Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Јас мислам дека ќе го менат на министерот, секако ако продолжат притисоците.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
ги прифаќам сите дискусии, но сакам да додадам некој работи. Луѓето во фондот се од поодамна, а фондот работи по нормативи и методи кој многу бавно се менуваат, но сепак се менуваат. На времето пред 20 години и стент беше скапа работа, сега се оперира срце. А има и друг аспект, приоритет мегу случаите (диагнозите), а тоа е внатрешна лекарска работа, проценка на итноста, знаење и искуство. Гледам луѓе од маало, со години со големи искривувања на рбетот
( не е сколиоза, спрема напред), никој не се нафатил ништо да направи, но тие одат се, движат ; тука е поентата, не е секоја диагноза иста, лекарот е тој што е меродавен да ќе каже што треба и може да се оперира и што е итно бидејќи е опасно по животот на пациентот. А да не се залажуваме дека пари има премногу, здравството е вечно во була, тоа треба тековно да се покрива од придонеси, а еве денес пак се бунат хонорарците, држава сме со 50% хонорарци, многумина со дебели хонорари, а сака да не плаќа и да се лекува шверц... е после нема пари.
Четвртина плата даваме на придонеси, и тоа е малку? Нема пари?!
Пак ќе кажам, не е можно секој на светот да се спаси, има деца кои се болни и кои имаат прениски шанси да преживеат општо - ама не правењето ништо е полошо и од самиот обид, пукање во празно.
Ова нивното е не правење ништо, а ако ние молчиме, тогаш значи се согласуваме.

Извини, ама за мене не постои изговор да не се помогне на човек, а не па на дете - бирократски, морални, етички и остали срања не ме интересираат.


Болничката администрација ја знам од А до Ш, затоа што ја работам, и одговорно ти тврдам дека сето ова се случи од МРЗА. Од нечовечност и од апатија.
Не е еден пациент на кој е ,,промижено,, нешто - ако му е потребна помош.
Најмногу ми е криво што тие што немаат проблем што не може да чека, први се секаде и за се им е решено - а оние кои навистина имаат потреба од помош, кои едвај преживуваат во сопствената кожа, се оставени на милост и немилост и на совеста на административците измеѓу.

Не постои правило кое не би го скршила ако е човечки живот во прашање - па ме коштало тоа и затворска казна. Достоинството и човечноста се одлики кои денес малку луѓе ги поседуваат.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
лекарот е тој што е меродавен да ќе каже што треба и може да се оперира и што е итно бидејќи е опасно по животот на пациентот
Самата лекарка што нели била меродавна и што ставила потпис, призна дека и тие се под притисок, ако не и под директива ОД ГОРЕ.
Против тоа зборуваме. Против ужасната партизација и немањето на простор за друго и поинакво мислење. Се е до тој степен заземено што се укинати сите меродавности и процедури, се слуша само што ќе се каже од горе.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.090
Поени од реакции
81.027
Значи каква способност имаат некои да се оградат тоа чудо едно. Од фондот им сугерирале. И што со тоа? Демек од фондот ни рекоа и толку. Не сме ние криви, така ни рекоа. Ами зошто формирале комисија . Каква улога има таа комисија кога некој друг им ги носи одлуките. Ако била таква работата што барале да членуваат во таа комисија. Имаат тие свое јас или немаат. Доктори се или што? Чувствувала морална одговорност. Ај таа чувствувала, другите специјалисти каде се. И тие се чувствуваат морално одговорни. Абе ако сметале дека треба да оди на лекување во странство и самиот премиер да им се јавеше требало да речат Не, пошто тоа им е работа во комисијата. Да одлучат и нивното да биди последно и да стојат позади тоа. Е сега нека си стојат за одлуката на која стои нивниот потпис. Имале време неколку пати да си ја сменат одлуката и не ја смениле. Имале време ако не се согласуваат а биле принудувани да си дадат оставка од таа комисија. Имале време да си дадат оставка и ако не се согласувале со процедурата. Е тоа е морално однесување, се друго е чукање празна слама.
Доктори сега е малце касно за морална одговорност и оставка. Сега е време за кривична одговорност и откази. Следните што ке дојдат во таа комисија ( и во било која друга) да подразмислат два пати дали се таму колку да се потпишат и да тепаат време додека некој друг одлучува во нивно име и да се оградуваат од секаква одговорност или нивната погрешна одлука и потпис може итоа како да им го згорчи животот како што и тие им го загорчуваат на невините пациенти кои во нив гледаат последна надеж.
Дали мислиш дека одговорноста е и кај врвот на фондот и кај министерот?
Дали мислиш дека истите требаа да дадат оставка одма?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.678
Поени од реакции
11.905
Јас мислам дека ќе го менат на министерот, секако ако продолжат притисоците.
И ќе го префрлат на некоја друга министерска позиција, за да продолжи со своите детинести изјави и прошетки низ државата глумејќи инспектор.

Но поголема е веројатноста да не го сменат. Беа свесни дека усвојуваат законски измени за законот за високо образование кои нема да бидат прифатени ниту од студентите, ниту од професорите, но сепак ги истуркаа за да биде по нивно, за да можат да излезат пред јавноста и да кажат "направивме така бидејќи ни се може".

Како што за инает ги усвоија тие законски измени и бројни други законски измени кои народот ги пречекува на нож, така и овој кретен наречен министер за здравство нема да го сменат, чисто од инает - бидејќи им се може.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Луѓе, што ве гледам чудни, чим госпожа Јанкуловска не ја сменија за нешто многу посвирепо, овој за негрижа ли ќе го сменат..... :confused:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.090
Поени од реакции
81.027
За Софијанова стварно многумина изглеа сведочат дека е добар човек (грубо кажано) кој помогнал колку можел. Несомнено, за тоа би требало да биде пофалена и можда наградена. Но, го глеам документон со смртна пресуда и на него потпис од неа. Тоа бара повикување одговорност и казна. Дури и најпростиот субјект би се сложил.
Можеби министерот и премиерот легално не се одговорни за епилогов, пошто не може они све да знаат и за секој случај да интервенираат, али што знае прост човек ко мене, за тие вертикали на одговорност... Она што го знам со сигурност е, дека и двајцата биле лично и директно запознати со административните препреки и одолговлекувања и дека и на двајцата им било предочено, зошто може овие бирократски кочници да бидат опасни и фатални (затоа и впрочем и им пришла несреќната мајка, ин д фрст плејс - затоа што е хитно, а пречките можат да бидат фатални).
Оттука, би бил сосема неворед и најверојатно побуден од необјективни причини, секој обид од вината да се амнестира било кој од овие субјекти (вклучувајќи ги и некои неспомнати). Секако, се си има градација, но суштината е таа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.933
Поени од реакции
15.953
Четвртина плата даваме на придонеси, и тоа е малку? Нема пари?!
Пак ќе кажам, не е можно секој на светот да се спаси, има деца кои се болни и кои имаат прениски шанси да преживеат општо - ама не правењето ништо е полошо и од самиот обид, пукање во празно.
Ова нивното е не правење ништо, а ако ние молчиме, тогаш значи се согласуваме.

Извини, ама за мене не постои изговор да не се помогне на човек, а не па на дете - бирократски, морални, етички и остали срања не ме интересираат.


Болничката администрација ја знам од А до Ш, затоа што ја работам, и одговорно ти тврдам дека сето ова се случи од МРЗА. Од нечовечност и од апатија.
Не е еден пациент на кој е ,,промижено,, нешто - ако му е потребна помош.
Најмногу ми е криво што тие што немаат проблем што не може да чека, први се секаде и за се им е решено - а оние кои навистина имаат потреба од помош, кои едвај преживуваат во сопствената кожа, се оставени на милост и немилост и на совеста на административците измеѓу.

Не постои правило кое не би го скршила ако е човечки живот во прашање - па ме коштало тоа и затворска казна. Достоинството и човечноста се одлики кои денес малку луѓе ги поседуваат.
А да ти кажам дека пред 20 години требаше да одам итно на КТ на медиастинум кај Врчаковски. ..расипан беше, па ми дадоа нов упат на неврологија. Но докторката таму не дозволи, иако пред тоа кога одев таму на прегледи, па и ми направиа без потреба КТ на мозок, ме услови ако сакам да снимам на нивниот КТ медиастинум да ми направи прво пункција на рбетот (потполно непотребна и многу опасна работа !!)... разбрав после дека таа си правела некој труд или докторат па требало што повеќе пункции.. и ми напиша во резултат од специалист пациентот не соработува !! Чекав 20-30 дена, го поправија КТ-то на Рентгенологија и се снимив кај Врчаковски и итно ме оперираа...
Значи имало ситуации тука да не може да оствариш здравствена заштита, не зборувам за иностранство.. И мислам дека и сега, ако немаш некој да те бутка или заинтересиран новинар може да скапеш и од најпроста болест... море и пари да имаш не помага ако немаш доктори, не вреди...што , ќе одиш во некоја приватна болница, реклами до небо а шупелки...
..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
, ме услови ако сакам да снимам на нивниот КТ медиастинум да ми направи прво пункција на рбетот (потполно непотребна и многу опасна работа !!)... разбрав после дека таа си правела некој труд или докторат па требало што повеќе пункции.. и ми напиша во резултат од специалист пациентот не соработува !!
..
Искрено да ти кажам, да ми се случеше ова мене, скраја да е, ќе и напраев пункција во мозокот со штрафцигер.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.933
Поени од реакции
15.953
Искрено да ти кажам, да ми се случеше ова мене, скраја да е, ќе и напраев пункција во мозокот со штрафцигер.
јас не прифатив, но многумина пациенти прифаќаа пункции, а мислам дека на 50% може воопшто не требало за случаите....
.. а да не заборавам една карактеристична работа; многу одамно, пред 30 години оперирав хернија и тогаш шиеја со конец што е биоразградлив...пред 10 години пак оперирав, е вика нема таков конец, нема пари, сега со обичен сиџим !! Ке доплатам за таков конец велам, не може ти кажува, ако сакаш така, оди цела операција прави ја во приватна клиника ! Па до пред 6-7 години мислам ( не ме држите на точна бројка) не можеше да се земе поквалитетен лек со доплата, или земи ќурукот или добар лек 100% приватно !!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.787
Дали мислиш дека одговорноста е и кај врвот на фондот и кај министерот?
Дали мислиш дека истите требаа да дадат оставка одма?
Ајде и парламентот нека се распушти и нека закажат нови избори оти некои доктори или некоја комисија која е формирана баш за таа намена да служи како филтер за кој е за лечење во странство а кој тука донесла одлука од незнам какви причини, па макар биле и под принуда или сугестија со што довело до смрт на невино девојче. Што мене како обичен граѓанин ме интересира под каков притисок била комисијата, дали била воопшто под притисок или едноставно донела погрешна одлука. Комисијата е составена од лица со име и презиме кои се таму на доброволна основа и за тоа земаат плата. Нивниот потпис стои на одлуката и тоа е тоа. Дали биле членови на таа комисија со врски, со пријатели, биле роднини на таму едикојси, биле партиски поставени или биле врвни стручњаци мене воопшто не ме интересира. Ако истрагата покаже или докажи дека нивната одлука била погрешна очекувам најмалце отказни решенија и понекоја казна затвор за да служи за пример за идните комисии дека треба совесно да си ја работат работата за која се платени. За сите потписници на документот кои се изјасниле негативно на барањето без исклучок. А за да не се помисли дека имам двојни аршини или пробувам наводно да штитам некого само ке те посочам на оваа тема. И таму се работи за еден обичен потпис, па уверисе сам како се реагира кога потписник на документ е обичен смртник. Значи тоа не се мои мислења и совети туку мислења и совети на членови на форумот. Ако потписот важи за таму, мојот потпис важи за мене , за твојот си сносиш одговорност ти, тогаш искрено не гледам зошто не би важело и за овој случај. Барем јас така гледам на работите и покушав да ти објаснам зошто така мислам и имам таков став.
Повели објасни и ти каков став имаш и зошто.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
За Софијанова стварно многумина изглеа сведочат дека е добар човек (грубо кажано) кој помогнал колку можел. Несомнено, за тоа би требало да биде пофалена и можда наградена. Но, го глеам документон со смртна пресуда и на него потпис од неа. Тоа бара повикување одговорност и казна. Дури и најпростиот субјект би се сложил.
Можеби министерот и премиерот легално не се одговорни за епилогов, пошто не може они све да знаат и за секој случај да интервенираат, али што знае прост човек ко мене, за тие вертикали на одговорност... Она што го знам со сигурност е, дека и двајцата биле лично и директно запознати со административните препреки и одолговлекувања и дека и на двајцата им било предочено, зошто може овие бирократски кочници да бидат опасни и фатални (затоа и впрочем и им пришла несреќната мајка, ин д фрст плејс - затоа што е хитно, а пречките можат да бидат фатални).
Оттука, би бил сосема неворед и најверојатно побуден од необјективни причини, секој обид од вината да се амнестира било кој од овие субјекти (вклучувајќи ги и некои неспомнати). Секако, се си има градација, но суштината е таа.
И јас тука се сложувам со тебе, ама да бидеме прави, рибата смрди секогаш кај главата, и за мене е тоа еден од најважните моменти.
За Софијанова да се тргне од комсиите и од се останато што не е во нејзин двор - да, ама сепак мислам дека би било загуба да се тргне од она што е нејзина основна работа - а тоа е детската клиника.
Мислам дека и сама ќе се повлече, после се, затоа што барем на мене, ми делува како да е изиграна - нејзина грешка во секој случај - меѓутоа ете, не сум паметна, ама мислам дека секако мора да се има во предвид и сето она што несебично до сега го правела за огромен број на деца, кои секако не се јавно експонирани.[DOUBLEPOST=1423869001][/DOUBLEPOST]
А да ти кажам дека пред 20 години требаше да одам итно на КТ на медиастинум кај Врчаковски. ..расипан беше, па ми дадоа нов упат на неврологија. Но докторката таму не дозволи, иако пред тоа кога одев таму на прегледи, па и ми направиа без потреба КТ на мозок, ме услови ако сакам да снимам на нивниот КТ медиастинум да ми направи прво пункција на рбетот (потполно непотребна и многу опасна работа !!)... разбрав после дека таа си правела некој труд или докторат па требало што повеќе пункции.. и ми напиша во резултат од специалист пациентот не соработува !! Чекав 20-30 дена, го поправија КТ-то на Рентгенологија и се снимив кај Врчаковски и итно ме оперираа...
Значи имало ситуации тука да не може да оствариш здравствена заштита, не зборувам за иностранство.. И мислам дека и сега, ако немаш некој да те бутка или заинтересиран новинар може да скапеш и од најпроста болест... море и пари да имаш не помага ако немаш доктори, не вреди...што , ќе одиш во некоја приватна болница, реклами до небо а шупелки...
..
Има, и јас го кажав истото.
Јас можам да зборувам за мојот двор, за туѓиот не сакам, затоа што не сум видела со свои очи, а за нешто што не знаеш и не си сигурен, е без везе да коментираш.
Во мојот двор, за среќа и по некое чудо, колективот е таков (пред се началникот) што нема простор пациент да остане без услуга, без оглед колку има потребна документација итн.
Повеќе од еднаш се случило пациентот да не е осигуран (затоа што му касни плата), да му се заврши целата работа и тој да не плати тогаш, туку кога ќе му стигне осигурувањето (2 дена или 2 недели после прегледот).
Страшно е што тоа се остава на нашата совест, затоа што ако јас или колегата ја имаме, ако ја има мојот началник, не значи дека сите ја имаат.

Малкумина се административци/сестри/болничари што ќе влезат во конфликт со доктор заради пациент, а верувај, мене тоа ми се има случено, и не само на мене - ама кај нас, барем, секој ден истото го повторуваме - мене ми е тешка работата, психички ми е заморна премногу, огромен е бројот на пациенти и огромна е одговорноста - ама на пациентот во секој случај му е потешко и сигурно не е дојден со мене да муабети од ќеиф.
Лошото е тоа што преголем дел од останатиот персонал, секој ден доаѓа со мислата дека пациентите немаат поим и немаат култура.
Вистина е тоа, немаат никаква култура пациентите, основна, ама тоа не е причина за да не се помогне некому и повеќе од што можеш.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.095
Поени од реакции
6.735
како парите од сопствениот џеб да ги даваат :facepalm::facepalm::facepalm:

нема ронка самосвест да се поможи,а камоли да се почитуваат заклетвите кои ги полагаат.........и нема Господ да им суди,треба да се разбуди народот и да ги подбери малку оние кои ги плаќаат,а не бркаат никаква работа за возврат,за она што се платени..........

туку ај,има и полошо.............
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom