Криминалци, криминални групи и мафијата во светот

Член од
24 мај 2014
Мислења
3.906
Поени од реакции
3.929
Веке стана претесна доста ипишаната (Криминалци и криминални групи во МК) па навистина дојде време да се отвори нешто повеке. Интерес има за ваков тип на тема, луѓе што навистина се разбираат уште повеке па еве.

Неможам на подобар и по оригинален начин да ја почнам темава освен со неколкуте цитати за Мафијата во светот од првенствената тема за крминал на форумов поточно онаа само за криминалот во МК. Добредојдовте. :)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
3.906
Поени од реакции
3.929
Друже темава е за криминалот во Македонија уште на насловот тоа е нагласено. Ретко да се спомне криминалот на балканот пошто и македонците се вклучени во тој криминал поради територијалната блискост. (Немој некој да помислил дека сум националист... Мора ова да го кажам зошто нема да биде во ред ако е се каша попара.) Пошто веке пиша ке ти кажам, ме повлече за јазик пошто гледам дека си навистина малку информиран па сакаш на овој начин на готово да научиш нешто без да читаш и капираш. Ал Капоне е најголемата фаца во периодот на Прохибицијата во тој период затоа што сметале дека неговата атракција го прави комплетен. Бил и насилник, имал голема екипа, имал многу пари и целиот тој чалам се памети толку долго. Ал Капоне е од Њујорк а бил главен и дејствувал во Чикаго. По него е филмот Скарфејс а он го добил тој прекар што убивал ако некој го нарече така кога работел како избацивач како млад во јавна куќа во Њујорк. Разгледај ги Лаки Лучијано и Мајер Ленски. Арнолд Ротштајн ми е меѓу омилените највеке го ценам разгледај за него. И ред други кој за Капоне биле бог и батине типови кои дејствувале интернационално. Инаку да знеш дека врвот на целиот тој криминал и воопшто светскиот криминал воедно и фамилија која се задржала децениски во светскиот криминал е Џеновезе фамилијата Готфадер е поради нив исфилмувана. Џеновезе биле едни од најбогатите луѓе во светот се до 2005 година некаде и во последните години биле можда уште се бизнисмени. Џеновезе фамилијата била поврзана и со Илуминати и Масони.
Зачетокот на разговор за криминалот на меѓународно ниво и општо во светот.[DOUBLEPOST=1447685115][/DOUBLEPOST]
Грешка си тука, мафија не е генерички поим. Под мафија се подразбира Само криминална организација со Дон, консолиере, андербос, капос и солџерс. Таква поставеност имаат само петте италиански криминални фамилии од која најпозната и најмоќна е Коза Ностра. Кога зборуваме за руски, јапонски и останати крими организации не зборуваме за мафија, русите се организирани во криши со по дисперзирана и неформална поставеност на моќ а јакузите се слични на италјаниве
Дефинирање на поимот Мафија. (y)[DOUBLEPOST=1447685221][/DOUBLEPOST]
Во право си и ради таа организираност Италијанската мафија и Јапонската Јакузите биле толку моќни и организирани додека Русите и Албанците во светот на криминалот владеат и се супериорни поради нивната поддршка меѓусебна во клановите на национална основа и чиста бруталност. Поделбиве не ги знаев во танчина точно, убаво е што ги имаме на темава, но коа ке размислам и уличен мангуп на гранапче што е главен има еден што му десна рака и еден што ги клоца напалените потрчковци за да ги стави во ред. И во чопорот на волците еден е главен еден под главниот еден уште подоле... Во смисла друже дека тоа е природна селекција во чопорот, групата, организацијата, мафијата.
И Албанска мафија работи на многу сличен систем како Коза Ностра. Според многу аналитичари баш тој силен хиеархиски систем го имале разработено многу добро и им бил предност. А иначе зборот Мафија си е италијански поим за организираниот криминал во Италија. Најпозната е Коза Ностра меѓутоа најмоќни во денешницава се Камора што се базирани во Неаполскиот регион. Но мислам дека го немаат тој хиеархиски систем како Коза Ностра туку повеќе се како Русите.
Надоврзување на дефинирањето на поимот Мафија. :)[DOUBLEPOST=1447685299][/DOUBLEPOST]
На Ал Капоне тешко дека властите му се плашеле тогашните корумпирани власти во Чикаго му замижувале на делата зошто им ги полнел џебовите за да на крај на старост го здрпаат во затвор за неплатен данок... На Лаки Лучијано и Мајер Ленски и компанија да им се плашеле властите али само во Италија синовите на мафијашите големи во Италија биле големи чиновници на армијата само и само за подобра контрола. Да знаеш дека во Америка Илуминатите и Масоните пошто нивна творевина ги пуштиле мафијашите и мафиите да дејствуваат онолку колку што сакале и до тогаш кога сакале. Во раните девеесети се пресечени сите врски на италијанска мафија кога во УСА и тие малку што преживеале се вратиле во Палермо, Сицилија каде и сега таму си дејствуваат.

Малку луѓе знаат дека Бајруш Сејдиу т.н. крал на Куманово лежел затвор во Италија со братот на Берлускони кои бил голем мафијаш. Апсолутно дека мафијата до пред скоро ака не и сега после Берлускони ја држат власта во Италија. Не само во Македонија власта е поврзана со криминалот и криминалните групи.
Читав една статија дека тоа што некој политичари имале конекција со мафијата во Италија дури им било и плус бидејќи така луѓето гледале дека тој одреден политичар ќе може да преговара со нив. Веќе јасно им е дека неможат да се бутнат. Така да и те како е поврзана политиката и мафијата во Италија.
Коментари околу Политичките врски со Мафијата и воопшто криминалот во светот.[DOUBLEPOST=1447685402][/DOUBLEPOST]
Aj да пишам и јас околу мафија збор два шо сум учел по организиран криминал.

Мафијата е класична организирана криминална структура која е уредена како тајна организација во која има строга внатрешна хиерархиска структура (нешто шо спомна Годот од погоре) која се занимава со илегални активности но и легални активности. Истата е синоним за организиран криминал во САД и е „увезена" од Италија кој крајот на 19 и почеток на 20 век со доселување на италијанските имигранти. Што се однесува до тоа како терминот е добиен има различни дефиниции и нема да навлегувам во нив. Нејзини најбитни белези се:

1. цврста поврзанoст на сицил. братства,
2. внатрешна. послушност и дисциплина, со закана со смрт;
3. чување на тајната;
4. заклетва за omerta како личен кодекс на однесување, односно забрана за соработка со власта;
5. воспоставувување на патријархален хиерархиски систем меѓу членовите (се користи и „семејни“ термини-„кум“, „татко“, „чичко“ и сл.)
6. vendetta или одмазда преку лична егзекуција, како средство за разрешување на взаемните спорови.


Кај америве првпат истата се спомнува пред големата порота во Њу Орлеанс, 1890 и некоја беше, крајот на 19-ти век, кога скинале брајчава локален шерив од страна на организација составена од Сицилијанци.

Таа има цврста внатрешна организација составена од „фамилии" .(најпознати се 5-те њујоршки фамилии: Бонано, Коломбо, Гамбино, Геновезе и Лукезе; а во Чикаго најпознат e братот Ал Капоне).
Имаш шеф, имаш потшеф, советници, извршители-работници. Над сите нив е шефот на ела мафја (capo di capi)
Во 1982 год. е донесен Антимафија законот и започнува борба со организираниот криминал (Фалконе). Од тие причини, овие организации во почетокот на 90-те години го напуштаат дотогашиот начин на делување и се инволвираат во итал. полит. и финан. поредок. („бели јаки“) После нели ги кинат Фалконе и Борселино. И така натака и така натака.

Е сега околу збункиве со другите „мафии" кои ги нарекуваат дел од членовите.
Русија: Има криминални организации воглавно од припадници на поранешните институции (КГБ, Армијата, полицијата), кои останале без работа. Се смета дека брои над 100.000 шефови-организатори, а бројот на членови е непознат и истата се темели на три столба бирократија, бизнис, криминалци (плус имаше инфо од ФБИ дека најмалку 25 проценти од приходите во буџетот во Русија идат токму од тука, а мислам дека се далеку повеќе)
Југоисточна Азија ги има познатите Тријади. Почнуват како тајни патриотски друштва во Манџурија. Овие знам дека немаа вертикална поставеност туку хоризонтална имаа со еден шеф и еден финансиер со одреден мандат кои се избираат.
Јапонија „Јакуза“, која настанува од телохранителите на самураите Подоцна се јавиле „махи-јако“-локални банди кои го штителе населението од разбојници, но истовремено и самите го тероризирале. Во 17 в. се создава денешнава позната Јакуза, која има по некој допира и сличност со италијанската: составeна од фамилии, со внатрешна поделба на улогите и со строга дисциплина.
На Балканов нема да должам но се смета дека најзаебана е албанската, ради блиските контакти и соработка со италијанската и останатите.
Стручно објаснување на поимите Мафија, Организиран криминал.[DOUBLEPOST=1447685517][/DOUBLEPOST]
Факт е тоа дека во секоја општествена организација, безразлика дали е криминална или не, секогаш еден е главен, или алфа, тоа не е спорно, мене муабетот ми беше дека Мафија како Мафија е термин кој што се користи само за италианските криминални организации кој на почетокот работеа самостојно и беа во чести меѓусебни препукувања но со појава на Лаки Лучијано се организира синдикатот на босовите на сите 5 фамилии и тука веќе се добива некаков ред на улицата, да се знае што е како е.
Битна е оваа дистинкција затоа што постојат суштински разлики помеѓу Мафијата и останатите криминални организации. Пример во мафијата има кодекс на однесување, таканаречени непишани правила, мафијата по правило (иако фактичката ситуација е различна) не се бави со трговија на дрога или луѓе, односно со неблагородни бизниси. Најголемиот профит и главно занимање на мафијата е лихвата, рекетот односно протекцијата, потоа коцката па трговија со алкохол за време на прохибиција па подоцна казина ова она, оружје чат пат и тако даље и се настојува прљавата пара да се испере и легализира. Исто така текот на парата се знае, од доле нагоре, парите идат или во самата фамилија или кај Босот. Додека во руските гангови е строго забрането да се бавиш со легални работи, буквално не смееш Денар да направиш легално од моментот кога ќе бидеш примен во гангот. Истите се организирани во Криши (во буквален превод Плафон) и секој генг точно се знае кои олигарси/бизнисмени ги поседува или под чив покрив се наоѓаат, на која територија врши рекет и тако даље и за разлика од Мафијата (итаљанците) секој член на генгот си ги заработува парите сам за себе и секако се води една сметка на Генгот на која секој член одделува процент од својата заработувачка за помош на браќата во затвор, погреби, логистика и тако даље. Специфични се по бруталноста и грозоморноста, огромен дел од нив се поранешни светски спортисти, најчесто боречки вештини, припадници на елитни полициски единици, бивши КГБ оперативци и тако даље али интересното е што кај нив нема ништо налик на Синдикатот кај Мафијата туку владее принцип на територијалитет и све функционира на респект. И пошо нели, кога се остава све на bona fides место да се стави на папир, инцидентите помеѓу генговите се Стандард, за разлика од Мафијата :)
Тријадите и Јакузите се веќе сосема друга прикаска, иако делатностите се преклопуваат системот на функционирање е скроз различен.
Разликите во структурата на традиционалната италијанска некогашна Мафија и модерните владеачки криминални групи како Руската мафија.
 
Последно уредено:

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.195
Поени од реакции
1.530
Белградската мафија или познати како Земунски клан кој е формиран некаде 90те од Душан Спасојевич и неговата десна рака Миле Лукович познат како Кум, Почетокот биле ситни криминалци кој се доселиле во Белград и претежно се занимавале со кражби на Автомобили,потоа кога добија малце слава видоа дека со дрогата има повеќе пари почна да се занимаваат исклучиво со дрога Душан потоа стекнал силни врски во цела србија а и надвор имале договор да идат за Колумбија каде ке набават чист Хероин или кокаин, ама биле уапсени во Франција тајната полиција го следела секој нивни чекор, потоа почнаа да киднапираат најбогатите луге во србија и да бараат откуп по 5-7 милиона, кој потоа го трошеле на луксузирање во другите земји како казина и клубови,после ова почињаат да играат уште по прљаво како како редовни убиста итн има многу да се пишува а има и документарци за оваа банда која била страв и трепер во Цела србија а и во општо во регионов,Мафијава целосно пага после убивањето на премиерот на Србија 2003 год

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
3.906
Поени од реакции
3.929
На овој начин ја почнав темата чисто од причина што ми е цел да не личи низ страниците дека само јас пишувам, само јас знам, само јас сум најпаметен итн. Со ваков пристап се има еден видик на ние. Ние пишуваме, учиме еден од друг се поправаме итн.
Морам да признаам дека и мене малку ми здосади само и само за криминал во МК ама пак ми беше и голема желба колку што се може прецизно да ги заокружиме 90 па и повеке проценти од криминалците што досега постоеле кај нас. Си помислив и на тоа и воопште не би ми било драго да личи дека некој се исфрлени од првобитната тема. Подобра класификација значи и подобра организација поточно ке имаме за читање разноврсно од секаков тип на криминал и размер.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
350
Поени од реакции
264
За криминалнаа група Black Panters одсекогаш сум се интересирал и сакам да дознаам многу за нив.. Генијални умови со прејаки тактики за кражби.. Би напишал и јас што знам кога ќе имам време ама сигурен сум дека има од вас некој што знае многу повеќе имате прочитано.
 
Член од
30 ноември 2011
Мислења
661
Поени од реакции
151
Белградската мафија или познати како Земунски клан кој е формиран некаде 90те од Душан Спасојевич и неговата десна рака Миле Лукович познат како Кум, Почетокот биле ситни криминалци кој се доселиле во Белград и претежно се занимавале со кражби на Автомобили,потоа кога добија малце слава видоа дека со дрогата има повеќе пари почна да се занимаваат исклучиво со дрога Душан потоа стекнал силни врски во цела србија а и надвор имале договор да идат за Колумбија каде ке набават чист Хероин или кокаин, ама биле уапсени во Франција тајната полиција го следела секој нивни чекор, потоа почнаа да киднапираат најбогатите луге во србија и да бараат откуп по 5-7 милиона, кој потоа го трошеле на луксузирање во другите земји како казина и клубови,после ова почињаат да играат уште по прљаво како како редовни убиста итн има многу да се пишува а има и документарци за оваа банда која била страв и трепер во Цела србија а и во општо во регионов,Мафијава целосно пага после убивањето на премиерот на Србија 2003 год

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Досије Земунски Клан погледни го се објаснето детално :D
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
3.906
Поени од реакции
3.929
Книгата (Мафија) од Џо Дарден Смит да си ја најдете тие што ве интересира. Не памтам од која издавачка куќа беше ама не беше многу скапа. Околу 100 и нешто страни е. Тие што очекувате лудница од приказни со разнесување глави подобро не ја ни гледајте на излог... Во книгата писателот кој има истражувано за многу Мафии пишува за Италијанската Мафија. Од почетоците во Сицилија до распадот на Мафијата во девеесетите. И баш е онака буквар за поими и ликови во историјата на нај Мафијашкиот период досега. :)
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.093
Поени од реакции
941
Вистинските мафијаши ( а не гангстери ), ретко кога ги знаеле под вистинско име и ретко кога знаеле што се имаат направено. Тој тренд на популаризација почнува со Ал Капоне, јавни настапи, телевизиски гостувања и слично. Предходно ретко кој ги знаел правите мозоци на мафијата. Се дознавало за нив дури од кога ќе завршел некој судски процев против нив.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
3.906
Поени од реакции
3.929
Ритуал на иницијација во Италијанската Мафија. (Папарацо снимки.) http://www.vice.com/rs/read/policija-po-prvi-put-u-posedu-snimka-ceremonije-inicijacije-u-italijansku-mafiju

Сложената структура на Калабријската мафија. http://www.vice.com/rs/read/crimine-infinito-slozena-struktura-kalabrijske-mafije

Човек кој случајно навлегол во тесните кругови на големата мафија. http://www.vice.com/rs/read/upoznajte-coveka-koji-se-ubacio-u-italijansku-mafiju

Погледнете како изгледа стан на некој од италијанските мафијаши. (Се работи за апартман во скромен станбен комплекс, но внатрешноста е...) http://www.vice.com/rs/read/u-raskonim-odajama-italijanskih-mafijaa
 

Mr.HyPNoTiC

UnTraceable Guest!
Член од
13 ноември 2007
Мислења
1.411
Поени од реакции
172
Прочитајте ја книгата "КРИВ ПРАВЕЦ" за мафијата во Македонија :)
1рвиот дел се говори како една проститутка ја вмешуват во криминал.
2риот дел е за сиромашно дете од Велес кој станува обезбедување на министер за транспорт ...
 
Член од
6 април 2013
Мислења
350
Поени од реакции
264
Прочитајте ја книгата "КРИВ ПРАВЕЦ" за мафијата во Македонија :)
1рвиот дел се говори како една проститутка ја вмешуват во криминал.
2риот дел е за сиромашно дете од Велес кој станува обезбедување на министер за транспорт ...
За кој период се работи и каде можам да ја најдам книгава? :) Фала
 

Mr.HyPNoTiC

UnTraceable Guest!
Член од
13 ноември 2007
Мислења
1.411
Поени од реакции
172
За кој период се работи и каде можам да ја најдам книгава? :) Фала
Мислам дека се работи за времето кога Б.Ц. беше премиер. Книгата е напишана од Дитас...
А што најмногу ми беше интересно е што на почетокот од вториот дел од книгата т.е на 1рвата страница пишува „Романот излезе од печат благодарение на финансиската помош на големиот љубител на пишаниот збор, г-динот Сашо Мијалков.“
Дел 1 симнете го од овде, Дел 2 од овде
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.164
Поени од реакции
4.949
Ја ќе пишам деновиве за криминалните банди како MS-13, MS-18, Latin Kings, Картелите во Мексико итн.

Дополнително имате многу јаки документарки за нив на Јутуб - вреди да се погледне.
 
На врв Bottom