Кошаркарска репрезентација на Македонија

R

Rigel Kent

Гостин
Играта од поле ни е ужасна , се' се сведува на удари од три поени и одбрана која на моменти не е сјајна. Но , ме радува напредокот на браќата Стојановски , тие ќе имаат голем удел во нашата игра на ЕП.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Се ок само не скалпирајте пред време и не носете пред време заклучоци. До 4. Септември многу играчи ќе ја подобрат формата некои може и ќе паднат... Затоа се гледа колектив штета е што немаме повеќе квалитетни играчи во ростер. Дај боже и Гечевски да се врати. Пипан засега е добар ама главното е од 4. натака тогаш ќе му се дава оценка. Овие утакмици не се мерило и Словенците денес беа очајни го поправија шутот во последна четвртина ние немавме душа да истрчаме 5 метри и тоа е резултатот. Претходно па не служеше шутот. Такашто до некаде овие комични ситуации на двете страни ги имаше испуштање и дупли топки е нормално за припреми.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Се ок само не скалпирајте пред време и не носете пред време заклучоци. До 4. Септември многу играчи ќе ја подобрат формата некои може и ќе паднат...
Па што му судиш одма на Штерјов ондак кога може ќе се повампири понатаму? :D:pos:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па што му судиш одма на Штерјов ондак кога може ќе се повампири понатаму? :D:pos:

Тебе другар да не ти е што скокаш толку, нека се повампири дај боже али нема Пипан да го земе џабе :icon_mrgr:
 
Q

qazwsxedc

Гостин
1 поен у 4/4,не ми се верува,среќа што не го гледав второто полувреме:facepalm:
 
Член од
31 август 2008
Мислења
499
Поени од реакции
381
Стварно почеток на припреми не е мерило за форма на еден тим...формата ќе се дига постепено и силно верувам,да некажам сум сигурен дека до септември ќе биде на највисоко ниво,плус со Бо,Антиќ и евентуално Гечевски(што не верувам) ќе бидеме друга приказана..............АМА да дадеш само еден кош(еден поен) во цела четвртина ....:facepalm:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Тебе другар да не ти е што скокаш толку, нека се повампири дај боже али нема Пипан да го земе џабе :icon_mrgr:
Хахаха да да за Кромидче ќе скокам, сигурно.
Последниов пост беше заебанција, мене Штерјов ми е познат многу добро како играч и знам дека ги нема потребните квалитети за Репрезентација али се дрзнав да го бранам пошто го нападна по само 3 минути игра ко Предраг претходно да не правеше очајни грешки.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па Предраг и Владо се во очајна форма. Владо сигурен сум дека ќе се подобри, Пеџа може боље али и квалитетот негов е ограничен у споредба со висината што ја има...
Не знам оттука кој памти кога почињаше ЕП во Литванија како се фрлаа дрва и камења по Станко сега е машина од играчиште во споредба со тогаш, макар да и неговата форма растеше и со Литванците во клучниот меч беше феноменален во отсуство на Гечевски... А ако се врати ветеранот проаѓаме прв круг сигурно :icon_mrgr:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Не знам дали е штета или привилегија што не бев во можност да ја гледам ама уште изгледа не сме ги излечиле детските болести според вашиве коментари, алудирам на слабите завршници на натпреварите :)

Овој Самарџиски гледам пак ви е на тапет, не знам бе како може некој со физички предиспозиции како него да е толку дрво. Навистина не ми е јасно?
 
B

Blade Torch

Гостин
Кој погоди слободно за нас во последна четвртина ? :)

Дај бе уживајте , не се замарајте со резултатот. Пред 2 дена се собраа да му се невиди , големо чудо резултатот на пријателска каков бил . Нека гледаат да даваат по 1 поен и на европското , е тогаш ќе чурам :mad:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
Фали Сандро Беркандино, а?
Епа, не може да се живее од љубов кон репрезентацијата... Ако сакаме професионалци, мора да фрлиме и нешто евриќи, по можност со повеќе цифри.

Како на кошаркарите, така и на тренерите...
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
65
Поени од реакции
21
Синиша ти ли си? :LOL:
Бегај бе, каков Аврамовски, дечкото е невиден антиталент :). Па кој било друг играч да земат ке имаат повеке корист. Колку ли само зицери утна на МИ :facepalm:. Да не зборам за тоа дека е као шпагета и си го буткаат како сакаат...убедливо најлошиот центар што го имам видено, а имаше колку толку перспектива, знам дека и добро играше на страна, незнам стварно што се деси со човеков.
А Антиќ не ми се верува дека ке ја остави репрезентацијата на цедило. Ако веке планира да одмара, мислам дека уште од сега би кажал и би се повлекол од подготовките, али не е тоа случајот. Единствено што ме загрижува е дали ке го даде максимумот, т.е. дали ке се штеди од контакт за да не се повреди.
А ти си адвокатот на МКФ?

Викаш добро играл во странство а во исто време дека е антиталент. Плус не е класична 5-ка, туку 4-ка.
А колку се подобри Крстевски и Штерјов, а и Самарџиски, се виде во Словенија:

1. Со Украина, која играше со подмладена екипа која претходниот ден Словенија ја победи со 28 разлика:

Бојан Крстевски: 12 минути, 2 поени (1/2 за два), 1 скок, 1 асистенција, 1 изгубена топка, коефициент 2.
Александар Штерјов: 11 минути, 2 поени (2/4 слободни), 2 скока, 1 украдена топка, коефициент 3.
Предраг Самарџиски: 29 минути, 8 поени (3/5 за два, 2/4 за еден), 3 скока, 1 блокада, коефициент 6.

Извор: http://www.kzs.si/index.php?id=114&game_id=2741471&league_id=undefined&season_id=87271#mbt:33-400$t&0=1

2. Со Словенија, која настапи без своите три најдобри играчи, Горан Драгиќ, Јака Лаковиќ и Боштјан Нахбар, и е некаков репер за нас:

Бојан Крстевски: 24 минути, 3 лични грешки, 1 изгубена топка, коефициент -1.
Александар Штерјов: 10 минути, 1 скок, 1 асистенција, 1 украдена и 1 изгубена топка, 5 лични грешки, коефициент 1.
Предраг Самарџиски: 29 минути, 5 поени (2/8 за два и 1/2 за еден), 2 скока, 2 загубени топки, 4 лични грешки, коефициент -2.

Извор: http://www.kzs.si/index.php?id=114&game_id=2741481&league_id=undefined&season_id=87271#mbt:33-400$t&0=1

Дополнително, Словенија имаше 35 скока а ние 17.

Ако за Самарџиски донекаде има оправдание поради почеток на тренинг процес и повеќемесечно неиграње, Крстевски и Штерјов веќе месец дена тренираат и играат натпревари.

Не гледам која предност ја имаат Крстевски и Штерјов во однос на Аврамовски, во што се подобри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom