Зависи од кој поглед. Барселона води политика да произведува играчи во својата школа и да ги прослави во Барселона(Валдес, Пујол, Пике, Чави, Иниеста, Меси, Педро, Бојан, Џефрен и мноду други), но има и многу други играчи од школата кои се прославиле и во друг клуб, како Фабрегас, Реина, Артета и многу други.
Слична политика води и Атлетик Билбао, само што е очигледна разликата во можностите и во резултатот-големината на произведените играчи.
Реал Мадрид има своја позната школа, можеби резултатите не се големи по квантитет(бројот на играчи кои излегле), ама се огромни по квалитет, кога ќе се земе предвид фактот дека од Реал Мадрид Кастиља(така се вика школата) потекнуваат најдобриот светски голман Икер Касиљас, Гути, Раул, Мата, па и Рафа Бенитез и Висенте дел Боске. Еве
ЛИНК за сите играчи од школата на Реал Мадрид.
Ајакс, фантастична школа имаат холанѓаните. Речиси секој познат и добар Холанѓански фудбалер има потекло од школата на Ајакс. Секоја им чест.
Сега за сега овие, има уште многу, ама не ми текнува одма.