Коронавирус (COVID-19)

Член од
17 август 2011
Мислења
10.270
Поени од реакции
18.242
Абе и без вирусот глуп човек е глуп човек, ене ги децата на комшиите денес цел ден со топката лупаат надвор голи,боси, небаре петровден е ,ќе се испоразболат, не мора корона да е,ниту ги гледа некој ниту ги прати.
Се е до свесноста на родителите, порано се знаеше бе, кога ќе свикаа старите сите сус дома, сега ни мајка ни татко поштова некој, демократија сакавме :)
А што им смета ако играат надвор и не се мешаат со други луѓе? Деца се, не се знае колку ќе трае ова. Колку време ќе ги држиш дома?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Ако веднаш ограничат колку што сакате народот ќе се истепа по маркетите и тие нема да можат да се справат. Од оние што се до 16:30 или 17:00 на работа ќе има навала за сите да пазарат и до 18:00 да се вратат дома.

Ако мерката се спроведе на дело барем ќе ги растераат вечерните собиранки.

Најпрво требаше да ги средат старите, дозволено движење од 6 сабајле до 12 попладне или цел ден, ама не подалеку 200 метри од дома.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Не е секаде исто во Германија, мерките се одлука на секоја сојузна држава. Во Баварија има построги мерки и забрани, во останатите не баш. Сепак свеста е на многу повисоко ниво откако сфатија дека не е баш заебанција работава, па сите седат дома викендов и без казни и мерки. Во маркетите има линии на каса на секои 2 метри каде да стои човек, продавачите на каса сите имаат плексиглас околу себе и не фали ништо во маркет, бар кај мене.
Можно е утре да донесат построги мерки и забрани на федерално ниво за цела Германија, ама ако се држат како денес што видов, можеби и нема да се потребни. Буквално 180° промена од пред 2-3 дена.
Исто критично болните од Франција ги носат во германски болници поради поголемите капацитети...се надевам Германија ќе биде стабилизирачка компонента во сево ова, а не жариште. Понатаму ако бројките се стабилизираат ќе помагаат и на останатите.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.858
Меркиве ви се горе долу океј (можеби порано требало некои потези да се направат), само што за народ (уродени со Цаци, Маци, Шпаци, Аголиевци, со тие од Дебар, од Сингелиќ, со дебилите од Штип и слични кои се прикриваат и лажат) без осет и свест треба рака сатар.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.434
Поени од реакции
9.106
Ако веднаш ограничат колку што сакате народот ќе се истепа по маркетите и тие нема да можат да се справат. Од оние што се до 16:30 или 17:00 на работа ќе има навала за сите да пазарат и до 18:00 да се вратат дома.

Ако мерката се спроведе на дело барем ќе ги растераат вечерните собиранки.

Најпрво требаше да ги средат старите, дозволено движење од 6 сабајле до 12 попладне или цел ден, ама не подалеку 200 метри од дома.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
маркетите се лесни за контрола, наместо полицајците пијат кафе во некоја кладилница ќе ги пуштиш во маректите да бидат присутни, касиерите нема да дозволуваат повеќе од два продукти и приказната е завршена, вечерните собиранки се најмал проблем.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ова со ракавиците и маските е жива смешка како се употребуваат. Ако не Корона вирус, сигурно ќе закачат нешто друго или некоја бактерија поради неправилно користење. Тие се за една употреба а не да ги носиш цел ден и да пушиш цигара со нив и маската сто пати извади па стави. Бар кога си со голи раце ти текнува да ги измиеш или дезинфицираш од време на време, вака со ракавиците цел ден се таложат бактерии на нив и несвесно ќе се пипнеш за лице. А дефинитивно најинтересни ми се тие што ја носат маската само на уста и со откриен нос :D
На некои работни места ограничени сме на еден пар дневно...а кај е пауза за јадење, вода да се напиеш, вц и слично...па некои и така си работат.Цигара пауза со нараквици и маската спуштена.

Патем, читав некои доктори се жалеле зошто други освен нив користат заштитна опрема.
Па во маркети, пошта, банки, таксисти, патарини, гранични премини, јавен превоз, дистрибутери...
Сите кои работат со голем број клиенти и(ли) готовина сериозно се потребни.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Ова е за тие неиживеаните што се собираат и прават забави, како и за оние малски ликови што дремат со 2л пиво на клупа.
Ако стават од 18 ќе има проблем со враќање од работа. Многу фирми работат сега со скратено работно време до 18часот. Плус на овие од администрација што се враќаат по другиве градови ќе им треба време.
Ма да ширење вака не се сопира. Преку ден сите на работа, контакт со милион луѓе, тука е главниот проблем. Ама не е само Македонија, скоро сите држави немаат забрана за движење преку ден.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Дечки, немој да се навредите ама некои пишувате ко 7 годишни деца кои играаат Sims и Rome Total War.

Не е ова Симс, не можеш тукутака да лупнеш полициски час кој ќе трае повеќе од 10 саати. Тоа ќе доведе до тотален колапс на системот или production and supply chain што би рекле на странски јазик. И тек тогаш ќе настане апсолутен хаос во државата.

Мора прво да им дадеш бар неколку дена на дејностите кои работаат ноќе да се прилагодат.

Нејсе, полициски час не е решение за проблемов. Нема поента, макар и бил од 17 до 07. Не е ова војна па да почне да се пука навечер.

Напротив, сега ќе се стори УШТЕ ПОГОЛЕМА ГУЖВА ПРЕКУ ДЕН. Сите ќе трчаат да завршат све пред да почне полицискиот час. Уште поголеми услови за ширење на вирусот.

Вирусот најмногу се шири преку ден, тоа е веќе факт што сите го знаат. Затоа треба редукција и модификација на секојдневието. Треба фабриките да работат со редуциран кадар по смени, треба да се движи само човек кој ќе има пропусница дека оди на работа. Тие јапонски мерки само ќе ни помогнат да не отидеме во небеси со заразеност.

Ама како да ја свртиш најмногу од Се, е потребна С В Е С Т. Ебана човечка свест. Да преку ден се движат само луѓе кои одат на работа, и да го фатиш темпото „куча-посо“ стапката на ширење ќе се намали и контролира.

Но не, еве денес Скопје беше фулл со родители и деца кои шетаат НЕЗАШТИТЕНИ. Ајде разбирам дека нема маски, ама каде го пушташ детето без нараквици? Прво и основно не ни треба да го пуштиш детето да шета кајгоде у вакви услови а најмалку па без заштита да се испофаќа секаде. Или па тоа што некој погоре го пиша и јас го приметив, 3 цајкански коли на едно место со 10 цајкани собрани а на 3 раскрсници од таму дечурлаана се групира. Ниту народот се контролира, ниту тие што треба да го контролираат, го прават тоа.

Затоа ќе ни се ебе мајката во наредниов период.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.549
Поени од реакции
18.800
А што им смета ако играат надвор и не се мешаат со други луѓе? Деца се, не се знае колку ќе трае ова. Колку време ќе ги држиш дома?
Муабетот ми беше дека цел ден остаени на милост и немилост,голи буквално, голи, не мора корона да има.
Кога мора да се седи дома,мора да се седи дома.
Зима кога е шо му прат на децата, по паркови ли ги шетаат на снегојте.
Знајш кој има најмногу проблем со ова, тие кои немале никогаш време за своите деца, немале време ни да ги воспитаат, па сега децата им се неразбрани и не можат да доседат дома.
Има еден куп работи шо можат дома да се прават со деца, дури две пандемии малце ќе ни бидат, ама да не навлегуваме многу.
Денешно време кога имаат на располагање, таблети, телефони, неиграничен интернет, плејстејшни, кабелски програми со цртани,серии досадни им било, книги нека читаат,друштвени игри нека играат,нека цртаат.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.182
Вирусов е доказ дека човештвото е далеку од анархија и полабава власт, пред се и над се бидејќи совеста на луѓето не е sync-ната како внатре меѓу држави (слоеви на население) така и од држава до држава. Да не идам ептен офтопик ама после ова, веќе секоја разумна основа за било какво остварување овој анархистички идеал се закопува во земја. Може за 2 века кога ќе се синхронизираат сите индивидуи на планетата по совеста и емпатијата кон другиот, иако и тоа е скроз нереално пошто у основа сме малце по-advanced мајмуни и ништо повеќе.

Огромен дел, најголем би рекол од луѓето се преголеми егоисти и инхерентни социопати кои само глумат заедништво само кога треба да си го исперат прљавото и социопатско его. Ова посебно важи во вукојебинава.

Ајде, мислам стварно до некаде е океј па и разбирливо 1 или 2 пати по 1 саат максимум да се искочи надвор у неделата дури и во вакви услови (пред да бидам нападнат ќе кажам без претерување, преголеми собиранки, фама, сториња и курч), сепак НЕХУМАНО е да се седи дома, и тоа мора да се земе во предвид, бидејќи тешко да искочиме нормални од сево ова и да бидеме изолирани од сиот наплив на негативни информации во денот (а ги има многу). Ама претераа бе маму им ебам. Грам совест немаат луѓево бе.

Но, како и многу работи во државава, не можеш да оставиш ништо на волјата на стадото и со право, мора стапот да заигра.

Луѓево не ја сфаќаат сериозноста на сево ова... па зарем мора бе да ви ебам стоката да се сликате на кеј/парк/видиковец/водно или каде и да е?
Не ли можат барем еден ден да одморат со тоа?
Преку ден "hello spring" надвор или скари на тераса со музики и сите алтанати, а навечер #седидома активисти. Е заради тоа воведоа полициски час, се ви ебам по список. Па милион слики селфија чуда, за да се продолжи тој наш идиотски едноклеточен амебски и лицемерен фејкерско-инфлуенсерски мозок.

Да си седевте мирни, нит гужва ќе имаше, нит ќе реагираше полицијата, нит пак ќе имаше полициски час, кој евидентно ќе се продлабочи во наредниот период ако бројките на заразени растат. Да бевте разумни во искачањата надвор и да ги минимизиравте на 1 до 2 пати неделно, немаше да дојде до ова... ама не, мора преку ден здрав живот, навечер со пријатели...

Со тоа селфи што ќе го постирате морони едни, не покажувате дека имате баланс во животот, туку стварате слика и охрабрувате и други луѓе ("штом може он/она, можам и јас", "ќе си искочам бе што ги ебам, види ги оние XYZ 100 пати искочија"). И со тоа ги мочате сите ваши "искрени заложби за седење дома" кои се активираат навечер.

Но, не е само тоа, идење до маркети за ситниш секој ден, без никаков осет... вчера човек во маркет дојде за 2 ФАКИНГ КЕСИЧКИ КЕЧАП ЕЈ.

Градежните активности во Аеродром не престануваат. Мислам дека коронава да имаше ефекти како у The Walking Dead, пак ќе си продолжат да шљакаат тоа бетонот се им ебам криминално.

Фабрикиве колку што гледам исто, со пуно темпо си шљакаат и они, на многу места без заштита.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Не е секаде исто во Германија, мерките се одлука на секоја сојузна држава. Во Баварија има построги мерки и забрани, во останатите не баш. Сепак свеста е на многу повисоко ниво откако сфатија дека не е баш заебанција работава, па сите седат дома викендов и без казни и мерки. Во маркетите има линии на каса на секои 2 метри каде да стои човек, продавачите на каса сите имаат плексиглас околу себе и не фали ништо во маркет, бар кај мене.
Можно е утре да донесат построги мерки и забрани на федерално ниво за цела Германија, ама ако се држат како денес што видов, можеби и нема да се потребни. Буквално 180° промена од пред 2-3 дена.
Исто критично болните од Франција ги носат во германски болници поради поголемите капацитети...се надевам Германија ќе биде стабилизирачка компонента во сево ова, а не жариште. Понатаму ако бројките се стабилизираат ќе помагаат и на останатите.
Нема да се потребни построги мерки, за само неполни 24 часа се сменија работите, вчера петок имаше многу движење и работа тука, за само после еден ден односно денеска да нема жив човек по улици како и што пишав пред малку. 4 пати помала заработувачка од вчера, по тоа ќе видиш колку малку имало денеска движење.
Не знам на што се должи оваа промена, дали од почитување на мерките или страв од истите ама навистина се смени се.

А вчера се опуштија, до 3 саатот додека работеше и ресторанот(после 3 работи само драјв) имаше многу гужва како што и имало секој петок.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom