Нема да цитирам дека ми е мака, а сакам да прокоментирам повеќе постови ... како ми текнува, така ќе ги напишам моите мислења ...
Значи вака ... треба да верувам во некои тешки извртени записи, кои на крај на некој начин држат вода за тоа како се изградени пирамидите и покрај тоа што никој повторно не ги изградил? Зарем едно такво дело ќе стане досадно и неинтересно за да не се с`сне цел останат свет да си го изгради кај себе? Еве маааал пример ... Ајфеловата кула ... ја има и во Лас Вегас нали затоа што е прекрасна, впечатлива итн ... остава барем Америка да нема нешто такво големо и помодерно можеби? Ако може да го има, секако дека да, а? Пф!
Следно ... прочитав и некои мислења базирани на водачите во пирамидите ... може ли бре тоа да биде цврст факт? Немојте аман.
Следно ... нечиј предобар професор објаснил убаво како се изградени пирамидите ... е добро, зошто не направи тој ете некаква минијатурна пирамида тука кај нас во тој случај? И зошто неговото објаснување е поверодостојно од оние на многуте други светски и пообразовани луѓе кои даваат тотално спротивни факти? Не ми оди баш ...
Следно ... сите прецизни математики, за големина, ширина, значења од различни гледни точки ми изгледаат малку претешки за луѓето од тоа време доколку биле тоа што знаеме, значи обични. Колку и да биле паметни или па прости па случајно успеале такви гиганти да изградат, неможеле да го знаат тоа што мнооогу години после нив други го откриле ... ми нема логика, не ми треба доказ. Не ми треба доказ дека не го изградиле луѓе (повеќе од јасно ми е), туку тој другиот, тој што нема да го слушнам или прочитам никогаш ваљда.
"Докази" за тоа дека ги изградиле луѓето мора да има, затоа што има луѓе кои земаат плата за да ни ги презентираат, кои врзуваат крај со крај за да исфилуваат една бедна приказна во замена.
Е сега ... не сум баш многу информирана за да фрлам и јас некој доказ, но ете скапав од читање тука што сте пишувале и нормално имам нзс ... луѓе тоа не го прават или барем не луѓе какви што сме ние денес ... мое мислење кое неможе никој да ми го оспори, тралалала.