Кога си легнувам во кревет, си се испружувам колку сум си долга и широка и заспивам за помалце од минута.
Е, тој дел најмногу го сакам, кога знам дека неколку саата ќе одморам од се.
Да се разбудам рандом, час и половина пред наместениот аларм, и да се бувнам да доспијам. Е тој дел од денот, па кога сака нека е, било денски, било утро.
Зависи од годишното време,во пролет и лето ја сакам ноќта затоа што тогаш е малку посвежо,додека во зима повеќе го сакам утрото,што е порано тоа подобро,а во есента целиот ден-поготово кога врне.
Кога си легнувам да спијам и кога нема да заспијам веднаш (ко што е најчесто), односно имам време бар да ставам аларм/намачкам раце и помислам на нешто.
Рано наутро. Па ако е зима уште по исполнето ми е. Стануваш надвор камен ладно а домот топол. Утринско кафе или чај, полека се спремаш. Ја стартуваш колата, чекаш малце да загрее. Застануваш во трафика по пат за на работа, купуваш весник и може да започне денот. Дефинитивно оваа ми е доживување.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.