Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Сите банки се крвопии.
Затоа е нужно да се создаде некој паралелен систем на мали банки или кредитни линии кој ќе обезбеди кредити по помали каматни стапки и од кои локалното население ќе види аир.
За жал ваква идеја нема да успее прво поради условите од НБРМ, друго заради сомнителната можност за враќање на кредитите.
Во секој случај, кредити над 10%, да не зборам 15% се изживувавње и тормозење на граѓаните.
Легално лихварство.
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Јас гласам за NLB Тутунска бидејќки е најдобра банка.Добар и млад персонал.Таму имам орочено на девизна штедна книшка и за сега е добро, така нека продолжат.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
So ogled deka maticnata banka ( preku koja ziam plata ) mi odbi edno baranje planiram da se svetam.
Dali moze da ja prebacam platata da mi ide preku druga banka ?
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Стопанска Банка АД Скопје е најсигурната и во моментот најголемата банка. Во Македонија банките се поделени на три видови: големи, средни и мали банки, за било какви банкарски работи јас ги преферирам големите банки, тука спаѓаат: Тутунска Банка Стопанска Банка и Комерцијална.
 
R

Rigel Kent

Гостин
So ogled deka maticnata banka ( preku koja ziam plata ) mi odbi edno baranje planiram da se svetam.
Dali moze da ja prebacam platata da mi ide preku druga banka ?
Sekako deka mozes, samo ke se odjavis od bankata i ke popolnes formular vo drugata banka vo koja sakas da se prefrlis.:)
Preporaclivo e toa da go reguliras posle 15-ti vo mesecot za da se izvrsat site proceduri i da ne ti kasni platata :)
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Може да кажам која е најлоша а која е најдобра... според мене од видувањето до сега Тутунска е според мене најдобра.

Ама за најлоша одма може да кажам КОМЕРЦИЈАЛНА :pov: . Имам картичка од нив и порано ми наплаќаа по 10 денари месечна чланарина кога ку*назите почнаа да ми наплаќаат 2 пати во месецот чланарина и тоа по 20 денари. Шалтерите.. невозможно е да видиш 2 шалтера еден до друг да работат. Или едниот работи а другиот пие кафе или обратно а гужва народ...
Друга шит работа им е што банкоматите работат само со петстотки и иљадарки и ако имаш 900 денара на сметка не може да си ги земеш туку ќе си земеш само 500 или да идеш со картичката на шалтер да чекаш:eek:lee: ред и тетката со молскавична брзина :coffee: од 1 буква во 2 секунди пишана на тастатурата со 2 прста (показалците од левата и десната рака) да ти ги даде парите.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.945
Поени од реакции
1.487
Најдобра банка во Македонија е: парите под перница. :pipi: :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Јас гласам за NLB Тутунска бидејќки е најдобра банка.Добар и млад персонал.Таму имам орочено на девизна штедна книшка и за сега е добро, така нека продолжат.


Сигурен сум дека не штедис таму затоа што имаат млад и љубезен персонал, или затоа што е Тутунска најдобра банка!?.... Мала камата даваат! Сите останати даваат подобра! И СТБ (5,1%) и УНИ (6,5)... и тн!
Незнам што тоа е најдобро или подобро во Тутунска од СТБ да речеме, кога се прашање девизните депозити?

Сите банки се крвопии.
Затоа е нужно да се создаде некој паралелен систем на мали банки или кредитни линии кој ќе обезбеди кредити по помали каматни стапки и од кои локалното население ќе види аир.
За жал ваква идеја нема да успее прво поради условите од НБРМ, друго заради сомнителната можност за враќање на кредитите.
Во секој случај, кредити над 10%, да не зборам 15% се изживувавње и тормозење на граѓаните.
Легално лихварство.
Самиот даваш одговор зошто банките не даваат поповолни услови (помали камати) на кредитите. Ако за денарски депозити (штедни влогови) даваат 10%, 10,5% .... многу логично е каматата која ја наплаќаат банките за пласираните кредити (те банкарската маржа) да биде поголема од 10% .... Колку да биде каматата на кредитите 7%, 8%? Колку што нас ни одговара! Ако може каматите на депозитите да бидат поголеми 11, 12%... а каматите на кредитите да се намалат на 6 или 7%..... :pos2: Тоа ни во хуманитарната организација на Мајка Тереза го нема!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
djolesk напиша:
Ваљда сакаше да пишеш доколку земеш кредит од банката таа остава за твојот кредит гаранција во НБРМ и тоа зависно во која категорија спаѓаш така!?
За да банка даде кредит,мора да има некој што ги оставил парите,нели.Тој размер кој го остава дава сигурност и на оној што штеди (клиент) и на самата банка да не се доведе до неликвидност ако некој не го врати кредитот.
djolesk напиша:
Цитат:
Напишано од leandra
Македонските пари денес се сигурни во било која банка сакате да ги вложите на македоснко тло.

Цитат:
Напишано од leandra
И јас не сум задоволна од односот на бабите во Стопанска,но кога ќе ги ставам парите долгорочно,сигурно нема да ги ставам во прокредит и слични на нив:)

Ама и ти си контрадикторна, прво велиш дека банките се сигурни кај нас и добро контролирани и не треба народот да се плаши за потоа да напишеш нешто вакво!
Луѓето треба да си ги гледаат условите кои им ги нудат банките за депозити или кредити, независно дали се работи за мала, средна или голема банка. Вакви изјави како твојата ги наведуваат луѓето слепо да ги оставаат парите или да се задолжуваат во одредена банка, само затоа што за неа слушнале дека била најдобра и најбезбедна или била лидер моментално, притоа пропуштајќи подобри услови во некоја друга банка. Конкуренцијата е здрава работа и имаме и многу добри мали и средни банки. Тоа што ти се палиш на Стопанска е твоја работа но, те замолувам доколку сакаш да делиш совети немој да бидеш пристрасна додека ги делиш, бидејќи многу луѓе те читаат и не разбирајќи ја таа тематика слепо ти веруваат. (Извини ако грешам но така делуваат твоите коментари!)
О.К. на Стопанска беше најголемиот грабеж за луѓето. Банката ја искористи довербата на своите клиенти и општиот тренд во нашиот менталитет на нетемелна анализа при задолжување и сруши многу домаќинства.

Стопанска е голема банка, но имаме уште 2 големи банки во Македонија, кои се прилично конкурентни.
Додека Уни, Прокредит итн иако се релативно нови си земаа добар залак од клиентите и работат прилично профитабилно со оглед на капиталот што го инвестирале и активата која ја имаат.
Моето мислење за банките јас јавно го презентирам.Секој има свој став кон било која банка.Затоа и секој има свој мозок и свој пари.Ако јас сакам голема банка,некој сака повисока камата од мала банка.Значи јас лично ќе ги ставам во голема,ако некој ме следи тоа е негов избор,нож под гуша никому не ставам,ниту па ме интересира каде ги вложувате вашите пари.Парите се сигурни каде и да се остават,поради х фактори јас долгорочно ги оставам во голема.Што има тука нејасно?
Ок е најголемиот грабеж кој се случи,тука потврдувам со две раце.Имаме очи,имаме избор,бујрум оди во Уни банка со најмногу автомати,јас во Уни банка не одам.Од средни одам само во Охридска,во мали немам соработка.
Конкуренцијата требаше да ги намали каматите,иако имаме прилично голем број на банки,каматите не се намалија како што очекувавме.Каде гледаш конкуренција?
 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
Конкуренцијата требаше да ги намали каматите,иако имаме прилично голем број на банки,каматите не се намалија како што очекувавме.Каде гледаш конкуренција?
Доколко jас знам кредитите се изчислуват на база рисковите, така че колко и голема конкуренциjа да има каматите не може да паднат под некакво ниво, пошто банките ке почнат да работат на загуба.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
151
Поени од реакции
12
За да банка даде кредит,мора да има некој што ги оставил парите,нели.Тој размер кој го остава дава сигурност и на оној што штеди (клиент) и на самата банка да не се доведе до неликвидност ако некој не го врати кредитот.

И ако денес во банката ти оставиш 2 милиона, банката 2 милиона ќе остави во НБРМ? :)
Те разбирам што сакаш да кажеш, ама колку што јас знам тоа се прави при кредитирање на лица или фирми кое се во поризична категорија, а не при собирање на депозити. Доколку некој е сместен во категорија А нема потреба банката да остави гаранции во НБРМ.

И може да ни објасниш зашто ги ставаш парите во голема банка?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И ако денес во банката ти оставиш 2 милиона, банката 2 милиона ќе остави во НБРМ? :)
Те разбирам што сакаш да кажеш, ама колку што јас знам тоа се прави при кредитирање на лица или фирми кое се во поризична категорија, а не при собирање на депозити. Доколку некој е сместен во категорија А нема потреба банката да остави гаранции во НБРМ.

И може да ни објасниш зашто ги ставаш парите во голема банка?
Јас колку што знам за примени депозити и кредити на банката се одвојува задолжителна резерва кај нбрм.Потоа колку што ме држи сеќавањето има примарна резерва на ликвидност пари во благајна и на сметката на нбрм над износот на задолжителна резерва.И имаа нешто секундарна резерва со хартии од вредност,депозити кај други банки,државни и благајнички записи,итн.Ама тоа од моето скромно знаење.Поправи ме ако грешам во обезбедување на депозитите :)Ама бидејќи ти знаеш за обезбедување на кредитите,да не објаснувам јас повели дооформи ја сликата на обезбедување на парите на банката:))

Зошто ги ставам во голема,а не во мала (депозитите на видување) ми е првенствено поради достапноста на филијалите и експозитурите.Порано немаше електронско банкарство,а и сеуште го немам пробано,па ми се створила некоја навика да влегувам во КБ и СТБ.Фала богу во СТБ не ни влегувам во последно време,поради 100 саати чекање во ред.
А зошто штедам долгорочно во голема,наместо во мала,веројатно поради долгото партнертство со големите банки.Плус и на долг рок гледано,неможам да гарантирам која банка ќе остане,а која можеби ќе оди во стечај.Па не би сакала да влегувам во обесштетување над 10.000 евра :))И плус во контакт со луѓе слушам дека три банки во Македонија имаат константно ликвидносен проблем,па кога незнаат да си ја водат работата незнам зошто јас би соработувала со нив.Потоа некои показатели гледам и мило ми е банка да остварува поголем профит,тоа ми укажува дека знае да работи.Иако нас не стрижат,ама ги бива луѓето да не стрижат.Потоа со лично присуство во други банки не сум била задоволна или приватни причини,па немам намера да им оставам пари,и така.Каматите им се тука некаде,без некое wow понуда,па немам намера да менувам.
Ти зошто штедиш во мала банка?
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Задолжителната резерва на НБРМ изнесува 10% и таа повеќе е инструмент на монетарната политика отколку мерка за одржување на ликвидноста. Кај нас банките немаат проблем со ликвидноста, затоа што вршат многу мала и ограничена кредитна мултипликација-исто како резултат на монетарната политика. Така ликвидноста во вакви случаи не може да биде нарушена дури и банките да сакаат да бидат неликвидни.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
151
Поени од реакции
12
Јас колку што знам за примени депозити и кредити на банката се одвојува задолжителна резерва кај нбрм.Потоа колку што ме држи сеќавањето има примарна резерва на ликвидност пари во благајна и на сметката на нбрм над износот на задолжителна резерва.И имаа нешто секундарна резерва со хартии од вредност,депозити кај други банки,државни и благајнички записи,итн.Ама тоа од моето скромно знаење.Поправи ме ако грешам во обезбедување на депозитите :)Ама бидејќи ти знаеш за обезбедување на кредитите,да не објаснувам јас повели дооформи ја сликата на обезбедување на парите на банката:))
Извини Леандра, немав намера да фрлам сомнеж врз твојата стручност и информираност. Во тоа не се сомневам но, ти напиша вака:

leandra напиша:
Ако јас оставам во Стопанска Банка 10 денари,Стопанска Банка во НБРМ остава 10 денари.Тие пари се чуваат како гаранција за моите 10 денари.Значи секој денар е заштитен во НБРМ
Ова за моето (нестручно) око, а и за очите на сите што се бават или не се бават со економија е малку или малку повеќе нелогично :)
т.е. доколку за секои 10 денари дадени како депозит во банката, таа остава 10 во НБРМ, се прашувам со кои пари ќе работи банката, бидејќи сите ќе и бидат во НБРМ. Оттука заклучив дека најверојатно сакаше да дадеш пример со кредитирање наместо со депозити и да објасниш дека за кредитирања од Д категорија (ризични кредити) се оставаат како резервација во НБРМ онолку пари колку што изнесува кредитот, кои пак по враќањето на кредитот од страна на клиентот се враќаат назад во банката. Сметав дека си направила ненамерна грешка во пишување.

Доколку напишеше дека за секои 10 денари дадени како депозит во банката, таа одвојува 1 денар или 0.1 денар во НБРМ, тогаш немаше да дојде до дискусијава.
Те молам поправи ми ја грешката, бидејќи сепак си постручна! :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom