Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.001
Поени од реакции
8.554
Можи министер да биди и економист или доктор специјалист за уво нос и грло. И сега тој треба да одлучува кој треба да живее или не??
Може министер за здравство да биде и овчар, нели? Што мајка бара економист да биде министер за здравство?
Дали ракометен тренер може да биде фудбалски селектор. Не може. А зошто? Сè што може да направи е да ја упропасти фудбалската репрезентација. Голема работа.
А некомпетентен министер може да го упропасти целиот свој ресор. Затоа и како држава не може да ни тргне никако, само може да назадуваме.

Овде лежи зајакот:

Има една поучна балканска приказна за некојси султан што потрошил едно чудо пари да ги школува децата на своите паши и бегови во странство за да му помогнат во управувањето со земјата. Кога ги завршиле високите школи и се вратиле дома султанот им дал работни задачи: тој што завршил медицина да биде министер за правда, тој што завршил право да биде министер за земјоделство, тој што завршил агрономија да биде министер за внатрешни работи... Кога останале насамо Великиот везир го прашал зошто направил така. “Е, мој везире, одговорил султанот, да ги оставев децава да го работат она за што учеле, ни јас ќе бев султан, ни ти велики везир!”
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Да не беше отворањето на новиот спинален центар тука, баш сега во овој период, Тамара најверојатно ќе беше пуштена во Турција да се оперира и да преживее.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.001
Поени од реакции
8.554
Да не беше отворањето на новиот спинален центар тука, баш сега во овој период, Тамара најверојатно ќе беше пуштена во Турција да се оперира и да преживее.
Кој ли е третиот ресор што ќе му го дадат во следниот мандат по образованието и здравството? Кои ли ќе бидат тие несреќници?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Кој ли е третиот ресор што ќе му го дадат во следниот мандат по образованието и здравството? Кои ли ќе бидат тие несреќници?
Јас, ти, тој, таа, тоа, ние...и тн.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Затоа што се коцкал со животот на детето за политички поени. Исто и премиерот. Сакаш да ти нацртам?
Не фала.
Кој знае што ги чека овие на власт или нивните поколенија.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
пари за лекување нема а има за к*рвата цеца..браво
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
roditel : Vlado Tanurov

DRAGI MOI FB PRIJATELI !!
„Molcev sto molcev, citav sto se slucuva i ne komentirav, ama so smrtta na malata Tamara ne pukna bomba tuku eksplodira NUKLEARKA !!! Site sto ste mi prijateli i prijatelite na prijatelite ja znaat nasata GOLGOTA niz koja pominavme so fondot za zdravstvo i so sudovite vo ova nasa cudesna zemja MAKEDONIJA !!!! Sramotni se izjavite na direktorkata na fondot za malata Tamara !! Citiram :” Lekuvanjeto vo stranstvo bese odobreno se cekase termin za operacijata” – zavrsen citat !! Kogo lazete i matkate?!! Nie ja pominavme celata taa procedura i celata taa golgota od raganjeto na nasiot sin do operacijata. Site koi pominale niz ovaa procedura i go pobarale spasot vo stranstvo, znaat deka od klinikata kade ke se vrsi intervencijata se dobiva faktura za cinenjeto na operativniot tretman i termin za operacija a na nas e da gi uplatime sredstvata za da go zacuvame terminot, no dokolku sredstvata ne se uplatatat terminot ne se gubi tuku se pomestuva za odredeni denovi dodeka se platat sredstvata, no ne so meseci!! Znaci vo slucajot na Tamara sredstvata voopsto ne se uplateni i zatoa nema termin, pocituvana direktorke !!!
Sto se odnesuva do FZO -sramota kako gi pravite tie konziljarni i komisiski odobruvanja za lekuvanje vo stranstvo !!

Целиот текст тука.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.932
Поени од реакции
15.953
денес имаше во Утрински напис за дечко што 1998 е опериран во Прилеп од бенигни тумори кој му предизвикале сколиоза... не е пратен ни во Скопје, туку во самото место на живеење... незнам каква била сколиозата, но сепак зошто написот е тргнат оде Утрински Експресно ??? Имаше коментари дека нашето здравство тогаш било поефикасно иако имало послаба опрема, а и околу случајот од пред 2 недели за девојче што умре за 3 дена од речиси ништо и никој во медиумите ништо...
еве го написот, не е тргнат ама е маргинализиран и експресно бутнат во архива...
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=75C343AC6B876540B3D9577CBAE5A299
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.786
Да не беше отворањето на новиот спинален центар тука, баш сега во овој период, Тамара најверојатно ќе беше пуштена во Турција да се оперира и да преживее.
Од друга страна пак комисијата да дадеше зелено светло уште пред една година( можи и грешам пред колку време) Тамара исто најверојатно ке беше пуштена на лекување.
Може министер за здравство да биде и овчар, нели? Што мајка бара економист да биде министер за здравство?
Дали ракометен тренер може да биде фудбалски селектор. Не може. А зошто? Сè што може да направи е да ја упропасти фудбалската репрезентација. Голема работа.
А некомпетентен министер може да го упропасти целиот свој ресор. Затоа и како држава не може да ни тргне никако, само може да назадуваме.

Овде лежи зајакот:

Има една поучна балканска приказна за некојси султан што потрошил едно чудо пари да ги школува децата на своите паши и бегови во странство за да му помогнат во управувањето со земјата. Кога ги завршиле високите школи и се вратиле дома султанот им дал работни задачи: тој што завршил медицина да биде министер за правда, тој што завршил право да биде министер за земјоделство, тој што завршил агрономија да биде министер за внатрешни работи... Кога останале насамо Великиот везир го прашал зошто направил така. “Е, мој везире, одговорил султанот, да ги оставев децава да го работат она за што учеле, ни јас ќе бев султан, ни ти велики везир!”
Споредбата ти е во основа погрешна и тоа незнам од колку причини.
Ама ајде неколку онака од ракав колку да имаш за што да размислуваш.
Ако по твојата логика министер за здравство мора да биди доктор јас би те прашал каков доктор. Дали можи некој кој завршил за пример кардиоваскуларни болести може да биде компетентен за да речеме спинални проблеми. Самата докторка тука споменувана се вади дека таа и не била компетента пошто била специјалист за друго. И како очекуваш тој доктор министер дека би бил компетентен за се?
Друга фалинка во твојата логика е дека ако треба така да биди тогаш само би те прашал кој е по устав врховен командант на оружените сили? Јас последно колку што знам тоа по устав е Претседателот на државата. Исто колку што знам претседател ни е професор. Дали според тебе треба да бараме некое војно лице со повисок чин да ни биди претседател пошто реално само такво лице е компетентно и се разбира од војска.
Сакаш и понатаму. Нека ме поправат ако грешам ама нели претседателот на ФИФА имаше изјавено дека во животот никогаш нема играно фудбал.
После одиме натаму. Според тебе менаџер на некоја фабрика би требало да биди некој кој како работник ептен се покажал на линија во производство па според тебе тој би бил одличен менаџер? Некој кој одлично работел со штрафцигер утре ке треба да склучува милионски договори.
И каква врска има тоа дали некој кој добро бранел утре би знаел да го менаџира клубот или би бил добар тренер пример. Ете Панчев видовме како се покажа, а човекот си има златна копачка.
Малце и за подвлеченото. Тука нема султани и везири , не сме ние монархија каде монархот оди по крвна линија туку сме парламентарна демократија каде власта се добива на избори, така да примерот во најмала рака не е на место.
Па за претходниот пост не вреди ни да се реплицира.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
:facepalm::facepalm:
Абе @Ireal 16 поста напиша на темава и секој нареден ти е поглуп од претходниот.Шо сакаш да кажеш,бе друже?Кажи си слободно,не туку врти као "киша око Крагујевца"..

Денеска бев на протестот во Велес,тмурна,жална атмосвера..Отидов,за да искажам жалење за случајов,да се солидализирам со родителите.За жал,имаше малку народ,премалку за ваков случај.Кратко траеше протестот,немаше викање,пцуење,имаше само некоја нелагодна,болна тишина и солзи во очите на тие што присуствуваа..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.675
Поени од реакции
11.900
Од друга страна пак комисијата да дадеше зелено светло уште пред една година( можи и грешам пред колку време) Тамара исто најверојатно ке беше пуштена на лекување.

Споредбата ти е во основа погрешна и тоа незнам од колку причини.
Ама ајде неколку онака од ракав колку да имаш за што да размислуваш.
Ако по твојата логика министер за здравство мора да биди доктор јас би те прашал каков доктор. Дали можи некој кој завршил за пример кардиоваскуларни болести може да биде компетентен за да речеме спинални проблеми. Самата докторка тука споменувана се вади дека таа и не била компетента пошто била специјалист за друго. И како очекуваш тој доктор министер дека би бил компетентен за се?
Друга фалинка во твојата логика е дека ако треба така да биди тогаш само би те прашал кој е по устав врховен командант на оружените сили? Јас последно колку што знам тоа по устав е Претседателот на државата. Исто колку што знам претседател ни е професор. Дали според тебе треба да бараме некое војно лице со повисок чин да ни биди претседател пошто реално само такво лице е компетентно и се разбира од војска.
Сакаш и понатаму. Нека ме поправат ако грешам ама нели претседателот на ФИФА имаше изјавено дека во животот никогаш нема играно фудбал.
После одиме натаму. Според тебе менаџер на некоја фабрика би требало да биди некој кој како работник ептен се покажал на линија во производство па според тебе тој би бил одличен менаџер? Некој кој одлично работел со штрафцигер утре ке треба да склучува милионски договори.
И каква врска има тоа дали некој кој добро бранел утре би знаел да го менаџира клубот или би бил добар тренер пример. Ете Панчев видовме како се покажа, а човекот си има златна копачка.
Малце и за подвлеченото. Тука нема султани и везири , не сме ние монархија каде монархот оди по крвна линија туку сме парламентарна демократија каде власта се добива на избори, така да примерот во најмала рака не е на место.
Па за претходниот пост не вреди ни да се реплицира.
Претседателот на Република Македонија го бираат граѓаните на непосредни избори, додека министрите ги бираат пратениците во парламентот.

Претседателот на Република Македонија е врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, а претседателот на ФИФА е претседател на приватна меѓународна спортска организација.

Доколку не знаеше, во Македонија се задолжителни и приемните испити и државните испити за сите кои студираат медицина.

И да, кардиологот, односно кардиохирургот е доволно компетентен за да знае дали неговите постапки врз неговиот пациент би имале последици врз 'рбетот или врз другите делови од човечкото тело, исто како што и стоматологот е доволно компетентен за да знае дека кога вади умници, мора да внимава на тоа која метода за екстрахирање на умниците ќе ја примени, бидејќи и мала грешка може да доведе до внатрешно крварење, а тука се разбира, по потреба настапува асистенцијата од лекар кој се занимава со 'рбетот, како и од други лекари кои по потреба можат да бидат повикани за асистенција.

Министерот за здравство Никола Тодоров во повеќе наврати отворено и јавно спомна дека не е лекар по професија, туку менаџер. Или со други зборови кажано, типот воопшто не полагал ниту приемен испит за медицински факултет, а камо ли па државен испит по медицина.

Но настрана неговата професија, останува фактот дека Никола Тодоров - како министер за здравство на Република Македонија - е одговорен за своите постапки и дека колку поголеми овластувања има, толку поголема одговорност му се припишува на него.

И токму бидејќи има огромна одговорност, не може да одлучува за сите случаи истовремено, бидејќи има илјадници луѓе, ако не и десетици илјадници луѓе, кои секој ден имаат потреба од лекување. Затоа тука настапуваат лекарите и комисиите кои треба да дадат свои мислења и препораки.

Во овој случај конкретно, кој за жал заврши трагично, сите лекари кои всушност го имаа прегледано сега веќе покојното девојче, Бог да ја прости, односно кои лично беа запознаени со нејзината здравствена состојба, од прв до последен - значи без ниту 1 (ЕДЕН) исклучок - дадоа мислење дека случајот е итен бидејќи болеста брзо напредува и дека девојчето мора што е можно поскоро да се лекува во странство, бидејќи во Македонија нема клиника која може да ја прими и да ја оперира.

Можеш да кажеш дека министерот не знаел за итноста на случајот, па затоа не се ангажирал лично во овој случај, но не - токму Никола Тодоров беше тој кој отворено и јавно изјави дека државата ќе го покрие лекувањето на девојчето во странство, со што отворено и јавно потврди дека е запознаен со случајот и дека ќе се ангажира лично за неговото брзо решавање.

Таа изјава, Никола Тодоров ја даде во ноември 2014, а девојчето почина во февруари 2015. Повеќе од 3 (ТРИ) месеци, државата молчеше и освен празното ветување на Тодоров, родителите на девојчето не добија никакво друго известување од државата, се до минатата недела кога, 2 дена откако им почина ќерката, добија известување дека конечно - после цели 3 (ТРИ) години чекања, влечкања и молења низ институциите за помош и после 3 (ТРИ) месеци откако Тодоров го даде своето празно ветување пред македонската јавност - државата одобрила лекување на девојчето.

Но за жал, на нејзе повеќе не и треба лекување, туку надгробен споменик, а за ваквиот развој на настаните, заслугите паѓаат врз лекарите кои го одолговлекувале процесот за одобрување за лекување на девојчето во странство на сметка на државата, а истовремено ако не директната одговорност, тогаш барем моралната одговорност, паѓа врз Никола Тодоров како ресорен министер, бидејќи отворено и јавно изјави дека лично ќе се ангажира за брзо решавање на овој случај, но повеќе од очигледно е дека неговата изјава беше најобичен збир од празни зборови, а со тоа и лажно ветување.
 
А пак пратениците ги бираат на непосредни избори, но што има тоа врска со било што. И да го бираат претседателот на непосредни избори и да го бира парламентот тој пак е врховен командант на вооружените сили. И не само кај нас, скоро секаде во светот, што би рекле општо прифатено правило. Дали сите претседатели се воени лица, генерали итн итн. Значи споредбата беше заради тврдењето дека министерот мора да биде во случајот доктор што во најмала рака нема врска. Или пак ако се работи за одбрана, војна, вооружени сили може да биде секој, арно ама за здравство мора да биди доктор. Или ако некој знае да оперира и има мирна рака тој сигурно по дифолт мора да биди и добар менаџер. Јас чисто се сомневам во тоа, ама ете ако вие мислите дека е така тогаш сигурно мора да е така..
И сега да се вратиме малце на случајот. Во основа се согласувам со одговорностите на еден министер и потребата на формирање на комсии од причини кои и ти ги спомена. Но од каде сега извади дека сите доктори рекоа дека случајот е итен. Или јас сум грешка или грешно имам прочитано каде се тврдеше дека сите комисии кои одлучуваа за Тамара едногласно одлучија негативно за случајот. Таму првостепена и второстепена со потпис и печат изјавија дека предметот е одбиен. Ако јас сум грешка и комисиите дале зелено светло а министерот или некој над нив во фондот ја блокирал работата тогаш тој некој треба да одговара. И затоа пак ке нагласам дека треба да се запази процедурата каква и да била таа и према неа да се види кој треба да ја сноси одговорноста. Друга работа дали министерот по правило на служба има овластувања да ја заобиколи препораката или цел систем и на своја рака да донеси решение. Ова во случајот можеби и би било полезно и добро, но од друга страна може да не доведе во ситуација некој друг ден тој на своја рака да си ја прати швалерката( ако ја има) на естетска хирургија оти едноставно му се можи и притоа ни да праша нити да чека препорака од комисија и со тоа да му скрати лекување на некој на кој реално му е потребно. Така да тоа е меч со две острици и некако колку и да звучи добро во овој случај сепак само ја префрламе топката од дворот на комисијата во дворот на министерот. Утре ке дојди некоја нова влада, нов министер и неизбежно порано или покасно повторно ке дојди до ваков случај и пак ке си ја префрлаат топката а реално никому ништо.
Значи врти сучи мора да има процедура која треба да се следи доследно и према неа да се бара каде затаила работата и кој е виновникот што затаила но притоа и да се увидат грешките и во самата процедура ако ги има и дали сите доследно ја следеле. Тука морални оставки не помагаат затоа што во суштина ништо нема да променат. Треба да се стркалаат неколку глави како за пример. Ама не било кои глави туку на одговорните кои се директно одговорни за смртта на Тамара.
 
Очигледно не читаш детално или не сакаш да читаш детално кога ти реплицираат, бидејќи јас убаво потенцирав дека сите лекари кои го прегледале девојчето - односно кои лично биле запознаени со нејзината здравствена состојба - дале препорака за нејзино итно лекување во странство поради брзиот напредок на нејзината болест.

А тоа што одлучиле комисиите, во кои сигурно не членувале истите тие лекари кои го прегледале девојчето, е веќе друга приказна.

Кога сме кај претседателот на државата, спомнав дека граѓаните го бираат на непосредни избори за да потенцирам дека неговиот избор не зависи од парламентот како што е во случајот со министрите во владата, туку зависи од изборот на граѓаните кои знаат за кого гласаат, односно за кого не гласаат.

И без разлика што е претседателот на државата по професија, во случај на вонредна состојба, тој е обврзан ако не да ги прифати, тогаш во најмала рака е обврзан да ги ислуша аргументите, забелешките, препораките и советите од советот за безбедност и од кризните штабови, за да не каже после дека не знаел каква е ситуацијата на теренот за која тој донесувал одлуки.

Но за разлика од претседателот на државата, кој е избран на непосредни избори, министрите во владата се избрани од страна на пратениците во парламентот - кои да, избрани се од страна на граѓаните на непосредни избори, и како такви, се обврзани да вршат контрола врз владата, вклучувајќи го и министерот за здравство. Во најлош случај, пратениците во парламентот доколку дојдат до заклучок дека некој министер не си ја врши својата работа како што треба, можат да му изгласаат недоверба и да го отповикаат од службената функција која ја извршува.

Во случајот со сега веќе покојната Тамара Димовска, Бог да ја прости, министерот за здравство Никола Тодоров, отворено и јавно изјави дека е запознаен со случајот и дека девојчето ќе се лекува во странство на сметка на државата. Зачудувачки е тоа што, во најмала рака, кога Тодоров ја даде ваквата изјава во ноември 2014, сепак не најави истрага како и зошто дури 2 комисии одбиле да одобрат лекување на девојчето во странство на сметка на државата кога болеста толку напреднала, а не даде таква изјава ниту за 3-та комисија која исто така одбила да одобри лекување на девојчето во странство на сметка на државата, туку му текна таква изјава да даде дури откако девојчето почина.

Можеш колку сакаш да кажуваш дека министерството и фондот за здравство до бескрај ќе си ја префрлуваат вината едни на други, но тоа не ги амнестира ниту едните ниту другите бидејќи дозволија ваква трагедија да се случи.

Министерството за здравство дозволи да се случи оваа трагедија со тоа што не ја регулираше работата на Фондот за здравство и не побара фондот да донесе итна одлука за случај кој се влечкал цели 3 (ТРИ) години низ лавиринтите на здравствените институции.

Фондот за здравство дозволи да се случи оваа трагедија со тоа што не донесе итна одлука за лекување на девојчето во странство на сметка на државата, земајќи ги во предвид извештаите и препораките од сите лекари кои го прегледале девојчето и сите од прв до последен - без ниту 1 (ЕДЕН) исклучок - дале препорака за итно лекување на девојчето во странство бидејќи болеста брзо напредува и на девојчето му е потребна итна медицинска помош.

Од оваа гледна точка, виновни се и членовите на сите 3 (ТРИ) комисии, и нивните претседатели и претседавачи, и претседателката на Фондот за здравство, и министерот за здравство Никола Тодоров, бидејќи заедно имале можност да донесат одлука за итно лекување на девојчето во странство на сметка на државата, но сепак дозволиле случајот да се влечка цели 3 (ТРИ) години низ лавиринтите на здравствените институции.

Во историјата на независна Македонија, само 1 (ЕДЕН) министер има поднесено неотповиклива оставка, а тоа е поранешниот министер за транспорт и врски Антонио Пешев, кој поднесе оставка после двете авионски несреќи кои се случија во 1993 година, за кои не беше ниту директно, ниту индиректно виновен, но сепак си поднесе неотповиклива оставка.

Никола Тодоров од друга страна, има пред се морална одговорност за ваквата трагедија која можеше да ја спречи доколку интервенираше лично во Фондот за здравство, а понатаму тука е и службената одговорност која како министер ја има за да води ред и контрола во институциите кои се под негова надлежност - вклучувајќи го и Фондот за здравство врз кој, или Тодоров не врши редовна контрола, или намерно го оставил со одврзани раце за во 3 (ТРИ) различни наврати да одбие да издаде решение за лекување на 9 годишно девојче во странство на сметка на државата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom