Кој е подобар ,,Х'' или ,,Y'' [Овонеделен дуел: Жулио Цезар vs Петр Чех]

Овонеделен дуел:


  • Вкупно гласачи
    99

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
И да, од каде тоа дека на Пасторе му се дигнаа акциите? Баш напротив, јас сум пријатно изненаден од реакцијата на Пасторе после сите тие шпекулации околу неговата иднина. Дечкото си рече дека засега му е супер во Палермо и не размислува за иднината, се стреми само кон неговиот напредок како фудбалер. Си изјави летоска дека му е рано за голем клуб како Барса, Реал, Јуве, Интер, ијако би сакал еден ден да игра за таков тим.

Зампарини е оној кој му ги дига акциите и цената, дечкото си е баш скромен, сконцентриран само кон неговиот напредок.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Санчез, во страшна форма е дечкото :)
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
Секој си е добар на свој начин, Санчез е повеќе крилен играч, да буши по страна и да уфрла во 16. Пасторе е повеќе играч кој треба да ја креира играта, профил на играч ала Озил, само не ми се свиѓа кај него што како што кажаа и другите премногу почна да му ја креваат цената, и да се дига во облаци. Мојот глас оди кај Санчез само поради таа причина што ја кажав, иначе според работата што ја вршат на теренот повеќе ми се свиѓа Пасторе..
Истово ова иде и од мене некако не ми се ист тип на играчи така да неможам многу да ги споредувам. Тука доаѓа до израз кој од овие двајца повеќе му се свиѓа на некого па за него да гласа, јас гласам за Пасторе затоа што тој повеќе ми се свиѓа како тип на играч и мислам дека има повеќе фудбалски способности за разлика Санчез кај кого брзината пред се доаѓа до израз. На тоа фудбалски способности повеќе мислев на креативност во играта, идеи како и способноста да се истакне како лидер на една екипа како што тој е во Палермо за разлика од Санчез со Удинзе каде што Ди Натале е лидер на тимот. :smir:
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Требаше да е Pato vs Balloteli... Ај за другата недела. :)

Инаку кажаа некои членови горе, Санчез до израз доаѓа заради неговата брзина, а потоа се друго. За разлика кај Пасторе, тој шо е роден лидер и на скоро сите повеќе ни се допаѓаат такви играчи, отколку крила. Друга работа, Санчез ја игра "животната" ова сезона и ќе се изгубит ако отиде во голем клуб, а пак Пасторе е стандардно добар во последниве 3 сезони и ќе се снајде секаде каде би одел. Сепак, ова е мое мислење само, не мора да значит дека сум во право. :smir:
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Тешки се за споредба, играат сосема различни позиции во тимовите ...

Полушпиц споредуваме со крило/ втор напаѓач.



Гласам за Пасторе, страшен е малиот :D
 
P

PewDiePie

Гостин
Ако е Санчез во опасна форма,Пасторе е боље.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.633
Поени од реакции
10.353
Да не беше завчера онај натпреват во кој Санчез даде 4 гола и Удинезе 7 против Пасторе и Палермо сега гласањето ке беше 20 -2 за Пасторе за тоа сум сигурен
Инаку оваа споредба е како да ги споредуваш Кака дури играше за Милан и Роналдо на времето во Ман утд .
Алексис Санчез е многу поексплозивен и моментално подобар, но за во иднина мислам дека Пасторе ке биде подобар , нема да ме чуди ако Санчез заврши како Кварезма затоа најубо е да си остане во Удинезе.

Инаку баш ме интересира што мислите дали Бејл е подобар од нив ?
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Пасторе е подобар од Санчез.Повеќето што гласаа за Санчез беа под импресии од последниот натпревар на Удинезе но тоа не е мерило.
Пасторе е тип на играч кој може да биде лидер на екипата,има поголема креативност.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да не беше завчера онај натпреват во кој Санчез даде 4 гола и Удинезе 7 против Пасторе и Палермо сега гласањето ке беше 20 -2 за Пасторе за тоа сум сигурен
Инаку оваа споредба е како да ги споредуваш Кака дури играше за Милан и Роналдо на времето во Ман утд .
Алексис Санчез е многу поексплозивен и моментално подобар, но за во иднина мислам дека Пасторе ке биде подобар , нема да ме чуди ако Санчез заврши како Кварезма затоа најубо е да си остане во Удинезе.

Инаку баш ме интересира што мислите дали Бејл е подобар од нив ?
Не ја носи дискусијата у погрешен правец, остави го Бејл сега, меѓу овие двајца се дискутира. Сточарник ќе стане темава инаку.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Пасторе, претходната недела не се ни обидов да гласам и да ги споредувам Меси и Роналдо само ради тоа што би бил пристрасен и би го одбрал Лео поради харизмата и скромноста која ја има. Оваа недела па одличен дуел Пасторе vs. Санчез и секако гласам за првиов пошто тој е главниот мотор во екипата на Палермо, на исто рамниште со Миколи ако не и подобар моментално. А, од друга страна пак Санчез ми е некако као втора карика у Удине, тамо сеуште главниот збор го има Ди Натале. Па баш ради тоа се одлучив за Пасторе иако не е баш лесно да се одбере.. :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Пасторе е подобар од Санчез.Повеќето што гласаа за Санчез беа под импресии од последниот натпревар на Удинезе но тоа не е мерило.
Пасторе е тип на играч кој може да биде лидер на екипата,има поголема креативност.
За Санчез имам импресии уште од СП. Прилично ист број на пати ги имам гледано, според мене Санчез е подобар, иако играат различни позиции.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
За Санчез имам импресии уште од СП. Прилично ист број на пати ги имам гледано, според мене Санчез е подобар, иако играат различни позиции.
Санчез на Светското за Чиле прикажа одлични игри. Подаваше, трчаше, шутираше се трудеше нон стоп. Од тогаш го запазив и годинава кога ќе ги загледам Удинезе мислам дека многу ретко прави грешки. Ама млади се и двајцата имаат време за напредок ќе видиме кој како ќе се развие иако јас сеуште си стојам на Санчез.
П.С. Четирите гола во неделата не ми прават некоја огромна разлика.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.624
Поени од реакции
22.646
Двајца играчи кои се поврзувани нон-стоп со Барселона(и со други клубови). Во неделата, на Палермо-Удинезе, имаше скаути од Барселона да гледаат како ќе се покажат Пасторе и Санчез. Резултатот 0-7 кажува доволно.
Санчез многу слабо сум го гледал и не можам сега да кажам каков играч е. Пасторе не е лош играч, ама не ме бендисува баш. Не е постојан во формата, понекогаш се губи и според мене тешко ќе се снајде во голем тим и во големи натпревари. Не знам како да речам, да не го навредувам, ама според мене, Пасторе нема доволно фудбалска интелегенција за во голем клуб. :toe:
 
M

mercenary

Гостин
Гласав за Пасторе. Санчез ми е меѓу омилените играчи ама... незнам, мислам дека Пасторе ќе биде во најмала рака јак као Кака во најдобрите денови. : ))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom