Кој клуб има најдобра младинска школа и зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата OrrCee
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене најдобра младинска школа има Барселона.
Валдес,Пујол,Пике,Чави,Иниеста,Фабрегас,Бојан,Педро,Меси,Хефрен и неколку други(ако може некој да пише постари подобри фудбалери кои ги има произведено Барса)делумно донекаде Роналдо,Фиго, Гвардиола(не сум најсигурен дека е од младинската школа на Барса).
Погледнете како Барса освојува титули.Со домашни играчи и за тоа нема што повеке да се дискутира.
Реал истотака има добра младинска школа НО ШТО ФАЈДА.Кога не добиваат шанса.
Ајакс одлична младинска школа која секогаш ке произведува одлични фудбалери но политиката на Ајакс е произведување фудбалери па нивно продавање.
Во Англија најдобра младинска школа има Вест Хем.Сепак Венгер и Арсенал повекето фудбалери ги купуваат како тинејџери и не може да се каже дека се чист продукт на Арсенал.
Во ист кош со Арсенал ги ставам и Порто,Бенфика,Спортинг,Олимпик Лион.
 
Ако се гледа денешниве играчи што уште играат тогаш е Барселона и Ајакс. А ако се гледа низ претходните години и воопшто тоа е Ајакс е убедливо прв без двоумење.
 
Зависи од кој поглед. Барселона води политика да произведува играчи во својата школа и да ги прослави во Барселона(Валдес, Пујол, Пике, Чави, Иниеста, Меси, Педро, Бојан, Џефрен и мноду други), но има и многу други играчи од школата кои се прославиле и во друг клуб, како Фабрегас, Реина, Артета и многу други.
Слична политика води и Атлетик Билбао, само што е очигледна разликата во можностите и во резултатот-големината на произведените играчи.
Реал Мадрид има своја позната школа, можеби резултатите не се големи по квантитет(бројот на играчи кои излегле), ама се огромни по квалитет, кога ќе се земе предвид фактот дека од Реал Мадрид Кастиља(така се вика школата) потекнуваат најдобриот светски голман Икер Касиљас, Гути, Раул, Мата, па и Рафа Бенитез и Висенте дел Боске. Еве ЛИНК за сите играчи од школата на Реал Мадрид.
Ајакс, фантастична школа имаат холанѓаните. Речиси секој познат и добар Холанѓански фудбалер има потекло од школата на Ајакс. Секоја им чест.

Сега за сега овие, има уште многу, ама не ми текнува одма.
 
Каков Ајакс каква Барселона, Беласица како што има младинска школа нема никој! :) :)
 
Ајакс, Барселона, Лион - по овој редослед.
Многу од фудбалските школи низ Европа (а и во Јужна Африка) го користат Ајаксовиот систем на тренинзи.
 
Ајакс,Барса, сите ѕверови излгаат од овие тимови..
 
Ајакс, ПСВ, Манчестер Јунајтед, Валенсија, аод спротивната страна се Реал Мадрид, Манчестер Шити само купуваат
 
Ajax би го ставил на прво место, сите знаеме кои играчи испаднале од таа школа, после мислам дека барса вади добри таленти и би рекол Bayern, можеби нема многу играчи произведено, но тие што испаднале од школата на Bayern се стварно квалитетни, како на пр. Thomas Muller, Bastian Schweinsteiger мислам дека беше од таа школа (ако грешам, молам за исправка) :)
 
Ajax би го ставил на прво место, сите знаеме кои играчи испаднале од таа школа, после мислам дека барса вади добри таленти и би рекол Bayern, можеби нема многу играчи произведено, но тие што испаднале од школата на Bayern се стварно квалитетни, како на пр. Thomas Muller, Bastian Schweinsteiger мислам дека беше од таа школа (ако грешам, молам за исправка) :)

На 18 години отишол во школата на Баерн.:smir:
 
Ајакс :vozbud: Најмногу ѕвезди излегле од овој тим,речиси секој Холандски репрезентативец. Ryan Babel, Wesley Sneijder, Rafael Van Der Vaart, Klaas-Jan Huntelaar, Eljero Elia, John Heitinga и Nigel De Jong.
Од постарите играчи Давидс,Сидорф,Калјверт,Овермарс,Бергкамп,Ван дер Сар.:cuc::cuc::cuc:
Истотака ПСВ (речиси исто добра како Ајакс),Лион и Арсенал (земаат деца и ги прават играчишта),Барселона и Реал се веќе држава во држава :D
 
ги гледав коментарите на почетокот на оваа тема.И гледам навивачите на Барса Меси ,иниеста и компанија си ги праат од младинската школа на Барса излезено.Ако е така тогаш Арсенал има најдобра младинска школа и не ми се вадете 13 год. и 15 год. не е исто, зошо телото не било офрмено бла бла бла.
 
АЈАКС, ПСВ И ФЕЕНОРД, крај на приказната!
 
најспремна школа и најдобро припремена има Реал.М но малкумина знаат од фановите зошто е тоа така и сега ќе ми објаснуваат барселона ајакс итаканатаму.....реал мадрид најповеќе вложуваат во млади таленти и имаат убедливо најголема школа во европа каде излегуваат илјандици таленти секоја година...можеби никој се нема докажано од оваа школа како од барса или од ајакс...но таква е политиката на клубот која не му дава доволно шанса на младите да се докажат во клубот.....е сега тука е веќе друга работа....јас сигурен сум Реал да ја имаше политиката на барса наместо да купува да ги форсираше пред 3-4 години Негредо,Гранеро,Мата,Паланка,Де ла ред и други плејада играчи кои ги распродадода на тимови како Осасуна,Мајорка,цел Гетафе,Атлетико М,Валенсиа ,ќе правевме тука друг муабет а Дел боске ќе имаше огрмони проблеми околу изборот на играчи за СП и Шпанија ќе имаше да направи ѕвезден тим од соништата(додуша и сега имаат таков)!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom