Кој е подобар ,,Х'' или ,,Y'' [Овонеделен дуел: Жулио Цезар vs Петр Чех]

Овонеделен дуел:


  • Вкупно гласачи
    99

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.349
Поени од реакции
8.429

STEVEN GERRARD :salut:
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Искрено ќе си кажам главен фактор заради кој гласам за Џерард е тоа што сум навивач на Ливерпул. Да беше било кој друг играч од среден ред од ПЛ вс Лампард сигурно ќе гласав за Ламп. Многу константен, голови, асистенции и доста титули последниве години. Мило ми е што не е плачко како Тери кој не го поштувам многу, се гледа дека си го сака клубот и мислам дека останува уште некоја година таму да ја заврши кариерата. Ми текнува кога почина мајка му и кога постигна гол многу тажен момент.
За Стиви што да си кажам. Прав капитен, обожуван највеќе од Скаузерите, обично другите го хејтаат. Почнал да игра како десен бек за Ливерпул за да стигне до средниот ред каде што најдобро се снаоѓа. Премногу ми е криво што најверојатно ќе остане без трофеј од ПЛ во својата кариера. Меѓутоа освои се друго што можеше да се освои. Посебно финалето во Истанбул.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Двајца исклучително важни играчи за своите клубови, ама кога ќе се спојат во англиската репрезентација се гушат максимално. Таму треба да игра само еден од двајцата, другиот на клупа. Независно кој, нема грешка во изборот.

Многу нормално си гласав за Стиви, да објаснувам џабе ќе е бидејќи сум пристрасен во изборот :).
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Отсекогаш ми се свиѓале и двајцата,со нз зошто мислам дека Џерард е појак,нијанси одлучуваат.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Одлични играчи кои многу ги почитувам ,а ама гласам за Џерард, човекот ми остана неостварена желба за во Барселона.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Лампард е најдобриот асистент во ПЛ последниве 10 години. Има придонесено многу повеќе за тимот од Џерард,конкретно сезоните 2004-05 и 2005-06 кога според мене по Роналдињо беше најдобар играч на свет. Секако дека има заслуги и за останатите сезони,ама во овие мене ми остави огромен впечаток.

Последново видео ...:(


И гледам мислења Џерард бил 2-3 класи над Лампард. FACEPALM ...

П.С

:tv:
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Одлични и двајцата,може да се каже дека у многу работи се слични..Тоа што е Џерард у Ливерпул,Лампард никад нема да може во Челзи..Единствено што гласав за Џерард е тоа што Лампрад разочарува у последниве години..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Англија во исто време ги има/ше Џерард, Лампард и Сколс. И не се најде некој што можеше да ги склопи. LOL.

Мојот глас оди кај Стиви Џи, ќе си го едитирам постов и ќе објаснам зошто утре :)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Двајца играчи со слични перфоманси, разлика помеѓу овие двајца е улогата на лидер во тимовите во кој играат. Тоа што го има Стиви во Ливерпул, Лампард никогаш нема да го има во Челзи. Лампард никогаш не би освоил премиер лига доколку ги немал Дрогба пред него и Тери и Чех позади него. Единствено нешто што му фали на Џерард е титулата во домашното првенство за да биде комплетен, што ќе го имаше ако отидеше во Челзи, но тогаш немаше да го има она почитување не само од фановите на Ливерпул туку и од цела Англија и ќе беше еден класичен предавник во очите на сите фанови ширум Англија, освен оние на Челзи нормално. :)

Баш поради овие работи (лојалност, лидерство) гласам за Џерард, а за перфомансите неможам да зборам пошто се тука негде и двајцата на исто рамниште.
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Не можам да кажам кој е подобар стварно...по шо и двајцата имаат карактеристики на играчикои што мене ми се допаѓаат.Лампард е повеќе технички поткован,луциден,имагинарен.....за разлика од Џерард кој е физички неверојатно спремен,дисциплиниран,точен!Сепак ќе гласам за Стиви,по шо сме родени на исти ден....30.05! :)
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Има придонесено многу повеќе за тимот од Џерард,конкретно сезоните 2004-05 и 2005-06
Уште одма да кажам дека немам намера да провоцирам или нешто слично, само ќе си искажам мислење на ова што го напиша.

Да кажеш дека Лампард има повеќе придонесено од Џерард за својата екипа е крајно дискутабилно и според мене многу неточно. Претпоставувам Челзи освојуваше Премиер Лига конкретно во тие сезони, ама Џерард освои ЛШ во 2005, и имаше далеку најголем придонес за тоа со неколку клучни голови во клучни утакмици. Исто во сезоната 2006/07. Нема да навлезам во дуели на Ливерпул и Челзи туку само Џерард против Лампард.
 
F

fantomX

Гостин
Во шо тоа бре Лампард и Џерард се слични играчи? Во тоа шо се играчи од средината и шо се англичани? Освен можеби, во просечната талентираност.
Џерард е поенергичен играч, ама сметам дека Лампард е подобар читач на играта односно тактички поспремен, како и многу поконстантен од Џерард. Мислам дека споредба на Џерард и Есиен е посоодветна, ама ајде.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Бидејќи се фер плеј играчи, ги почитувам и двајцата многу .. Амааа сепак ја би за Стиви Џи ! :wink:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.736
Поени од реакции
43.854
Неможам да одберам стварно.. Гласав за Лампард, не знам оти :)
 
P

PewDiePie

Гостин
Сепак Лампс.

Иначе предлог за следен дуел на неделата- Ибра и Ето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom