Криминалци и криминални групи во МК

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Се е испланирано за криминал од секој размер. Голем поздрав. :) (y)
Да само кај нас нема мафија и криминалци кој се самостални сите се поврзани со државните органи кој ги штитат, гледам дека си доста информиран и знаеш точно што е мафија и криминални групи и сам ги кажа земунски клан кој беа нешто во европа, исто така тука се и француската мафија кој се нешто во државата, италијанската исто така поставив слика од алкапоне, кој бил звер дури и властите им било страв кој ја држел цела америка и сите ситни криминалци на дланка

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Т

Триптико

Гостин

Капоне ја држел цела Америка на дланка? Не зезај, да не била прохибицијата, кур што ќе станел тоа што бил. Имаш утнато во забелешката за темава. Криминалци и мафија не е исто. Ај што не е исто, очекуваш Козаностра во МКД да најдеш? Знаеш како викаат: секоја држава има своја мафија, само мафијата во МКД има своја држава. Сакаш за мафија да збориме? Од кого да почнеме: Бранко, Грујо (иако треба Мијалков да биде)... Во секоја држава, мафијата е врзана со власта. На еден или друг начин. Италија кога има проблем со ликвидност, знаеш кој извади пари да плати? Мафијата. Пола влада им е мафија. Мешаш поим на гангстери и мафијаши и криминалци. Е, гангстери немало на овие простори. Барем јас колку што знам. И некој како Елиот Нес. А знам дека се поинтересни :)
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.290
Поени од реакции
7.239

:facepalm: Оди пушти си некој цртан филм.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860

Мафија е традиционално италијански збор и поим. А што е мафија ? организиран криминал, што е организиран криминал ? луѓе односно група од луѓе кои работат меѓу себе поврзано и организирано и во целата организација секој си го знае нивото и задачата. Кога ке види човек дека и кај нас како и секаде така функционираат криминалните групи тогаш што нашиве криминалци се поразлично од Мафија. Се сложувам со тебе апсолутно тоа пробував да му објаснам и на haCk0r дека се работи за големина и моќност се е многу слично да неречам исто во структурата на организираниот криминал, мафијата.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Грешка си тука, мафија не е генерички поим. Под мафија се подразбира Само криминална организација со Дон, консолиере, андербос, капос и солџерс. Таква поставеност имаат само петте италиански криминални фамилии од која најпозната и најмоќна е Коза Ностра. Кога зборуваме за руски, јапонски и останати крими организации не зборуваме за мафија, русите се организирани во криши со по дисперзирана и неформална поставеност на моќ а јакузите се слични на италјаниве
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Друже нема што ја да објаснувам што е мафија а што поединци, темава испадна само лихвари цела ја прочитав,и е безвеза тролање, значи нема ни м од мафија ни па од салам група криминалци туку само поединци кој направиле 3 глупости во животот дошле до некоја пара па сеа ке ги величиме на форумов

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Ти сакаш мафија како во филмовите ?
Ова е Маке донија, земја каде сите таксисти ги знаат криминалците, а сите полицајци ги знаат кафаните. Ти сакаш криминал со бело, убиства и слично ?
Прво,
Ние сме мала држава и кај нас потрошњата на бело е толку мала што неколку европски градови толку количина трошат на дневно ниво, а може и помалку да трошиме.
Лихвата и рекетот се основи на криминалното делување, да речеме дека првите мафии почнале со тоа, после се случува прохибицијата итн.
Второ, бидејќи сите таксисти ги знаат криминалците, за мала и сиромашна држава полицијата има доста мали плати, па така наместо да биде организирана и да го сузбие криминалот т.е да го доведе на 10% од тоа што е сега (и тоа за една година), полицијата го помага, а многу често е и директно вклучена или со други зборови, ако работиш самоиницијативно големи се шансите да завршиш неславном, правејќи се криминалец ко во ганстерските филмови.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Грешка си тука, мафија не е генерички поим. Под мафија се подразбира Само криминална организација со Дон, консолиере, андербос, капос и солџерс. Таква поставеност имаат само петте италиански криминални фамилии од која најпозната и најмоќна е Коза Ностра. Кога зборуваме за руски, јапонски и останати крими организации не зборуваме за мафија, русите се организирани во криши со по дисперзирана и неформална поставеност на моќ а јакузите се слични на италјаниве
Во право си и ради таа организираност Италијанската мафија и Јапонската Јакузите биле толку моќни и организирани додека Русите и Албанците во светот на криминалот владеат и се супериорни поради нивната поддршка меѓусебна во клановите на национална основа и чиста бруталност. Поделбиве не ги знаев во танчина точно, убаво е што ги имаме на темава, но коа ке размислам и уличен мангуп на гранапче што е главен има еден што му десна рака и еден што ги клоца напалените потрчковци за да ги стави во ред. И во чопорот на волците еден е главен еден под главниот еден уште подоле... Во смисла друже дека тоа е природна селекција во чопорот, групата, организацијата, мафијата.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Грешка си тука, мафија не е генерички поим. Под мафија се подразбира Само криминална организација со Дон, консолиере, андербос, капос и солџерс. Таква поставеност имаат само петте италиански криминални фамилии од која најпозната и најмоќна е Коза Ностра. Кога зборуваме за руски, јапонски и останати крими организации не зборуваме за мафија, русите се организирани во криши со по дисперзирана и неформална поставеност на моќ а јакузите се слични на италјаниве
И Албанска мафија работи на многу сличен систем како Коза Ностра. Според многу аналитичари баш тој силен хиеархиски систем го имале разработено многу добро и им бил предност. А иначе зборот Мафија си е италијански поим за организираниот криминал во Италија. Најпозната е Коза Ностра меѓутоа најмоќни во денешницава се Камора што се базирани во Неаполскиот регион. Но мислам дека го немаат тој хиеархиски систем како Коза Ностра туку повеќе се како Русите.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Да само кај нас нема мафија и криминалци кој се самостални сите се поврзани со државните органи кој ги штитат, гледам дека си доста информиран и знаеш точно што е мафија и криминални групи и сам ги кажа земунски клан кој беа нешто во европа, исто така тука се и француската мафија кој се нешто во државата, италијанската исто така поставив слика од алкапоне, кој бил звер дури и властите им било страв кој ја држел цела америка и сите ситни криминалци на дланка

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
На Ал Капоне тешко дека властите му се плашеле тогашните корумпирани власти во Чикаго му замижувале на делата зошто им ги полнел џебовите за да на крај на старост го здрпаат во затвор за неплатен данок... На Лаки Лучијано и Мајер Ленски и компанија да им се плашеле властите али само во Италија синовите на мафијашите големи во Италија биле големи чиновници на армијата само и само за подобра контрола. Да знаеш дека во Америка Илуминатите и Масоните пошто нивна творевина ги пуштиле мафијашите и мафиите да дејствуваат онолку колку што сакале и до тогаш кога сакале. Во раните девеесети се пресечени сите врски на италијанска мафија кога во УСА и тие малку што преживеале се вратиле во Палермо, Сицилија каде и сега таму си дејствуваат.

Малку луѓе знаат дека Бајруш Сејдиу т.н. крал на Куманово лежел затвор во Италија со братот на Берлускони кои бил голем мафијаш. Апсолутно дека мафијата до пред скоро ака не и сега после Берлускони ја држат власта во Италија. Не само во Македонија власта е поврзана со криминалот и криминалните групи.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Читав една статија дека тоа што некој политичари имале конекција со мафијата во Италија дури им било и плус бидејќи така луѓето гледале дека тој одреден политичар ќе може да преговара со нив. Веќе јасно им е дека неможат да се бутнат. Така да и те како е поврзана политиката и мафијата во Италија.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.899
Поени од реакции
1.732

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Aj да пишам и јас околу мафија збор два шо сум учел по организиран криминал.

Мафијата е класична организирана криминална структура која е уредена како тајна организација во која има строга внатрешна хиерархиска структура (нешто шо спомна Годот од погоре) која се занимава со илегални активности но и легални активности. Истата е синоним за организиран криминал во САД и е „увезена" од Италија кој крајот на 19 и почеток на 20 век со доселување на италијанските имигранти. Што се однесува до тоа како терминот е добиен има различни дефиниции и нема да навлегувам во нив. Нејзини најбитни белези се:

1. цврста поврзанoст на сицил. братства,
2. внатрешна. послушност и дисциплина, со закана со смрт;
3. чување на тајната;
4. заклетва за omerta како личен кодекс на однесување, односно забрана за соработка со власта;
5. воспоставувување на патријархален хиерархиски систем меѓу членовите (се користи и „семејни“ термини-„кум“, „татко“, „чичко“ и сл.)
6. vendetta или одмазда преку лична егзекуција, како средство за разрешување на взаемните спорови.

Кај америве првпат истата се спомнува пред големата порота во Њу Орлеанс, 1890 и некоја беше, крајот на 19-ти век, кога скинале брајчава локален шерив од страна на организација составена од Сицилијанци.

Таа има цврста внатрешна организација составена од „фамилии" .(најпознати се 5-те њујоршки фамилии: Бонано, Коломбо, Гамбино, Геновезе и Лукезе; а во Чикаго најпознат e братот Ал Капоне).
Имаш шеф, имаш потшеф, советници, извршители-работници. Над сите нив е шефот на ела мафја (capo di capi)
Во 1982 год. е донесен Антимафија законот и започнува борба со организираниот криминал (Фалконе). Од тие причини, овие организации во почетокот на 90-те години го напуштаат дотогашиот начин на делување и се инволвираат во итал. полит. и финан. поредок. („бели јаки“) После нели ги кинат Фалконе и Борселино. И така натака и така натака.

Е сега околу збункиве со другите „мафии" кои ги нарекуваат дел од членовите.
Русија: Има криминални организации воглавно од припадници на поранешните институции (КГБ, Армијата, полицијата), кои останале без работа. Се смета дека брои над 100.000 шефови-организатори, а бројот на членови е непознат и истата се темели на три столба бирократија, бизнис, криминалци (плус имаше инфо од ФБИ дека најмалку 25 проценти од приходите во буџетот во Русија идат токму од тука, а мислам дека се далеку повеќе)
Југоисточна Азија ги има познатите Тријади. Почнуват како тајни патриотски друштва во Манџурија. Овие знам дека немаа вертикална поставеност туку хоризонтална имаа со еден шеф и еден финансиер со одреден мандат кои се избираат.
Јапонија „Јакуза“, која настанува од телохранителите на самураите Подоцна се јавиле „махи-јако“-локални банди кои го штителе населението од разбојници, но истовремено и самите го тероризирале. Во 17 в. се создава денешнава позната Јакуза, која има по некој допира и сличност со италијанската: составeна од фамилии, со внатрешна поделба на улогите и со строга дисциплина.
На Балканов нема да должам но се смета дека најзаебана е албанската, ради блиските контакти и соработка со италијанската и останатите.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
МОМЦИ - ТЕМАТА Е МАКЕДОНСКИ КРИМИНАЛЦИ И КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ
Е ако де, од два три поста од кои човек можи да научи по нешто, нема да се срони бисерот :D

Во Македонија мафии мафии нема. Има организирани групи кои си роварат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom