Jaс имам една ретардирана навика, луѓето кои работат, да ги уништувам со прашања околу нивната професија.
Сеедно што е човекот, истиот момент кога ќе бидам информирана дека е вработен, ми настанува општи хаос во глава. И не можам да се воздржам, прашувам, зборам, се натегам, се надмудрувам, турирам кога не сфаќам некој дел од муабетот, кенкам итн.
Не можам да си помогнам, ме интересира.
Наравно, никогаш не навлегувам во приватни прашања.
Ама не знам ни како да искоренам дефектов, сибам векот.
Од продавачката во трафика, до професорката на час, ма се`, се`, се` на што ќе налетам, анализирам до бесвест. Во поглед на тоа како си ја работи работата. Чак и на улица кога немам попаметна работа си нагаѓам во глава кој минувач што работи.
A која најмногу ми се допаѓа... Музичар, сликар, фотограф, режисер, актер, балеринА, ТВ/радио водител (иако кај денес скоро ништо асално од ова поле), даљеее... Кустос, писател, професор, астронаут, психолог, новинар, архитект... Па тоа би било.
A ja легач ќе сум си.*
*На Свети Никад.