи па дури и во Македонија.

Да појасниме една работа најпаметно е да се вложи во крипто валути пред да излезат на пазар или Live on Cryptocurrency Market!!!!!

Како што реков ке споделам секоја информација што ја имам и ке ви кажам во што инвестирам и ке ви образложам со примери зошто инвестирам. Како што реков никој неможи да биди 100% сигурен секогаш има ризик и затоа се инвестира на повеке криптовалути со малку пари или кој колку што можи да си дозволи.

Само ве молам немојте со нереални мислења и солење на памет без да имате валидни информации. Не сум економски експерт, се уште не сум милионер по моја грешка али неколку мои другари и пријатели веќе се милионери. Ке се потрудам да најдам време да одговорам на секое ваше прашање (само за тие кои што се примерни без глупости и рекла казала)

I

Igor.sv

Гостин
Како за почеток ке ви кажам еден пример. Пред околу половина месец инвестирав во нова криптовалута Electroneum. Купив 30,000 електронеум по цена од 0,01 $ или

30000 х 0,01 $ = 300 $

Електронеум излезе во живо на 2 ноември vo 00:00 и поради големата побарувачка цената драстично се зголеми достигна 0,23 $ во првите 30 минути. Тогаш не бев во можност да продадам но сабајлето околу 06:00 одприлика ги продадов сите 30000 електронеуми на www.cryptopia.co.nz по цена од 0.136 $

0,136 $ х 30000 = 4080 $

После неколку дена кога цената падна како што е нормално за секоја криптовалута купив исто 30000 електронеуми по цена од 0.029 $

30000 х 0,029 $ = 870 $

4080 $ - 870 $ = 3210 $ - 300 $ (почетна инвестиција) = 2910 $

Значи заработив чисти 2910 $ во рок од две недели и повторно имам 30,000 електронеуми и ке ги оставам подолго време се дури не биди цената поголема од 1$ односно планирам за окулу година до две да заработам најмалку 30,000 $

А цената на електронеумот можи да биди и 2 $ или 5 $

Поентата е дека со 300 $ инвестиција заработив 2910 $ и плус имам 30,000 електронеуми кој моментално се движат на пазарот од 0.03 $ до 0,05 $

Ке земиме просек од 0,04 $ х 30000 = 1200 $

1200 $ + 2910 $ = 4110 $ тоа е мојата моментална заработка на електронеум а инвестицијата си ја имам вратено.

Немојте да заборавите дека биткоинот беше 0,3 $

Не очекувам електронеумот да ја достигни таја цена али со 1 $ ке бидам задоволен IMG_4737.JPG [DOUBLEPOST=1510504344][/DOUBLEPOST]Електронеум беше само пример како стојат работите.

Моментално имам инвеститрано во Universa и излегува во живо на Cryptocurrency Market за 26 дена. Имате доволно време да купите и цената се движи моментално 0,011 $ за 1 UTN (Universa Token) Јас моментално имам купено 28,000 UTN и планирам да купам повеке можда до 100,000 UTN

UTN.png

Во линкот подолу можите да се регистрирата и ке добиете бесплатно 50 UTN

https://check.universa.io/-afEKBU

Да појаснам малку за Universa ке бидат пуштени во употреба 1,000,000,000 токени или коинти во вредност од 100,000,000 $.

Времетраењето на трансакција со Биткоинт е околу 60 минути
со Етхереум 120 секунди
со Унивесрза 2 секунди

https://www.youtube.com/watch?v=rRcbk32OAUk

https://www.youtube.com/watch?v=cZHIa0_dv7g

Имаат добар тим поголемиот дел се Руси но еден од адвајзорите е John McAfee. Така да мислам дека ова ке биди успешен проект и вреди да се инвестира ништо не е сигурно 100% али без ризик нема успех. Затоа немојте да инвестирате големи суми следете го мојот пример и сигурно ке заработите добри пари а ако сте трпеливи и почекате подолго време не е исклучена можноста да станете милионери!!!

Има уште многу криптовалути кои во следна прилика ке ги споделам со вас. Слободно поставете прашања ке се потрудам да ви одговорам на сите а се надевам дека и некој друг ке сподели информации на оваа тема
 
Последно уредено од модератор:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.261
Поени од реакции
3.970
Интересна работа се крипто валутите, а blockchain-от е уште поинтересна работа. Доколку имаш вишок пари мислам дека се ок инвестиција само што треба да ти е јасно дека се волатилна инвестиција и утре може да не вредат ништо.

Да направиш профит и да ги инвестираш во нешто постабилно е ок инвестиција.
 
Точно така!
Криптовалутите се нестабилни затоа инвестираш мали пари добиваш профит и реинвестираш во други криптовалути и го пратиш пазарот. Бројките што ги наведов погоре се реалност и нема назад. Не можи некој да биди успешен ако не реинвестира и не прати како се движи светот. Затоа ја започнав оваа тема да го споделам моето искуство а верувам дека и други кои ке ке го сторат истото.
Моментално 200,000,000,000 $ со 0,5% од популацијата на светот.
Што мислите ке остани на 0,5% ???

1.png
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
845
Поени од реакции
917
Како што тргнало, ќе почнеме и деца да принтаме, без никаков контакт.
:oftopik: и сега можеме да имаме деца контакт без контакт :D, само трба да ги пуштиме жениве да шетаат повеќе сами и да се:drk:
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.884
A slusnal li nekoj od vas kriptobudalite so e lopovska piramida i balon? Ova bitkoinov e istoriski najgolema piramida zaradi internetot od globalen razmer. Vo sekoja piramida profitirat tie na pocetokot a go jadat stapot tie na krajot. Ama edno e sigurno, sekoja piramida ima kraj i ovaa ke rikne. Site drugi kriptovaluti i novi ICO ponudi se nisto drugo osven piramidi. Pogolemiot del od novite ico se izmisleni od kineskite rudari, ke napravat nova kriptovaluta ke si obezbedat dovolna kolicina od istata i posle cekaat na ofci da ja napumpaat vrednosta koja fakticki kaj site kriptosranja realno =0.
 
Добро пошто ние сме криптобудали а ти си паметен барем да се едуцираше малку или да го прочиташе текстот погоре што го напишав пред да почниш да тресиш глупости.
Нема да те учам пошто не вреди да се замарам со такви како тебе само накратко ке ти објаснам
Јас реков дека е касно да се инестира во биткоин или етхереум пошто се многу ризични. А без рударство не е возможна трансакција со криптовалути. Значи со рударство се одржува blockchain мрежата и банките немаат никаква контрола ни профит.
За балон и пирамида не вреди да ти објаснувам и да губам драгоцено време.
Само да ти кажам дека во кратко време јас и некој мои пријатели имаме заработено на криптовалути повеке него што ти ке заработиш за цел живот.
Зато изгледај ги вестите сега во 21:00 или беја во 22:00 после бабати нека ти свари едно млекце и легни да си спиеш и немој да се замараш со криптобудали како нас!!!
 
Tie so imaat zaraboteno, to est poveketo kriminalni osnovaci na piramidite si kjutat, a najglasni se ofcite so na kraj sigurno ke go jadat stapot.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.261
Поени од реакции
3.970
Точно така!
Криптовалутите се нестабилни затоа инвестираш мали пари добиваш профит и реинвестираш во други криптовалути и го пратиш пазарот. Бројките што ги наведов погоре се реалност и нема назад. Не можи некој да биди успешен ако не реинвестира и не прати како се движи светот. Затоа ја започнав оваа тема да го споделам моето искуство а верувам дека и други кои ке ке го сторат истото.
Моментално 200,000,000,000 $ со 0,5% од популацијата на светот.
Што мислите ке остани на 0,5% ???

Прегледај го приврзокот 180205
Муабетот е дека моментално криптовалутите се горе доле еднакви на коцка. Може сите инвестиции утре скоро ништо да не ти вредат.

Мислам дека blockchain-от дека има вредност за криптовалутите сум скептичен.

П.С Ако имаш одвишок пари за инвестиција со висок ризик и висока добивка тогаш е во ред. Инаку лично не гледам профит на долг рок со некои рандом криптовалути кои реално се еднакви на меур.

Од крипто валутиве на долг рок можеби bitcoin и ethereum би биле ок инвестиција. Лично мислам дека ethereum-от ќе расте на долг рок поради луѓето што стојат зад него и архитектурата која ја имаат замислено за дотичниот.

П.С2 Не се затрчувај да инвестираш во било што ако не ја разбираш инвестицијата.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.265
Поени од реакции
8.231
Добро пошто ние сме криптобудали а ти си паметен барем да се едуцираше малку или да го прочиташе текстот погоре што го напишав пред да почниш да тресиш глупости.
Нема да те учам пошто не вреди да се замарам со такви како тебе само накратко ке ти објаснам
Јас реков дека е касно да се инестира во биткоин или етхереум пошто се многу ризични. А без рударство не е возможна трансакција со криптовалути. Значи со рударство се одржува blockchain мрежата и банките немаат никаква контрола ни профит.
За балон и пирамида не вреди да ти објаснувам и да губам драгоцено време.
Само да ти кажам дека во кратко време јас и некој мои пријатели имаме заработено на криптовалути повеке него што ти ке заработиш за цел живот.
Зато изгледај ги вестите сега во 21:00 или беја во 22:00 после бабати нека ти свари едно млекце и легни да си спиеш и немој да се замараш со криптобудали како нас!!!
Дечко од старт да те предупредам да не навлегуваш во препуцавања и објаснувања со тролови, не заборавај дека во Македонија статистички живее еден од нај неписмените народи во светот. Споделувај знаење и кажи си шо имаш да кажеш, тие шо сакаат да научат ќе научат. Ако тргнеш со секоја неписмена будала на форумов да се објаснуваш.. тури и пепел на темава.
 
I

Igor.sv

Гостин
Неколку пати напоменав дека е ризично и не треба да се инвестираат многу пари. Сите пари што ги имам инвестирано одамна ги имам вратено и имам солидна заработка можда сум имал срека не е ни битно. Јас само сакам да помогнам и да отвориме една тема каде секој може да си го кажи своето мислење без вреѓање.
Не е проблем ако вложиш мали пари што не ти значат ништо а можеш да добиеш многу. Некогаш и ке промашиш али во повеке случаи ке добиеш. Мислам погоре добро објаснив како да си ја вратиш инвестицијата и да заработиш. Не е морално и никој не тера со сила кој сака можи да проба
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
578
Поени од реакции
554
Точно така!
Криптовалутите се нестабилни затоа инвестираш мали пари добиваш профит и реинвестираш во други криптовалути и го пратиш пазарот. Бројките што ги наведов погоре се реалност и нема назад. Не можи некој да биди успешен ако не реинвестира и не прати како се движи светот. Затоа ја започнав оваа тема да го споделам моето искуство а верувам дека и други кои ке ке го сторат истото.
Моментално 200,000,000,000 $ со 0,5% од популацијата на светот.
Што мислите ке остани на 0,5% ???

Прегледај го приврзокот 180205
Ајде ако може од почеток. Пример се регистрирам на сајтот и после.
Како можам да купам УТН ( дали се плаќаат со картичка онлине или ...), како може после да ги продадам ( кога ќе ги продадам дали парите ќе ми стигнат на трансакциска сметка или че мора да купувам некои работи од интернет т.е. да плаќам со нив...) ???
 
I

Igor.sv

Гостин
Дечко од старт да те предупредам да не навлегуваш во препуцавања и објаснувања со тролови, не заборавај дека во Македонија статистички живее еден од нај неписмените народи во светот. Споделувај знаење и кажи си шо имаш да кажеш, тие шо сакаат да научат ќе научат. Ако тргнеш со секоја неписмена будала на форумов да се објаснуваш.. тури и пепел на темава.
Немав ни намера да објаснувам и да се препуцувам само онака на кратко пошто во право си некогаш не вреди да се објаснува само проблемот е дека тие тролови ги демотивираат другите и испаѓа дека сме најпаметна нација али за жал реалноста е нешто друго.
Барем од моја перспектива многу добро се гледа тоа уште еднаш за жал[DOUBLEPOST=1510517670][/DOUBLEPOST]
Ајде ако може од почеток. Пример се регистрирам на сајтот и после.
Како можам да купам УТН ( дали се плаќаат со картичка онлине или ...), како може после да ги продадам ( кога ќе ги продадам дали парите ќе ми стигнат на трансакциска сметка или че мора да купувам некои работи од интернет т.е. да плаќам со нив...) ???
За да купиш УТН треба да имаш биткоин или етхереум пошто моментално тие валути држат монопол.
Немам денес многу врема за да побарам како можи да се купат биткоини или етхереум во македонија ама тоа ке го направам од утре или некој ако знај нека постира.
Можеш да ги продадеш кога ке се пуштат во употреба односно да направиш размена преку exchange market во биткоини или етхереум после тие ги продаваш и парите ти стигнуваат на сметка. Само имај во предвид дека треба да платиш данок на добивка на тие пари.
Во Шветска е 30% мислам дека во Македонија е 10% ама не ме фаќај за збор.
Стварно денес немам многу време од утре ке испитак кои страници имаат подршка за купвање и продавање на биткоини и етхереум во Македонија
 
Последно уредено од модератор:

New Age

Lean Back
Член од
22 ноември 2010
Мислења
261
Поени од реакции
236
Немав ни намера да објаснувам и да се препуцувам само онака на кратко пошто во право си некогаш не вреди да се објаснува само проблемот е дека тие тролови ги демотивираат другите и испаѓа дека сме најпаметна нација али за жал реалноста е нешто друго.
Барем од моја перспектива многу добро се гледа тоа уште еднаш за жал
Ако некој не се согласува со тебе немора да значи дека е неписмен.
Во суштина не нагласи добро кои се одредени таргет зони за профит и загуба за реално да процениме risk/reward однос па да видиме дали е навистина профитабилно. Второ не кажа која е реалната вредност во моментов на биткоин и дали е подценета со оглед на тоа што мојот 12годишен комшија веќе слушнал и сака да купи, реалноста е дека треба да купиме катиптал кога неговата вредност е подценета и да продадеме кога е преценета, во моментов со криптовалутиве ми делува дека е полн со рекреативни купувачи и незнам каде може да најдеме вредност да купиме? Одговорот дека за неколку години 30% од популација ќе користи биткоин е исто како да одам да купам лото тикет.
Искрено јас сум за криптовалутиве и нивната филозофија и значење кое може да го имаат во едно општество ама свинговите од 7700 до 5500 за ден два не се за секого.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom