Кога Господ ја создавал Македонија, работел 6 дена во неделата, а седмиот (в недела) одмарал. На седмиот ден, се вмешувал ѓаволот. И така, Господ создавал секој ден по еден македонски град. Една недела кога одмарал, ѓаволот го создал Охрид. Доаѓа во понеделникот Господ и се чуди како ѓаволот направил нешто толку убаво, дури и го прашал како може ѓавол да креира рај на земјата. А ѓаволот му одговорил: Не брзај со заклучоци, почекај до следната недела кога ќе ги создадам охриѓани.
Во основа, охриѓани не се лоши луѓе и не ја расипуваат убавината на Охрид. Тие, веројатно, се само малку постудени за разлика од луѓето од останатите краеви на Македонија. На крајот на краиштата, како и во секој град, и во Охрид има лоши и добри охриѓани (туристите тврдат дека почесто налетуваат на првите
). Но, еден е македонскиот менталитет и, сакале ние да признаеме или не, тој е карактеристичен за сите македонски градови и граѓани :wink:.
А Охрид ... Охрид е божествено место! Бидејќи немам поетски афинитети (тешко е убавината на било што да се опишува прозаично), нема многу да пишувам околу убавината на Охрид - следниве стихови кажуваат се што сакам да кажам:
Тамо зората греит душата
и с’нце светло заjдвит в гората;
тамо дарбите - природна сила
со с’та раскош ги растурила:
бистро езеро гледаш белеит
и си од ветар сино темнеит;
поле, погледниш или планина,
сегде божева jе хубавина.
Тамо по с’рце в кавал да свирам,
с’нце да заjдвит, jа да умирам.