Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Зоте за СЕЛЕКТОР !

Па јас да сум селектор освојуваме медаља зашто знам како да ги селектирам играчите, тоа е битно да имаш осет кој да игра без разлика што прави во својот клуб итн. Битно е да ги составиш коцките од мозаикот као што направи тренерот на србија на европско Душан Ивковиќ без НБА звезди со ниеден познат и докажан играч гледајте каде завршија на крајот. Значи до селекторот е :helou:
 
П

Паспарту

Гостин
Па јас да сум селектор освојуваме медаља зашто знам како да ги селектирам играчите, тоа е битно да имаш осет кој да игра без разлика што прави во својот клуб итн. Битно е да ги составиш коцките од мозаикот као што направи тренерот на србија на европско Душан Ивковиќ без НБА звезди со ниеден познат и докажан играч гледајте каде завршија на крајот. Значи до селекторот е :helou:
Да ама сите тие играчи неделно играат по 2 силни натпревара, еден во Евро Лига, а друг во Јадранска, Шпанска, Руска, Италијанска итн...

Не можеш да кажеш дека е само до селекторот, бидејќи за еден клуб или репрезентација да успее, мора тимот да е составен од 70-80% квалитетни играчи
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
И тие играчи беа неколкукратни младински прваци во различни категории :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.129
Поени од реакции
7.793
Нема да се пласираме марин докузовски врска нема од селктор и тренер.
КОШАРКАРСКИОТ СЕЛЕКТОР МАРИН ДОКУЗОВСКИ НАЈАВИ
Чековски се враќа во репрезентацијата

Во стручниот штаб, на Докузовски ќе му помагаат Марјан Лазовски и Марјан Србиновски, а во кошаркарскиот тим ќе биде вклучен и некој од младинската репрезентација
Ѓорѓи Чековски ќе биде вратен во македонскиот национален тим, најавува новиот селектор Марин Докузовски кој му е тренер на крилниот центар во Работнички. Според него, Чековски и' е потребен на репрезентацијата и смета на него во битката за пласман на ЕП 2011 во Литванија. Чековски не играше за Македонија во времето додека селекторуваше Јовица Арсиќ. Крилниот центар сезонава игра во добра форма, засега е најкорисен играч во македонското првенство и тоа е доволно за да биде повикан назад во репрезентацијата.

- Ќе го вратам Чековски, тоа е сигурно. Мислам дека ќе ни биде потребен од секоја гледна точка, не само поради квалитетот. Во работата со репрезентацијата ќе биде вклучен и некој од младинските репрезентативци кои играа на ЕП од Б дивизија во Скопје. Има време за анализи, можеби во меѓувреме ќе излезе уште некој потенцијален репрезентативец - смета Докузовски.

На Докузовски ќе му помагаат Марјан Лазовски и Марјан Србиноски, но и со тоа стручниот штаб не е комплетиран. - Помошници сигурно ќе ми бидат Србиноски и Лазовски, без да потенцирам кој е прв, а кој втор, за мене тоа не постои, двајцата се исти, и ќе си имаат свои задолженија. Ќе имаме и кондициски тренер, со ова стручниот штаб не е комплетиран - вели Докузовски.

Докузовски во клупата на македонскиот национален тим го наследува Србинот Јовица Арсиќ со кого „црвено-жолтите“ се пласираа на ЕП и таму го освоија 9. место што е наш најголем успех.

- Со Арсиќ имам сосема коректен однос, си разменуваме мислења. И тој додека беше селектор често разговаравме, и во иднина ќе соработуваме. Сепак тој бил со играчите, знае некои работи кои можат да ми користат. Сето тоа е во интерес на македонската кошарка. Совети ќе прифатам од секого ако тоа во полза на тимот, отворен сум за соработка - најавува Докузовски.

Нападот беше посилното оружје на македонската репрезентација, а Докузовски е познат како тренер кој инсистира на цврста одбрана како предуслов за добар резултат.

- Мислам дека ќе успеам да ја наметнам својата филозофија, бидејќи индивидуално ги знам играчите, од тоа не се плашам. Тие ги знаат моите методи на работа. Проблем може да биде психолошкиот момент, многу рано ќе почнеме со подготовки, само две недели по завршувањето на сезоната во лигите. Сепак, сите знаат што ги чека, нема ништо ново, не гледам причини да има проблем, смета новиот селектор.

Најголемиот товар го понесоа кошаркарите кои настапуваат во странски клубови, така би требало да биде и во иднина.

- Ја следам формата на сите интернационалци, во контакт сум со нив. Во моментов најголем проблем е Владо Илиевски кој ја обнови повредата. Очекувам дека ќе заздрави и во јули ќе во имам на располагање. Тој е многу важен бидејќи веќе го немаме Врбица Стефанов. Од странците никого се исклучувам, сите се во опција. Како ќе одминува времето списокот ќе се намалува. Со Мејси проблемот е што не игра, но и покрај тој хендикеп ќе сметам и на него. Вашингтон е во форма, но неговиот Галатасарај нема добри резултати. Плус ќе биде ако Колариќ и Мицов добијат македонски пасоши бидејќи тие нема да играат како натурализирани, туку како останатите домашни кои се родени во Македонија - завршува Докузовски.

Македонија во првиот барабан за ЕП 2011
Македонија ќе биде прв носител при ждрепката за квалификациите за кошаркарското ЕП 2011 година, ако при одредувањето на носителите се гледаат резултатите од Европското првенство. Од ФИБА Европа се' уште не ја објавија листата на носители за извлекувањето кое ќе се случи во средината на јануари, но познато е дека ќе има три групи по пет тима. На завршницата директно одат двете првопласирани од сите три групи.

Македонија на последното ЕП беше на 9 место, и според пласманот од тоа првенство во првиот барабан би требало да бидат уште и Полска и В. Британија. Во квалификациите за ЕП 2011 во Литванија треба да играат Македонија, Полска, В. Британија, Израел, Бугарија, Летонија, Белгија, БиХ, Финска, Италија, Португалија, Унгарија, Украина, Црна Гора и Грузија.


ГРЕФ ОД ТРЕНЕР

кој чековски бре ало врска нема тој ако чинеше не го враќаа тука да игра па и помошниците кој од кој му се а и добра одбрана ќе игарал и ќе наметнел филозофија на кој бре на илиевски или на антич ќе му кажиш да излези или да не игра или нешто слично абе греф ништо нема да ме изнедади ако антич го натепа овај селектор ако нешто му преречи
е сега доброто е тоа што ако дојдат овие двајцата малку ќе се зголеми конкуренцијата и тоа што ако бидеме како носители на групата
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Чековски можеби не е Џеремаја Мејси, но е цврст и добар одбранбен играч. Арсиќ не го повикуваше само од лични причини, а доколку Чековски беше во составот за ЕП, нема да имаше потреба да се остава Вашингтон. Доста од мечевите што ги загубивме ги загубивме поради слабата игра на бековите, Вашингтон го гледав неколку пати и тоа е токму таков играч што ни недостасуваше на ЕП и мислам дека ќе беше далеку попродуктивен од Мејси на кој кога му оди игра одлично, но често прави големи грешки во нападот. Не сум сигурен дали Мејси најде екипа, иако мислам дека нешто читав, за Реал Мадрид сигурно не игра. Доколку Докузовски наметне авторитет врз играчите и доколку ни се погоди групата, сигурно одиме на ЕП во Литванија. Штета што не се пласиравме на СП, а бевме толку блиску :(
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Во момента во Романиjа се игра Балканиада по кошарка до 18 години. Дали следите как играе ваша репрезентациjа ? Доколку знам во таја возраст Г'рција е много силна и Черна Гора с'што. Аз видјах резултата между нашата и вашата репрезентациjа и знам дека ви победихме со 87- 70. Парвиот мач губиме от Черна Гора , а денес от Г'рција. Дали следите вашите младински кошаркари во сите возрасти зашто не виждам активна тема ?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Намерно ви попуштаме, за да имате лажна претстава за нас и да ве растураме во сениорска конкуренција :pos:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Не е вапрос во тоа кој е победник. Вие сте по- добри во една возраст , ние во друга и така. Просто сакам да знам дали коментирате младински отбори во некоја тема по-активно или ако може да ми кажете некој интересен македонски спортен форум. Скоро ке бидем заедно во една униjа Европската и треба да правим соработка и да сме по- добри соседи. ја например вполно се интересувам как се разиват сите спортови на балканските земи зашто се надевам малце да почнуваме да бием во некои спортове барем западните земи. Кое не става со пари става со много амбициjа. Нали така. Ајде поздрав. :smir:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.338
Поени од реакции
16.465
Македонија во првиот шешир за квалификациите за ЕП 2011

Кошаркарската селекција на Македонија ќе биде во првиот шешир на жрепката за Европското првенство 2011 година што на 16 јануари ќе се изврши во Германија.

Покрај македонската репрезентација во првиот шешир ќе бидат уште и селекциите на Полска и на Летонија. Репрезентациите ќе бидат поделени во три групи, а трите првопласирани и двете најдобро второпласирани директно ќе се пласираат на ЕП. За последното место ќе се борат шест селекции во дополнителни квалификации.

Прв шешир – Македонија, Полска, Летонија.
Втор шешир – Израел, Велика Британија, Бугарија.
Трет шешир – Белгија, Босна и Херцеговина, Финска.
Четврти шешир – Италија, Португалија, Унгарија.
Петти шешир – Украина, Црна Гора и Грузија.

Натпреварите од квалификациите се играат во август 2010 година, а пласман веќе имаат обезбедено Шпанија, Србија, Словенија, Грција, Хрватска, Франција, Турција, Русија, Германија и Литванија.

Извор

Искрено речено гледајќи ги потенцијалниве противници, мислам дека имаме шанса за пласман на наредно ЕП.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Идеална група: Бугарија,Белгија,Унгарија и Украина.

Средно-тешка група:Израел,Финска,Португалија,Грузија.

Тешка група:Британија,БИХ,Црна Гора,Италија.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Има доста репрезентации кои не би требало да претставуваат опасна закана, но тука се и незгодни тимови кои се надевам ќе ги избегнеме.
По извлекувањето ќе можеме да коментираме подетално, но мислам дека секако имаме потенцијал одново да се пласираме на првенство.

Од 2ра група најдобар избор е Бугарија, веќе ми е смачено од Израел, а Британија со Денг и Гордон е многу силна.

Од 3та група надобро Финска, БИХ е секогаш незгодна, а Белгија мислам дека лани играше бараж со Франција и во првиот дуел дури и славеа.

Од 4та секако Унгарија е најслаба, Италија е силна колку и да не игра добро задниве години, а Португалија ја имаме 2 пати добиено во Скопје, но и 2 пати загубено таму.

Од последна група да ја избегнеме Црна Гора, другите 2 може.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Во момента во Романиjа се игра Балканиада по кошарка до 18 години. Дали следите как играе ваша репрезентациjа ? Доколку знам во таја возраст Г'рција е много силна и Черна Гора с'што. Аз видјах резултата между нашата и вашата репрезентациjа и знам дека ви победихме со 87- 70. Парвиот мач губиме от Черна Гора , а денес от Г'рција. Дали следите вашите младински кошаркари во сите возрасти зашто не виждам активна тема ?
Друже тоа е само за играчи родени 1992 и помлади,јас сум член на таа репрезентација и слободно ќе кажам дека утакмиците што ги губевме пред се беа поради грешки на сите други освен на играчите,значи ако не пријават за под 18 ова лето,ќе видите како ќе играме,ако не ќе чекаме за под 20,значи добра генерација сме,ќе излезе се тоа еден ден на виделина...
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Добро ова се за Европско....... А квалификации за светско нема или не сме пријавени?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom