Криминолог, астроном, музичар, тениски судија, моден дизајнер...
Сакав криминологија да упишам на почеток, имам аналитички ум и лесно ги поврзувам настаните, интригантна професија ми е..
.. но
од друга страна премногу лично ги доживувам трагедиите па не ми беше филмот секој ден да се пунам со негативна енергија.
Астрономија сум сакала отсекогаш. Само што тука на балканов потценета е таа професија а и смерот на пмф ми кажуваат тапа бил, можда да бев од Русија или Америка ќе упишев.
Музиката ми е секојдневие, основно музичко завршив 6 години клавир но чувствував дека се форсирам а не сум доволно талентирана, имав преголема желба но незадоволителен талент па одлучив да не продолжам со тоа.
Тенисерка сакав да бидам од мала
али сплет на ситуации, судбината умеша прсти, увек кога требаше да се упишам се нешто испаѓаше. Моника Селеш ми беше идол, татко ми имаше снимки и ми ги пушташе нз колку пати ги имам изгледано, сега женскиот тенис ми е тапа не ми е интересен, па затоа следам само машки.
Тениски судија, врзано e со тенис a друго, имам прецизно око, и гледам од многу далекy, братучетка ми ме викаше hawk eye пошто можев да ги прочитам брендовите на климите од соседните згради кои беа прилично одалечени xD
Освен што ги имам изгледано сите сезони на project runway и што редовно пратам fashiontv.
немам талент за цртање а моите идеи не можам да ги пренесам преку туѓи раце. -.-
Можда у следниот живот ќе бидам нешто од наведеното... мада никад није касно и у овој...