Пишав сношти во Дежурна ординација бидејќи имав проблеми со крајникот. ( мм понеделникот доби позитивен резултат ).Вчера се јавив на доктор, со моменталната слика што ја имав имав зелено светло да посетам клиника, бидејќи ме болеа и ушите и крајниците при голтање. Ама беше веќе касно да одам и реков ајде денес.
Вчера цел ден бев со температура од 37,3 - 37,7 , она најлошата што ти го дроби организмот. Пред спиење ми се качи на 38,3 , направив гаргара, се напив витамин ц и си легнав, му реков на мм пред спиење да ме провери ако имам повисока тт да ме разбуди да се напијам парацетамол. Среќа не кренав, спиев 12 саати рамно и сабајлево станав и се осеќав многу подобра, немав толку голема болка во грлото и температурата ми беше 36,9 . Арно ама со оваа слика не се квалификувам за посета на доктор. Сега грлото не ми е толку проблем како вчера, немам толку голема болка, температура 37,2 , ама се осеќам ко камион да ме поминал. Секој дел од телото ме боли, посебно нозете, се осеќам поспана ама најфрустрирачки ми е што не можам да заспијам. Ме заморува и кога гледам тв, осеќам дека ми се спие ама како да не ми дава телото да заспијам. Немам болки во гради, немам кашлица, само болка во грло и оваа изнемоштеност.
Пошо мм има позитивен тест препорака е јас да не се тестирам туку да претпоставам дека сум заболена. Тој помина многу лесно, имаше само недостаток на мирис/вкус и изнемоштеност два три дена, температура мислам 37,3 најмногу. Земам вит. ц, д и цинк, пијам течности и супи, некоја препорака за овој глуп замор или барем нешто да ми помогне да заспијам?