Овердрајв
Модератор
- Член од
- 5 ноември 2005
- Мислења
- 4.255
- Поени од реакции
- 569
Доказ? Кај е мумијата? Аха, значи нема тело? И јас можам да напишам дека сум милијардер, дека живеам во палата на Водно, ама ако излегувам во град со Пеглица и ме бркаат кучиња кога ќе пробам да влезам преку ѕид во палатата - не е баш вистина. Исто и со пирамидите.епа...Куфу бил погребан во Пирамидата висока 148м, најпрочуена од нив.
Се вели биле градени како гробници за нивните нарачатели. Во ред, дајте докази. Упс, нема ни тела ни богатства.. наводно сите пирамиди биле ограбувани непосредно по погребот на фараонот. Ај да се случи тоа еднаш, два пати, пет пати, ама има 100 пирамиди во Египет.. кај и да е, ако пирамидите стварно биле места од каде фараоните преминувале во задгробниот живот, ќе му текнело на некој од тие инцестоидни суштества да постави почесна гарда околу својата пирамида, пред и после неговата смрт, да го чува додека не отиде.
Можеш да докажеш дека имињата на тие простории значат баш тоа на староегипетски ("Посмртен храм, Погребна одаја.."), дека не се имиња дадени од археолозите според тоа што тие мислеле дека е нивната намена? Дека тие садови за чување мачки/птици/whatever биле за фараоните, за нивните потреби во задгробниот живот? Сите богатства и мумифицирани тела што ги има по музеите во светот се пронајдени во гробниците во Долината на Кралевите, не во некоја пирамида, а најмалку во Големата Пирамида.А на кој ќе му притреба Посмртен храм, Погребна одаја, Садови за чување и сл.?
заклучок: Сепак пирамидите се наменети за луѓе. Зошто ‘‘некојси‘‘ би се трудел за нас?
Затоа, жалам, ама нема доказ дека се гробници. Наменети за луѓе - можеби.. наменети за погребување на луѓе (фараони) - nah-ah.
Да не се збуни некој, цело време пишувам за египетските пирамиди.. тие во Јужна и Средна Америка се друга приказна.