- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.703
- Поени од реакции
- 9.307
Мене ништо не ми смета зошто си го организирам времето и со работата и со пазарењето, најлесно е да се кука по форуми дека нешто не чини а да не се даде конкретен пример како да се подобри. Кога сум работела и паралелно учела за на факултет за сесија не сум излегувала и подолго време. Да го направат полицискиот час за пензионери како што викаш ти, пак нема да чини и пак ќе се најде причина зошто е лошо да биде продолжен полицискиот час.
Кога сме кај пензионери, во Словенија а и во околните држави изгледа забраните ќе продолжат до крајот на годината а не па да се олабават.
Пикот е претпоставка, каде си видел ти во епидемија некој да гарантира кога ќе биде? Ако може да ти гарантира кога ќе биде, значи дека може и да ја реши епидемијата
Кога си со партнер, дечко/девојка, можете и да се менувате кој да оди до маркет. Сигурно не одите во маркет секој ден, јас живеам сама и товарам кола еднаш месечно, знам и брачни парови што го прават истово. Мислам дека само во Македонија остана навиката да се оди во продавница 3 пати на ден затоа што се нема попаметна работа.
Не знам што работиш ама сигурно немаш работа од 5 сабајле до 16 попладне константно. Не го мешај Скопје во приказнава, да знаеш каков локален биртијашки маркет во Ѓорче сестра ми ми кажа дека работат со достава, ќе си го избришеш постот![]()

Кривично ќе се гони групирањето на повеќе од пет лица и непочитувањето на држење растојание од два метри
Со цел поголемо почитување на мерките и намалување на потребата од воведување нови рестрикции, на оваа седница Владата го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на...

Како ќе се држи растојание од 2 метри во такси или ЈСП?