Се изначитав се и сешто за потеклото и причините за вирусот но едно сфатив...
Србите како шо имаат бујна фантазија за теории на заговор никој нема.
Еве прашање до вас според теоријата на србите. Дали Америка намерно го има пуштено вирусот во Кина само за да ја ослабе економијата на Кина и повторно Америка да биде број еден економија во светот ?
Јас ни знам кинези, ни сум живеел таму, ни сум бил така да и се ми звучи логинчно и ништо не ми звучи логично. Башка огромна цензура на информации има за вирусов што не ни останува ништо друго освен да нагаѓаме.
Е па-сеа, што да праиме, секој сака да покаже што знае и затоа се натпреваруваат кој да биде најдобриот!
Околу Србите и нивната фантазија, претеруваш, тие само брзо учат и потоа го покажуваат наученто. Кај нас еден партал репубљика.мк пренесе вест од Ројтерс, инаку познат сервис на вистина и само вистина, како лујџето во Кина умирале по улиците од тој вирусот дури имаше и видео како еден човек лежи на улица, е сеа дали е мртов или не и од што... срцев удар или нешто друго не е важно - важно е веста гласи дека е од коронавирус. Ова само покажува дека Србите имаат добар учител.
одговор на прашањето:
Ако следува одговор од Кина тогаш вирусот е навистина недело на САД-истите ако не, тогаш природна мутација или пак побегнал од нивните лабови.
За ова имеше еден интересен коментар во врска со романот на Д. Лучиќ “Кинеска освета“, типот е шарлатан од прв ред ама изгледа некој сепак го храни со квалитетни информации. Кој?
Имало цензура. Па нормално, не смее да се дозволи да настапи паника.
Знаеш во услови на паника прво вирусот се шири многу побрзо а и има безброј други последици.
Затоа информирај се од извори кои вршат цензура ама и објавуваат само проверени информации, се разбира не сите.
ArcGIS Dashboards
gisanddata.maps.arcgis.com
Инаку ако се следат податоците горе на линкот, вирусот е навистина закана дали ќе прерасне во ... ќе видиме.
До 30.01 смртноста изнесуваше 56% во однос на излечени 44%; (на бројка заразени околу 9.600)
денес (податоци за 31.01. време 19:00 ET) гледам е нешто подобро имаме скоро изедначено 50% подлегнале - 50% прележале, но бројката на заразено порасна и сега е 11.374 лица