Вирусов е доказ дека човештвото е далеку од анархија и полабава власт, пред се и над се бидејќи совеста на луѓето не е sync-ната како внатре меѓу држави (слоеви на население) така и од држава до држава. Да не идам ептен офтопик ама после ова, веќе секоја разумна основа за било какво остварување овој анархистички идеал се закопува во земја. Може за 2 века кога ќе се синхронизираат сите индивидуи на планетата по совеста и емпатијата кон другиот, иако и тоа е скроз нереално пошто у основа сме малце по-advanced мајмуни и ништо повеќе.
Огромен дел, најголем би рекол од луѓето се преголеми егоисти и инхерентни социопати кои само глумат заедништво само кога треба да си го исперат прљавото и социопатско его. Ова посебно важи во вукојебинава.
Ајде, мислам стварно до некаде е океј па и разбирливо 1 или 2 пати по 1 саат максимум да се искочи надвор у неделата дури и во вакви услови (пред да бидам нападнат ќе кажам без претерување, преголеми собиранки, фама, сториња и курч), сепак НЕХУМАНО е да се седи дома, и тоа мора да се земе во предвид, бидејќи тешко да искочиме нормални од сево ова и да бидеме изолирани од сиот наплив на негативни информации во денот (а ги има многу). Ама претераа бе маму им ебам. Грам совест немаат луѓево бе.
Но, како и многу работи во државава, не можеш да оставиш ништо на волјата на стадото и со право, мора стапот да заигра.
Луѓево не ја сфаќаат сериозноста на сево ова... па зарем мора бе да ви ебам стоката да се сликате на кеј/парк/видиковец/водно или каде и да е?
Не ли можат барем еден ден да одморат со тоа?
Преку ден "hello spring" надвор или скари на тераса со музики и сите алтанати, а навечер #седидома активисти. Е заради тоа воведоа полициски час, се ви ебам по список. Па милион слики селфија чуда, за да се продолжи тој наш идиотски едноклеточен амебски и лицемерен фејкерско-инфлуенсерски мозок.
Да си седевте мирни, нит гужва ќе имаше, нит ќе реагираше полицијата, нит пак ќе имаше полициски час, кој евидентно ќе се продлабочи во наредниот период ако бројките на заразени растат. Да бевте разумни во искачањата надвор и да ги минимизиравте на 1 до 2 пати неделно, немаше да дојде до ова... ама не, мора преку ден здрав живот, навечер со пријатели...
Со тоа селфи што ќе го постирате морони едни, не покажувате дека имате баланс во животот, туку стварате слика и охрабрувате и други луѓе ("штом може он/она, можам и јас", "ќе си искочам бе што ги ебам, види ги оние XYZ 100 пати искочија"). И со тоа ги мочате сите ваши "искрени заложби за седење дома" кои се активираат навечер.
Но, не е само тоа, идење до маркети за ситниш секој ден, без никаков осет... вчера човек во маркет дојде за 2 ФАКИНГ КЕСИЧКИ КЕЧАП ЕЈ.
Градежните активности во Аеродром не престануваат. Мислам дека коронава да имаше ефекти како у The Walking Dead, пак ќе си продолжат да шљакаат тоа бетонот се им ебам криминално.
Фабрикиве колку што гледам исто, со пуно темпо си шљакаат и они, на многу места без заштита.