Кошаркарска репрезентација на Македонија

Gregory9

Anonymous
Член од
12 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
296
Вчера што успеав да видам до 3/4 ги држевме под контрола јанезите али во 4 четвртина незнам што се случило, алал да им е за 1 поен што го дале барем да не бидат 0. Од прикажаното до сега мислам дека Чековски ќе има предност пред Самарџиски а истото го мислам за Костоски пред Илиевски. Во ротацијата ќе фалат Гечевски, Николовски, Трајковски и Димчевски. Гечевски неможел кутриот треба преку лето авион да се прави, Николовски незнам дали стварно се повредува али за секое Европско заебува, Трајковски би требало да биде спремен незнам што повреда има а со Димчевски ситуацијата не ја знам. Добро е Пипан што им држи воспитни уште од сега да не мислат дека ова им е Тодоров од МЗТ.
Фали Сандро Беркандино, а?
Епа, не може да се живее од љубов кон репрезентацијата... Ако сакаме професионалци, мора да фрлиме и нешто евриќи, по можност со повеќе цифри.

Како на кошаркарите, така и на тренерите...
Што ќе ни е Бенкардино кога го имаме Стеф Шеф.
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Вчера што успеав да видам до 3/4 ги држевме под контрола јанезите али во 4 четвртина незнам што се случило, алал да им е за 1 поен што го дале барем да не бидат 0. Од прикажаното до сега мислам дека Чековски ќе има предност пред Самарџиски а истото го мислам за Костоски пред Илиевски. Во ротацијата ќе фалат Гечевски, Николовски, Трајковски и Димчевски. Гечевски неможел кутриот треба преку лето авион да се прави, Николовски незнам дали стварно се повредува али за секое Европско заебува, Трајковски би требало да биде спремен незнам што повреда има а со Димчевски ситуацијата не ја знам. Добро е Пипан што им држи воспитни уште од сега да не мислат дека ова им е Тодоров од МЗТ.

Што ќе ни е Бенкардино кога го имаме Стеф Шеф.

Оди играј тетрис.Никој не ти е должен да игра за репрезентација.Покрај ваков народ ја никад не би играл,само да се серело и да се серело.Па човече ти да отидеш таму и да им кажеш момци играјте најубаво што знаете и играјте со срце,тие ќе изиграат 200% од тоа што можат и можда ќе пројдеме групи.И они се луѓе пичка му матер и они читаат тоа срањата што пишувате по странициве и им влага у психа.Да отвори еден ден некој од нив и да прочита позитивни коментари при пораз од типот на „Браво момци,сепак се подготовки подобрете ја играта и со среќа на европско“, па ја мислам дека ќе идат кај Пипан и ќе го молат да имаат тренинг од 4 саати.Во однос на тоа дали тоше се праел авион или не, човекот е во години и со право не сака да си ризикува,си лапа плата у мзт ич не му чуе он неговото си го одработи.Николовски ќе биде спремен за ЕП,само дали Пипан ќе го земе ќе видиме.Трајковски е камен на каменот камен,а до него димчевски.Полека не избрзувај , ќе дојдат утакмиците и ти и ацид ќе бидете меѓу првите што ќе викаат е вака се игра бла бла бла.Макар и да не изиграат добро и да не напраат некој си успех,не треба да се грижиме зошто доаѓа една смена на генерации која што не носи многу играчи и повеќе треба да се осврнат на младите категории.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ги гледам овие на МКД и Екипе што ги пљукаат мислиш сме изгубиле против Индија за златен медал.

Трет ден од подготовки е ,без никаков резултатски притисок и на нивен терен.Се гледаше дека целта на натпреварот во третата четвртина се претвори во ротација на центри за да се види кој би можел да отиде како замена.

А и со Докузовски веќе го отупеа,како за Обрадович да станува збор се остава впечаток.
 
Gregory9

Anonymous
Член од
12 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
296
Оди играј тетрис.Никој не ти е должен да игра за репрезентација.Покрај ваков народ ја никад не би играл,само да се серело и да се серело.Па човече ти да отидеш таму и да им кажеш момци играјте најубаво што знаете и играјте со срце,тие ќе изиграат 200% од тоа што можат и можда ќе пројдеме групи.И они се луѓе пичка му матер и они читаат тоа срањата што пишувате по странициве и им влага у психа.Да отвори еден ден некој од нив и да прочита позитивни коментари при пораз од типот на „Браво момци,сепак се подготовки подобрете ја играта и со среќа на европско“, па ја мислам дека ќе идат кај Пипан и ќе го молат да имаат тренинг од 4 саати.Во однос на тоа дали тоше се праел авион или не, човекот е во години и со право не сака да си ризикува,си лапа плата у мзт ич не му чуе он неговото си го одработи.Николовски ќе биде спремен за ЕП,само дали Пипан ќе го земе ќе видиме.Трајковски е камен на каменот камен,а до него димчевски.Полека не избрзувај , ќе дојдат утакмиците и ти и ацид ќе бидете меѓу првите што ќе викаат е вака се игра бла бла бла.Макар и да не изиграат добро и да не напраат некој си успех,не треба да се грижиме зошто доаѓа една смена на генерации која што не носи многу играчи и повеќе треба да се осврнат на младите категории.
Не сум по тетрис, дај нешто поинтересно. Што треба да искоментирам според тебе? Да се правиме дека се' е мед и млеко? Како да речам браво кога цел натпревар водиме и во 4/4 даваме само 1 ебан поен? Некаде прочитав дека ова било и рекорд. Трајковски за Николовски е измислен, за Николовски од кога знам место да се бори под кош демек центар е он си стои на тројка сака шутер да е, со Трајковски друга е приказната, мислам дека беше меѓу најдобрите на Медитеранските Игри. Добра беше играта али несмееме да имаме вакви падови како во 4/4 на крај нема да прашаат кој подобро изигра туку кој победи. Вистинското светло на репрезентацијата ќе го видиме со Антиќ и Меккејлеб.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Овие таканаречени медиуми МКД и Екипа кои имаат за цел да генерираат повеќе посети со бомбастични и глупи изјави, како и до сега, така и од сега само прават фами и непотребна атмосфера. Пред првенство очекувам да пишуваат за фаланги и антички Македонци и сето тоа ќе си го трпи репрезентацијата. Ова се припреми и вистинското светло треба да се очекува на турнирот во Германија пред самото ЕП.
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
229
Поени од реакции
158
Ако уште некој каже дека Николовски ќе ни недостига, веднаш ќе го банирам од темава :D
 
A

Aruna_Kone

Гостин
Факт е дека кубуриме со високи играчи..Каков Аврамовски каков Кромитче и остала боранија. Па тие се циркус играчи дај не зезајте...За кој Синиша ти збориш пријателе кога две години глумеше рапер не ни играше кошарка, коа демек ќе идел на проба во некоја појака лига кур се тресело, а скапа туак у нашиве тимчиња со страшна минутажа од по 10мин...Па тој не би го земал за у маало 3 на 3 не па за репрезентација да праиме муабет.... За Кромитче ли да расправаме, кој коа ќе го видиш не знаеш дали да плачеш или се смееш..Со таа градба и тие движења благо ретардирани...Дај бидете малце сериозни...

Сем Киро и Трајковски кои поседуваат некој потенцијал другиве се све само кошаркари не... Да се надеваме дека Киро ќе го искористи потенцијалот и ќе загриза како што треба у Мзт наредна сезона...да престане да глуми Дурант и да почне да игра помушки малце... Бојан да го поправи неговиот сељачки однос, да почне да се посветува повеќе на унапредување на својота игра, пред се у одбрана, од колку дремење по кафани и бркање сељанки по кафичи...тогаш може и да добиеме некој просечен центар за во иднина, вака ќе остане да се молиме да ни се врати Гече, Перо, Станко... За Самарџиски не ми се ни праи муабет...поуплашено "човече" со висина 2,15 не сум видел у животот. Па у WNBA се игра поцврсто бе пичка му материна!!! Се напињам уште од сега док куцам, не ми се верува :) На тоа коа ќе се надоврзе и неговата кошаркарска "интелегенција"....
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Искрено не знам зошто толку паника се крева за овие средби. Да, поразот од Украина не е баш добар знак, но се работи за прва средба само неколку дена откако се собраа и очигледно е дека физички сеуште се далеку од потребното ниво. Од друга страна поразот од Словенија дури би рекол и дека е добар и ветувачки резултат. Словенија на домашен терен сигурно ќе биде кандидат и за медал и е доста солидна екипа. И нас ни недостасуваа 2та главни играчи но и нив им недостасуваа најјаките исто така па горе долу со слични тимови играа.

Резултатот на турнирот е сосема солиден, пад заради физичка слабост на крајот на утакмицата не е никаков проблем во оваа фаза од подготовките. Многу често се случува некои репрезентации (а и тимови) прерано да го достигнат натпреварувачкиот максимум и да растураат во подготовките но да потфрлат на самото првенство. На минатото европско ако не грешам на хрватите им се случи тоа.

Реално главен проблем моментално е длабочината на тимот а не уиграноста и слабите резултати.

На надворешните позиции некако и ќе се снајдат со МкКејлеб/Илиевски/В.Стојановски/Д.Стојановски/Костовски. Тука им треба уште еден за да игра по 5-10 мин по натпревар но мислам дека еден од Брчков/Симоновски/Соколов ќе заврши работа. Особено Брчков сметам дека добро би се вклопил во овој состав со оглед дека е најдобар од овие во одбрана а е и единствено класично ниско крило (а и Пипан него најмноу му даде минутажа не овие две средби па се надевам дека и тој го има истото мислење).

Од друга страна на внатрешните позиции во моментов ги имаат само Антиќ, Самарџиски и Чековски. Тоа е голем проблем. Потребни се уште двајца барем пристојни внатрешни играчи. Аврамовски, Крстевски и Штерјов не се тоа. Ако мора некој од нив да игра ќе биди голем проблем. Гечевски би бил одлично решение но не верувам дека ќе го убедат да се врати од пензија искрено, а и не сум сигурен дека е паметен потег. Можеби и не е лошо да му се даде шанса на некој помлад кој во иднина секако ќе треба да дава голем придонес. Остануваат Трајковски, Николовски и Димчевски. Николовски и Димчевски колку што знам имаат тешки повреди и нема за брзо да се враќаат на терените, па така се се сведува на Трајковски. Едноставно очајно му е потребен тој на репрезентацијата во моментов колку и да е лош во одбрана. 5тиот од ротацијата на внатрешните играчи се чини во секој случај ќе биде некој од послабите и тоа ќе биде огромен но и неизбежен проблем.

Тоа значи 6 надворешни + 5 внатрешни + 1 млад да собира искуство. Тука дефинитивно би го ставил Магдевски кој ми делува на доста голем талент.
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
65
Поени од реакции
21

Имаме високи играчи за позициите 4 и 5, а она што можеме да дискутираме за нивниот квалитет.
Кога Аврамовски паузирал 2 години? Си беше тој и во Србија, Бугарија, Романија, Кипар...Нешто што скоро сите наши играчи не го направиле (исклучок Крстевски во 2 грчка лига). А за минутажата, скоро сите наши високи кошаркаши дремат на клупа по тимовите во МК лигата, затоа што се прави увоз на ангро на српски „проверени“ кошаркари. Но тоа е друг проблем и тема за дискусија.

Она што дискутиравме е во што се подобри Крстевски и Штерјов од Аврамовски, а според досегашната игра испаѓа дека се и полоши.

За Николовски, прво треба да се врати на терен, па да видиме како игра после тешката повреда. За потсетување, тешка повреда има(ше) и Мираковски, па ете 2 години не може да се врати на терен.
За Трајковски, секако дека треба да биде во репрезентација, но за сегашново првенство не може да се смета на него заради повреда.

Акциите, кои Пипан ги прави сега, се тотално погрешни за Самарџиски. Тука е основниот проблем. Човекот е ептен класична 5-ка, и со тоа што може да направи, треба да седи под кош. Таму е најефикасен, таква игра имаше во Литванија. Пик анд рол, шутеви од полудистанца му се слаба страна, исто како и слободните. За неговата висина доста добро се движи, и може да изнудува фаули под кош и да го затвора рекетот во одбрана.
--- надополнето: 30 јули 2013 во 12:37 ---
Искрено не знам зошто толку паника се крева за овие средби. Да, поразот од Украина не е баш добар знак, но се работи за прва средба само неколку дена откако се собраа и очигледно е дека физички сеуште се далеку од потребното ниво. Од друга страна поразот од Словенија дури би рекол и дека е добар и ветувачки резултат. Словенија на домашен терен сигурно ќе биде кандидат и за медал и е доста солидна екипа. И нас ни недостасуваа 2та главни играчи но и нив им недостасуваа најјаките исто така па горе долу со слични тимови играа.

Резултатот на турнирот е сосема солиден, пад заради физичка слабост на крајот на утакмицата не е никаков проблем во оваа фаза од подготовките. Многу често се случува некои репрезентации (а и тимови) прерано да го достигнат натпреварувачкиот максимум и да растураат во подготовките но да потфрлат на самото првенство. На минатото европско ако не грешам на хрватите им се случи тоа.

Реално главен проблем моментално е длабочината на тимот а не уиграноста и слабите резултати.

На надворешните позиции некако и ќе се снајдат со МкКејлеб/Илиевски/В.Стојановски/Д.Стојановски/Костовски. Тука им треба уште еден за да игра по 5-10 мин по натпревар но мислам дека еден од Брчков/Симоновски/Соколов ќе заврши работа. Особено Брчков сметам дека добро би се вклопил во овој состав со оглед дека е најдобар од овие во одбрана а е и единствено класично ниско крило (а и Пипан него најмноу му даде минутажа не овие две средби па се надевам дека и тој го има истото мислење).

Од друга страна на внатрешните позиции во моментов ги имаат само Антиќ, Самарџиски и Чековски. Тоа е голем проблем. Потребни се уште двајца барем пристојни внатрешни играчи. Аврамовски, Крстевски и Штерјов не се тоа. Ако мора некој од нив да игра ќе биди голем проблем. Гечевски би бил одлично решение но не верувам дека ќе го убедат да се врати од пензија искрено, а и не сум сигурен дека е паметен потег. Можеби и не е лошо да му се даде шанса на некој помлад кој во иднина секако ќе треба да дава голем придонес. Остануваат Трајковски, Николовски и Димчевски. Николовски и Димчевски колку што знам имаат тешки повреди и нема за брзо да се враќаат на терените, па така се се сведува на Трајковски. Едноставно очајно му е потребен тој на репрезентацијата во моментов колку и да е лош во одбрана. 5тиот од ротацијата на внатрешните играчи се чини во секој случај ќе биде некој од послабите и тоа ќе биде огромен но и неизбежен проблем.

Тоа значи 6 надворешни + 5 внатрешни + 1 млад да собира искуство. Тука дефинитивно би го ставил Магдевски кој ми делува на доста голем талент.
Прво, Димчевски е бек а не високо крило/центар.

Колку што можев да приметам на утакмицата со Словенија, главниот фокус за напад/поени на Пипан ќе биде МекКејлеб заедно со близнаците Стојановски, додека Антиќ, Чековски и Самарџиски ќе дополнуваат. Од Илиевски и Костоски ќе се бара понекоја тројка од отворен шут и по некоја асистенција. Другите се само замени за одморање.

Она што е најголем проблем кај нас е ориентацијата на шут за три, и тоа форсирање на шут кога не оди и избегнување на воиграни акции. Затоа имаме дебакл статистики (2/30, 4/27 итн). На пример на двете утакмици во Словенија:
Костоски: 0/4 за три, вкупен шут за 2/3: 2/10
Илиевски: 2/9 за три, вкупен шут за 2/3: 3/14
В.Стојановски: 3/9 за три, вкупен шут за 2/3: 6/21
Д.Стојановски: 2/9 за три, вкупен шут за 2/3: 6/17

А не гледам никакви критики за гореведениве.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Акциите, кои Пипан ги прави сега, се тотално погрешни за Самарџиски. Тука е основниот проблем. Човекот е ептен класична 5-ка, и со тоа што може да направи, треба да седи под кош. Таму е најефикасен, таква игра имаше во Литванија. Пик анд рол, шутеви од полудистанца му се слаба страна, исто како и слободните. За неговата висина доста добро се движи, и може да изнудува фаули под кош и да го затвора рекетот во одбрана.
Самарџиски со грб баба ми не би можел да ја избута до кош не па некој сериозен центар.Кога центар ќе добие топка на метар и пол два од кош и ќе се сврти директно на шут значи само дека треба да добие шут карта од тимот.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Проблемот што се форсира премногу шут за три, а тој е неефикасен е двостран.

Од една страна, нашите медиуми постојано условно кажано ги лажат навивачите дека нашите играчи се добри шутери, кога реално и не се. Некои од нив се просечни што во општ случај е доволно добро, но добар шутер не е ниеден. За да бидеш добар шутер во Европа треба да имаш редовно над 40% шут за тројка (во Евролига, Еврокуп, појаки домашни првенства и сл.), а ако не грешам ние немаме ниеден таков играч. Наша најсилна страна дефинитивно не е шутот.

Од друга страна, алтернатива на шут за три е влезови на положување/забивање. Е тука од друга страна е најголемиот проблем на целата селекција и на сите македонски кошаркари генерално гледано - а тоа е атлетоста. Реално нашите кошаркари ниту се отскочни ниту имаат снага за да можат да издржат и да одат на такви влезови. Тука исклучок е МкКејлеб и затоа тој е толку значаен за репрезентацијата бидејќи комплетно ја менува и концепцијата и можностите на целата екипа. Без него реално е невозможно да имаме ефикасен напад против овие репрезентации кои се на Европското.

Е сега не е се така црно, имаме доста искусни и паметни играчи, а и добар дел од главните играчи се натпросечни во одбрана. Одбраната е она што не прави опасна и добра селекција, ама без напад тешко ќе оди и непрецизните шутеви за тројка се неизбежни. Се додека не шутираат некои безвезни шутеви за два од полудистанца ок ќе биде. Тоа дека новата улога на Самарџиски е да шутира од полудистанца е многу позагрижувачко за мене од непрецизноста за три. Се знае колку ги бива за тројки, тука не можеме многу да смениме.
--- надополнето: 30 јули 2013 во 14:07 ---
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=730131119361&id=21

Тројцата најдобри од У18 селекцијата (Магдевски, Николов, Младеновски) ќе им се приклучат на подготовките на сениорите.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Океј значи сега како што тера работава оваа недела нашиве остануваат во Словенија на подобри пред се кондициони припреми и чат пат по некоја тактичка варијанта од страна на Пипан. Пошто Пипан е и кондиционен тренер згуснат му е распоредот. Во четврток стигаат Бо и Перо и веднаш следната недела на 6. и 7. Август во Славонски Брод со Хрватска на две средби. Мислам дека тука на овие два меча ќе можеме да видиме една сосема поинаква Македонија. Не само зашто ќе бидеме речиси комплетни туку и зашто кондициони треба да сме подобрени. А до 4. Септември ќе има простор за корекции, само да нема повреди. Според мене најголем хендикеп останува краткиот квалитетен ростер, не алудирајќи на Тодор и Кире. Дај боже еден од нив да помогне онаму на центарска позиција кај што ќе биде и најгусто. Околу формата на одредени играчи сигурно дека ќе оди во нагорна линија пред се на Владо.
А од овие тројцава што се повикани добро ќе биде бар еден да има минутажа на ЕП и да влезе во екипата. Не знам колку ќе може да помогне али и искуството е битно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom