Не претеруваш, во право си. Овие луѓе се оперирани од осет. Цело време се потенцира за медицинските работници да не доаѓаат на работа во случај ако се настинати, и тоа е сосема во ред, а што е со настинатите пациенти? Не знам само колку пати се имам разболено затоа што болни и грипосани без пардон ми кивале и ми кашлале директно во лице. Особено сега ме фаќа фрка, откако една жена, во придружба со колешка, беа во Стокхолм по болниците. Како ние сме заштитени како работници? „Мијте ги рацете“. Шведска, социјалистичка држава, мај ес!
Моментално сум бремена, вчера разговарав со бабицата и ѝ дадов до знаење дека ми е страв да не се разболам. Не ради мене, да беше за мене воопшто немаше да паничам... Ми рече: не можеш ништо да направиш околу тоа, миј ги рацете. А јас со цел памет очекував да ми даде зелено светло за боледување.
Јас ќе пцујам!
Ќе испадне да треба да лажеме дека сме многу настинати за да имаме добра причина за изолација.