Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Германскиот државен институт за контрола на болести направил студија за репликативниот број на вирусот. Резултатите се дека вирусот паднал под р0 1 (со други зборови престанал да се шири) пред да се воведат рестриктивните мерки во Германија. Иста студија и циришкиот факултет имаше направено со ист резултат. Ете колку резултат даваат рестриктивните мерки.

9YAf0wH.png
 
Не е работата за верување на бројките, туку за (не)ефективноста на карантинот во Македонија и неговото спроведување и менаџирање, бидејќи до сега веќе требаше да има опаѓање на заболени, но донесоа полициски час од 4 и тие што работат немаат време кога да пазарат, намалија автобуските линии, ограничија многу кога пензионерите може да се движат и доаѓаме до денешната ситуација.
Не се знае ни дали дезифинцираат...
И згора на ова, во наредните недели ќе дознаеме и дали има заболени од овие што беа/се вратени/враќаат.

Така што, ако менаџираа како што треба со ситуацијата веќе ќе требаше да имаме намалување на новозаболени, минус оние што се враќаат и се во државен карантин.
Илјада пати е пишано дека карантинот е за да се шири бројката линеарно,да можи болницата да се справи со пациентите.
Никој не очекува дека со карантинот бројките ќе ги снема, затоа што сепак има луѓе кои сеуште одат на работа, маркети, фармација, клиники, фабрики итн.
Во Шпанија и Италија два месеци се во карантин па пак има илјадници новозаболени, ама не е исто да има 3000 случаи денот и 8000 како на почетокот.
Мерките се таман, освен овие последните со 85 часовен карантин, тука се ствара поголема гужва.

И не заборавајте мерките не ги носи самата влада туку одат по препораки на СЗО и се консултираат со другите земји, оти гледам се критикува владата наназад.
 
Не носење маска - парична казна
Држење растојание помало од 2 метри - парична казна
Групирање повеќе од двајца граѓани - затворска казна
со фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат

За доброто на сите нели? 2 недели, 4 месеци, 5 години.... Одеднаш сваќаш дека живееш во тоталитаризам. За доброто на сите нели.....
Хахаха ни на Ким Јон не му има текнато вакво нешто еј. Ова е најбезмозочната мерка што ја има има донесено било која земја во светот, во Уганда ќе им се смеат за ваква глупоштина. Од сега натаму метро да си носите во џебот, да може прописно 2 метри да измерите :pos: па уште да се сликале на лице место, замисли се разминуваш со некој на улица и бап те слика во моментот некој, па одиш на суд и мерат според сликата дали има 2м :vozbud: или пак се сретнуваш со 2-3 пријатели и те сликаат и ти глумат сеоски Гестапо.

Мислам не дека ова ќе се спроведува, иако овде ништо не чуди, самата помисла е лудница :icon_lol:
 
Првиот крупен лош потег што го направија нашиве власти е тоа што го ставија полицискиот час до 16 часто во работни денови, што е практично нерационално и доведува до контра-последици ради гужвите.

Треба/ше да биде до 19 часот за да можат сите да си ги завршат дневните потреби.

Диктатори изиграваат за ваше добро.

Вториот лош потег е ова. Не треба кривично гонење на тие што нема да почитуваат мерки. Треба со пендрек да се маваат тие еогистични конспираси теори суштества што виреат у вукојебинава.
 
Треба казна да му пишат и на тој што ќе го фатат леб дека си купил...
Нема леб - не јадеш - гладуваш - умираш - не го шириш вирусот....тој што ќе купи тестенини место леб, пукање на лице место дека се правел паметен...
 
Кога немаше мерки некои ликови плачеа поради тоа, или слаби биле, требало поголеми мерки, сега ги имаме и истите плачат многу било претерано.
 
За оваа стока неразбрана малце се и овие казни, како шо пиша Ел Нињо погоре, пендракот на лице место.
Одете зирнете во Шпанија шо им прават ако ги фатат за време на полициски час, ќе се научи еднаш овој народ на ред.
 
Илјада пати е пишано дека карантинот е за да се шири бројката линеарно,да можи болницата да се справи со пациентите.
Никој не очекува дека со карантинот бројките ќе ги снема, затоа што сепак има луѓе кои сеуште одат на работа, маркети, фармација, клиники, фабрики итн.
Во Шпанија и Италија два месеци се во карантин па пак има илјадници новозаболени, ама не е исто да има 3000 случаи денот и 8000 како на почетокот.
Мерките се таман, освен овие последните со 85 часовен карантин, тука се ствара поголема гужва.

И не заборавајте мерките не ги носи самата влада туку одат по препораки на СЗО и се консултираат со другите земји, оти гледам се критикува владата наназад.
Јас сум свесен зошто е карантинот, и карантинот не е проблем, туку проблем е неговото спроведување и менаџирање, за кое што владата е одговорна(секако и самодисциплината која што ја имам критикувано на самите граѓани). Полицискиот час кој почнува од 4 часот не е ефикасен бидејќи има поголемо групирање на луѓе во маркети, пазари, банки, бидејќи тие што мора да одат на работа и кои ја немаат можноста да работат од дома се изложуваат на поголем ризик за факање и пренесување на вирусот затоа што некој мора да испазари за дома; исто така, разретчувањето на автобуските линии повторно создава контраефект за намалување за ширење на вирусот, бидејќи поголем број на луѓе ќе се возат со автобус.
За сите овие горенаведени работи, крива е владата и луѓето што ги носат овие мерки, бидејќи досега сметам дека веќе од оваа недела требаше да има тренд на постепено намалување на новозаболени.
 
Не е крива владата крив е народот.
Одат се туркаат по маркети како небаре крај на светот е.
Три дена се во прашање а тие чекаат да дојди 15:45 за да одат во маркет да купат залихи.
Зошто не си купат храна за недела две, морало секој ден во маркет ?
Ти им викаш не групирања по паркови тие цела черга се послале на трева небаре 1-ви Мај е.
Е затоа има новозаболени оти не се почитуваат мерките.
Секој ден гледаме прекршување на полициски час, зошто ? Јас не знам кај одат луѓето кога се е затворено,не можам да ги разберам
 
Да речиме брачен пар живеј самостално во некој стан. Двајцата одат на работа од понеделник до петок од 8 до 16. Кога ќе испазарат?
Не е разбран народот, а тие шо ги донесоја овие мерки се тешки идиоти. Пред да бидат мерките, позитивни беа околу 10% од тестираните. И после 3 недели строги мерки процентот е ист. Кој е ефектот на полицискиот час од 16?
 
За некое време Kина нема да биде во Топ 10 земји со најмногу COVID19 случаеви ниту Топ 10 земји со најмногу умрени. А се почна од таму...
 
Да речиме брачен пар живеј самостално во некој стан. Двајцата одат на работа од понеделник до петок од 8 до 16. Кога ќе испазарат?
Не е разбран народот, а тие шо ги донесоја овие мерки се тешки идиоти. Пред да бидат мерките, позитивни беа околу 10% од тестираните. И после 3 недели строги мерки процентот е ист. Кој е ефектот на полицискиот час од 16?
Пред да биди карантинот се правеа по 50 тестови денот затоа беа тие бројки, сега бројката на тестови е 10 пати поголема, и кога ќе се земи тој факт значи има резултати од карантинот и тоа големи.
 
Да речиме брачен пар живеј самостално во некој стан. Двајцата одат на работа од понеделник до петок од 8 до 16. Кога ќе испазарат?
Ајде сега да не претеруваме, ем сите имаат време на пауза да излезат, ем врие маркети што имаат онлајн порачка и достава. Затворија кафичите на улица Македонија, на пауза може да испазарат месго да лигават макијато.
 
Баш пред да се појави корона вирусот читав за овој, типот имал некој чудни ставови последниве години контра научната фела. Пишувал трудови за хомеопатија и тн.
Можно е да пролупал во меѓувреме, ништо чудно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom