Јас сум свесен зошто е карантинот, и карантинот не е проблем, туку проблем е неговото спроведување и менаџирање, за кое што владата е одговорна(секако и самодисциплината која што ја имам критикувано на самите граѓани). Полицискиот час кој почнува од 4 часот не е ефикасен бидејќи има поголемо групирање на луѓе во маркети, пазари, банки, бидејќи тие што мора да одат на работа и кои ја немаат можноста да работат од дома се изложуваат на поголем ризик за факање и пренесување на вирусот затоа што некој мора да испазари за дома; исто така, разретчувањето на автобуските линии повторно создава контраефект за намалување за ширење на вирусот, бидејќи поголем број на луѓе ќе се возат со автобус.
За сите овие горенаведени работи, крива е владата и луѓето што ги носат овие мерки, бидејќи досега сметам дека веќе од оваа недела требаше да има тренд на постепено намалување на новозаболени.