Факт е дека кубуриме со високи играчи..Каков Аврамовски каков Кромитче и остала боранија. Па тие се циркус играчи дај не зезајте...За кој Синиша ти збориш пријателе кога две години глумеше рапер не ни играше кошарка, коа демек ќе идел на проба во некоја појака лига кур се тресело, а скапа туак у нашиве тимчиња со страшна минутажа од по 10мин...Па тој не би го земал за у маало 3 на 3 не па за репрезентација да праиме муабет.... За Кромитче ли да расправаме, кој коа ќе го видиш не знаеш дали да плачеш или се смееш..Со таа градба и тие движења благо ретардирани...Дај бидете малце сериозни...
Сем Киро и Трајковски кои поседуваат некој потенцијал другиве се све само кошаркари не... Да се надеваме дека Киро ќе го искористи потенцијалот и ќе загриза како што треба у Мзт наредна сезона...да престане да глуми Дурант и да почне да игра помушки малце... Бојан да го поправи неговиот сељачки однос, да почне да се посветува повеќе на унапредување на својота игра, пред се у одбрана, од колку дремење по кафани и бркање сељанки по кафичи...тогаш може и да добиеме некој просечен центар за во иднина, вака ќе остане да се молиме да ни се врати Гече, Перо, Станко... За Самарџиски не ми се ни праи муабет...поуплашено "човече" со висина 2,15 не сум видел у животот. Па у WNBA се игра поцврсто бе пичка му материна!!! Се напињам уште од сега док куцам, не ми се верува

На тоа коа ќе се надоврзе и неговата кошаркарска "интелегенција"....
Имаме високи играчи за позициите 4 и 5, а она што можеме да дискутираме за нивниот квалитет.
Кога Аврамовски паузирал 2 години? Си беше тој и во Србија, Бугарија, Романија, Кипар...Нешто што скоро сите наши играчи не го направиле (исклучок Крстевски во 2 грчка лига). А за минутажата, скоро сите наши високи кошаркаши дремат на клупа по тимовите во МК лигата, затоа што се прави увоз на ангро на српски „проверени“ кошаркари. Но тоа е друг проблем и тема за дискусија.
Она што дискутиравме е во што се подобри Крстевски и Штерјов од Аврамовски, а според досегашната игра испаѓа дека се и полоши.
За Николовски, прво треба да се врати на терен, па да видиме како игра после тешката повреда. За потсетување, тешка повреда има(ше) и Мираковски, па ете 2 години не може да се врати на терен.
За Трајковски, секако дека треба да биде во репрезентација, но за сегашново првенство не може да се смета на него заради повреда.
Акциите, кои Пипан ги прави сега, се тотално погрешни за Самарџиски. Тука е основниот проблем. Човекот е ептен класична 5-ка, и со тоа што може да направи, треба да седи под кош. Таму е најефикасен, таква игра имаше во Литванија. Пик анд рол, шутеви од полудистанца му се слаба страна, исто како и слободните. За неговата висина доста добро се движи, и може да изнудува фаули под кош и да го затвора рекетот во одбрана.
--- надополнето: 30 јули 2013 во 12:37 ---
Искрено не знам зошто толку паника се крева за овие средби. Да, поразот од Украина не е баш добар знак, но се работи за прва средба само неколку дена откако се собраа и очигледно е дека физички сеуште се далеку од потребното ниво. Од друга страна поразот од Словенија дури би рекол и дека е добар и ветувачки резултат. Словенија на домашен терен сигурно ќе биде кандидат и за медал и е доста солидна екипа. И нас ни недостасуваа 2та главни играчи но и нив им недостасуваа најјаките исто така па горе долу со слични тимови играа.
Резултатот на турнирот е сосема солиден, пад заради физичка слабост на крајот на утакмицата не е никаков проблем во оваа фаза од подготовките. Многу често се случува некои репрезентации (а и тимови) прерано да го достигнат натпреварувачкиот максимум и да растураат во подготовките но да потфрлат на самото првенство. На минатото европско ако не грешам на хрватите им се случи тоа.
Реално главен проблем моментално е длабочината на тимот а не уиграноста и слабите резултати.
На надворешните позиции некако и ќе се снајдат со МкКејлеб/Илиевски/В.Стојановски/Д.Стојановски/Костовски. Тука им треба уште еден за да игра по 5-10 мин по натпревар но мислам дека еден од Брчков/Симоновски/Соколов ќе заврши работа. Особено Брчков сметам дека добро би се вклопил во овој состав со оглед дека е најдобар од овие во одбрана а е и единствено класично ниско крило (а и Пипан него најмноу му даде минутажа не овие две средби па се надевам дека и тој го има истото мислење).
Од друга страна на внатрешните позиции во моментов ги имаат само Антиќ, Самарџиски и Чековски. Тоа е голем проблем. Потребни се уште двајца барем пристојни внатрешни играчи. Аврамовски, Крстевски и Штерјов не се тоа. Ако мора некој од нив да игра ќе биди голем проблем. Гечевски би бил одлично решение но не верувам дека ќе го убедат да се врати од пензија искрено, а и не сум сигурен дека е паметен потег. Можеби и не е лошо да му се даде шанса на некој помлад кој во иднина секако ќе треба да дава голем придонес. Остануваат Трајковски, Николовски и Димчевски. Николовски и Димчевски колку што знам имаат тешки повреди и нема за брзо да се враќаат на терените, па така се се сведува на Трајковски. Едноставно очајно му е потребен тој на репрезентацијата во моментов колку и да е лош во одбрана. 5тиот од ротацијата на внатрешните играчи се чини во секој случај ќе биде некој од послабите и тоа ќе биде огромен но и неизбежен проблем.
Тоа значи 6 надворешни + 5 внатрешни + 1 млад да собира искуство. Тука дефинитивно би го ставил Магдевски кој ми делува на доста голем талент.
Прво, Димчевски е бек а не високо крило/центар.
Колку што можев да приметам на утакмицата со Словенија, главниот фокус за напад/поени на Пипан ќе биде МекКејлеб заедно со близнаците Стојановски, додека Антиќ, Чековски и Самарџиски ќе дополнуваат. Од Илиевски и Костоски ќе се бара понекоја тројка од отворен шут и по некоја асистенција. Другите се само замени за одморање.
Она што е најголем проблем кај нас е ориентацијата на шут за три, и тоа форсирање на шут кога не оди и избегнување на воиграни акции. Затоа имаме дебакл статистики (2/30, 4/27 итн). На пример на двете утакмици во Словенија:
Костоски: 0/4 за три, вкупен шут за 2/3: 2/10
Илиевски: 2/9 за три, вкупен шут за 2/3: 3/14
В.Стојановски: 3/9 за три, вкупен шут за 2/3: 6/21
Д.Стојановски: 2/9 за три, вкупен шут за 2/3: 6/17
А не гледам никакви критики за гореведениве.